1.690 ден Original price was: 1.690 ден.1.521 денCurrent price is: 1.521 ден.
Lip Sleep – Balancium Ceramide Lip Butter Sleeping Mask на COSRX e вистински мелем за сувите и испукани усни.
Кремастата, мека текстура налик на путер нежно се топи и се впива во кожата на усните, формирајќи нежен нелеплив слој кој ги штити и негува усните.
Комбинацијата на церамиди и шиа путер формира совршена заштитна бариера. Помага во регенерација и заздравување на оштетувањата штитејќи ги усните од сувост, правејќи ги видливо помазни и поздрави.
Клучни состојки:
Церамидите се липиди кои сочинуваат до отприлика 50% од липидите на кожата за да формираат природна кожна бариера.
Всушност церамидите се лепилото што ги држи клетки на кожата заедно за да ја одржи кожната бариера здрава. Здравата кожна бариера помага да се спречи губењето на влажноста влагата и да се спречат штетните влијанија.
1.690 ден Original price was: 1.690 ден.1.521 денCurrent price is: 1.521 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Cloudy Mist е ултра-фин хидратантен спреј за лице кој инстантно ѝ дава на кожата влажност, сјај и освежувачки ефект.
Спрејот е збогатен со 8 типа на хијалуронска киселина за долготрајно задржување на влагата и вода од зелен чај (Camellia Sinensis Leaf Water), која е богата со антиоксиданси за обновување и заштита на кожата. Присуството на ксилитол обезбедува моментално ладење на кожата, што го прави идеален за топлите денови или како брзо освежување. Дополнително, формулата содржи и Ceramide NP, церамиди во форма на наночестички за зајакнување на кожната бариера.
Хијалуронската киселина е застапена во серумот во осум различни молекуларни тежини, што обезбедува повеќеслојна и подлабока хидратација на кожата. Оваа иновативна комбинација им овозможува на молекулите да делуваат на сите нивоа, од површината до длабоките слоеви на дермисот. Поголемите молекули формираат хидратантна бариера на површината, спречувајќи го губењето на влажност, додека помалите, ниско-молекуларни форми продираат во подлабоките слоеви за да ја пополнат и хидрираат кожата одвнатре. Со тоа се постигнува долготрајна хидртација на сите слоеви на кожата, кожата е визуелно пополна, поеластична и заштитена од дехидратација.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 хидратантен спреј (мист) е наменет за сите типови кожа, вклучувајќи нормална, сува и чувствителна кожа, и е идеален за секој што бара брз начин за зголемување на сјајот и борба против сувоста во текот на денот. Може да се користи како тонер, пред шминка или за брзо смирување на иритацијата.
Начин на употреба: Држете го спрејот на растојание од 20 до 30 cm од лицето. Притиснете го диспензерот 1 до 2 пати за да ја испрскате ултра-фината магла рамномерно. Оставете го производот да се апсорбира природно. Може да се користи во секое време од денот, пред или по шминкање, или за брзо освежување.
SKIN1004 Madagascar Centella Teca Ampoule е лесна, концентрирана ампула наменета за чувствителна, сува и иритирана кожа. Формулата со високо прочистениот CENTELLA TECA™ комплекс помага во интензивно смирување и обновување на кожата, додека растителниот PDRN, пептидите и аденозинот придонесуваат за помазен и поеластичен изглед. Полиглутаминската киселина, натриум хијалуронатот и глицеринот обезбедуваат долготрајна хидратација, а церамидот помага во зајакнувањето на кожната бариера.
Бенефити:
• Интензивно ја смирува чувствителната и иритирана кожа
• Помага во обновување на кожата по иритација
• Обезбедува длабинска и долготрајна хидратација
• Ја зајакнува ослабената кожна бариера
• Го намалува чувството на сувост и затегнатост
• Помага во подобрување на текстурата и еластичноста
• Придонесува за намалување на видливоста на фините линии
• Има лесна текстура која брзо се впива
Употреба: Нанесете соодветна количина на чиста кожа и рамномерно распоредете ја на лицето. Нежно тапкајте до целосна апсорпција. За поинтензивно смирување и хидратација, нанесете два до три тенки слоја, оставајќи секој слој да се впие пред нанесувањето на следниот.