• Филтратот од слуз од полжав е познат по своите анти-ејџинг својства. Тој го стимулира формирањето на колаген и еластин, ја штити кожата од слободни радикали, ја смирува иритацијата, помага во обновување на оштетените ткива и на кожата ѝ ја враќа потребната влажност. Помага при третирање на сува кожа, брчки, стрии, акни, старечки дамки, лузни и т.н. Тој содржи хранливи материи како хиалуронска киселина, гликопротеини, протеогликани и пептиди кои се корисни за кожата.
• Пчелиниот отров го стимулира создавањето на колаген со што ја зајакнува структурата на кожата и помага во отстранување на лузните од акни. Отровот ги стимулира мускулите на лицето за природен ефект против стареење со зацврстување на епидермалниот слој на кожата и измазнување на ситните линии и брчките.
• Ниацинамидот исто така познат како витамин Б3 или никотинска киселина е многу ефикасна состојка за обновување на кожата и има повеќе придобивки против стареењето на кожата и хиперпигментацијата. Тој има способност за видливо подобрување на состојбата на кожа со зголемени пори, нерамномерен тен, ситни брчки, уморен изглед и ослабен површински слој.
• EGF (епидермален фактор на раст) или sh-Oligopeptide-1 е пептид кој ја стимулира делбата на епидермалните клетки и го забрзува ритамот на регенерација на кожата со што побрзо се отстранува оштетеното ткиво, а кожата станува помазна.
• Хијалуронска киселина, која длабински го надополнува количеството на вода кое ѝ е потребно на кожта.
• Аденозин, анти-ејџинг состојка која помага во бришење на знаците на стареење и отстранување на ситните брчки.
• Пантенол, кој на кожата ѝ ја обезбедува потребната влажност и помага во нејзиното задржување.
• Вода од лист од чајно дрво, познато по своето антиинфламаторно и антибактериско дејство.
• Вода од лист од зелен чај, богат со антиоксиданти кои кожата ја штитат од слободните радикали и предвремено стареење.
• Екстракт од корен на црвен слез, кој има заздравувачко и смирувачко дејство.
• Екстракт од алое вера, кој ја смирува кожата и го намалува воспалението и иритацијата.
• Азиски плантаго, познат по своето својство да ја чисти кожата