399 ден Original price was: 399 ден.319 денCurrent price is: 319 ден.
Нема на залиха
За да го спречите предвременото стареење на кожата неопходно е да ја заштитите од штетното UV зрачење, кое е присутно не само во лето и на сончево време, туку е присутно и во зима и кога времето е облачно.
Штетните UV зраци предизвикуваат оштетување на кожата, ја забрзуваат појавата на брчки, предизвикуваат појава на флеки, а прекумерната изложеност може да предизвика и малигни заболувања на кожата.
За целосна заштита на вашата кожа ви го препорачуваме Clean Ocean Moisture Sunscreen на корејскиот бренд Beplain. Тоа е крем со заштитен фактор SPF50+ PA++++ кој пружа силна заштита од UVA и UVB зраците, но е нежен со кожата.
Пријателски е кон коралните гребени и морскиот жив свет, бидејќи не содржи состојки кој им штетат. Спакуван е во 100% биоразградлива амбалажа.
Ја одржува хидратацијата на кожата и и дава свеж финиш. Има лесна брзо впивлива текстура и не остава леплива трага дури и по нанесување во неколку слоеви. Не остава бела трага и е некомедоген.
Тоа е функционална козметика со тројна функција:
Тоа е производ кој не предизвикува иритација, докажано со завршено тестирање. Составен е од состојки со највисоко ниво на безбедност според EWG означени со зелено и сертифициран за безбеден од EWG. Производот е вегански и cruelty free.
399 ден Original price was: 399 ден.319 денCurrent price is: 319 ден.
Нема на залиха
MATRIGEN Tone Up Liquid Sun Cream е професионален производ за заштита од сонце од новата генерација, кој ги комбинира физичките и хемиските филтри за да обезбеди повеќестепена заштита од UVA и UVB зраците. Неговата уникатна лесна и течна текстура рамномерно се распоредува на кожата, обезбедувајќи моментална хидратација и природен „Tone-Up“ ефект – суптилно осветлување и здрав сјај без бели траги. Флуидот не остава лепливо чувство, правејќи ја кожата кадифена на допир, што го прави совршен избор за секојдневна употреба, самостојно или како подлога за шминка.
Овој крем нуди решение за сите кои бараат сигурна заштита од сонцето, но сакаат да избегнат тешки и мрсни текстури. Идеален е за безживотна кожа на која и недостасува енергија, за кожа со нерамномерен тен, како и за чувствителна кожа склона кон иритации. Благодарение на комбинацијата од филтри, производот обезбедува моќен штит против фотостареењето, додека истовремено ја смирува и ја обновува кожата во текот на целиот ден.
Комбинираниот систем на филтри и ниацинамидот се во центарот на оваа формула. Системот на современи филтри гарантира максимален спектар на заштита, додека ниацинамидот активно работи на осветлување на пигментацијата, изедначување на микрорелјефот и зајакнување на заштитната бариера, давајќи му на лицето свеж и негуван изглед.
Содржи егзозоми (Extracellular Vesicles), биотехнолошка иновација со голема ефикасност. Тоа се микроскопски „паметни“ гласници кои продираат многу подлабоко од обичните растителни екстракти. Егзозомите во овој крем вршат активна клеточна комуникација. Тие испраќаат сигнали до кожата да се регенерира, ги поправаат оштетувањата на ДНК на клетките и го зајакнуваат имунитетот на кожата. Ова е буквално „нега на иднината“ во SPF производ.
Комплексот на Центела има терапефтско дејство. Производот содржи четири чисти состојки од центела мадекасозид, азиатикозид, азијатична киселина и мадекасинска киселина. Ако имате активни воспаленија, акни или чувствителни места, овие состојки активно ги лекуваат во моментот кога сонцето најмногу се обидува да ги иритира.
Има течна формулација со масло од Limnanthes Alba (medowfoam). Ова масло има уникатен состав на масни киселини кои се екстремно стабилни на топлина (не оксидираат на сонцето како некои други масла). Тоа ја прави текстурата течна и оставаат да „дише“, давајќи му на лицето сјај кој не изгледа мрсно, туку како здрава, хидрирана кожа.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
Начин на употреба: Користете го како последен чекор од утринската рутина за нега. Нанесете соодветна количина од флуидот на исчистена и хидрирана кожа на лицето, вратот и деколтето, 15-20 минути пред изложување на сонце. Распоредете рамномерно со нежни движења до целосно впивање. При подолг престој на директно сонце, се препорачува обновување на заштитата на секои 2 часа.
TIRTIR Mask Fit Red Cushion е течна пудра со перниче со совршена покривност и долготрајност.
Откријте ja TIRTIR Mask Fit Red Cushion – хидратанна и лесна cushion пудра (течна пудра со перниче) која обезбедува целосна покривност со природен, полу-мат финиш. Формулата се нанесува рамномерно, ги изедначува тоновите на кожата, ја хидрира и обезбедува долготрајна удобност без чувство на тежина.
Клучни карактеристики:
Создадена за оние што бараат совршен баланс помеѓу покривност, хидратација и природен изглед.
Обезбедува беспрекорно покривање до 72 часа во 40 инклузивни нијанси и истовремено хидратира, ги замаглува порите, го изедначува тенот и без напор прикрива, со лесна формула што е дерматолошки тестирана и идеална за чувствителна кожа, на која ѝ веруваат експертите и е создадена за секого.
Зошто да го изберете TIRTIR Mask Fit Red Cushion?
TIRTIR Mask Fit Red Cushion е течна пудра со перниче со совршена покривност и долготрајност.
Откријте ja TIRTIR Mask Fit Red Cushion – хидратанна и лесна cushion пудра (течна пудра со перниче) која обезбедува целосна покривност со природен, полу-мат финиш. Формулата се нанесува рамномерно, ги изедначува тоновите на кожата, ја хидрира и обезбедува долготрајна удобност без чувство на тежина.
Клучни карактеристики:
Создадена за оние што бараат совршен баланс помеѓу покривност, хидратација и природен изглед.
Обезбедува беспрекорно покривање до 72 часа во 40 инклузивни нијанси и истовремено хидратира, ги замаглува порите, го изедначува тенот и без напор прикрива, со лесна формула што е дерматолошки тестирана и идеална за чувствителна кожа, на која ѝ веруваат експертите и е создадена за секого.
Зошто да го изберете TIRTIR Mask Fit Red Cushion?