Високо хидратантен, овој тоник е збогатен со 77% екстракт од Houttuynia cordata заедно со други состојки од EWG зелена класа како пантенол и цика за смирување и заштита на чувствителната кожа од надворешни иритации. Неговата благо кисела pH вредност помага во одржувањето на рамнотежата масло-влажност на кожата. Не предизвикува иритација и содржи 11 видови состојки од EWG Green Grade кои се погодни за сите типови кожа.
Како да се користи?
По чистењето, нанесете умерена количина на лицето и лесно тапкајте за подобра апсорпција.
Главни состојки:
Екстракт од Houttuynia Cordata (77%), прочистена вода, 1,2-хександиол, глицерин, бетаин, пантенол, екстракт од Saccharum Officinarum (шеќерна трска), екстракт од Portulaca Oleracea, бутилен гликол, екстракт од Vitex Agnus-Castus, екстракт од цвет од Chamomilla Recutita (Matricaria), екстракт од корен од Arctium Lappa, екстракт од Phellinus Linteus, екстракт од плод од Vitis Vinifera (грозје), екстракт од плод од јаболко, екстракт од Centella Asiatica, изопентилдиол, метилпропандиол, кросполимер од акрилати/C10-30 алкил акрилат, трометамин, динатриум EDTA
Snail Bee High Content Skin е тонер од линијата за нега со филтрат од слуз од полжав висока концентрација и пчелин отров, кој ја одржува кожата хидрирана и мазна. Одговара на сите типови кожа, но поради своите регенеративни и антибактериски својства посебно се препорачува и за многу чувствителна кожа. Исто така помага во намалување на постинфламаторната хиперпигментација.Во својата формула содржи растителни екстракти како што се екстрактот од лист од Camellia sinensis и екстракт од чајно дрво, Melaleuca alternifolia, кои се одлични природни антиоксиданти кои помагаат во подобрувањето на текстурата на кожата и враќањето на нејзината природна виталност. Клучни активни состојки на оваа формула се филтратот од слуз од полжав, отровот од пчела и sh-олигопептидот-1 уште нарече епидермален фактор на раст (Epidermal Grow Factor EGF). Тие се познати по своите анти-ејџинг својства и помагаат во регенерирање на кожата.
По чистењето на лицето, втор клучен чекор во третманот за нега во корејската рутина е нанесувањето на тонер кој се сретнува под различни називи (Skin/Toner/Bооster) зависно од брендот. За разлика од тониците на кои сме навикнати и кои се користат за чистење и освежување на кожата, тонерите во корејската рутина за нега на кожата се наменети да ја хидрираат кожата и да ја подготват за подобра апсорпција на другите производи за нега. Тие со својата лесна текстура навлегуваaт во длабоките слоеви на кожата, ја ревитализираат од внатре, ја снабдуваат со потребните хранливи материи и ја балансираат нејзината pH вредност.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Тонерот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Snail Bee High Content тонерот е дерматолошки тестиран.