1.550 ден Original price was: 1.550 ден.1.240 денCurrent price is: 1.240 ден.
Нема на залиха
1.550 ден Original price was: 1.550 ден.1.240 денCurrent price is: 1.240 ден.
Нема на залиха
𝗣𝗜𝗡𝗞 𝗦𝗛𝗜𝗘𝗟𝗗 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој има антиоксидантни и навлажнувачки својства и помага во регенерацијата на кожата и намалување на фините линии.
Формулата која комбинира ретинол со масло од шипка помага да се изедначи тонот на кожата, да се минимизираат порите и да се подобри тенот. Видливо ја подобрува состојбата на кожата оставајќи ја да изгледа свежа и здрава.
Има свилена и лесна текстура која е совршена за сите типови кожа.
Маслото од шипка е богато со активни состојки како витамините Ц, А, Б, Е и П, флавоноиди, амино киселини, каротеноиди и масни киселини како омега 3, 6 и 9, благодарение на кои има способност да ја навлажнува и храни кожата. Исто така ја ревитализира уморната кожа, ја зајакнува нејзината бариера, ја подмладува, ги намаува брчките и ја спречува појавата на нови.
Ретинолот е дериват на витаминот А. Toa e антиејџ состојка која го забрзува циклусот на обновување на клетките и со тоа ги намалува брчките, а кожата ја прави помазна, посјајна и со порамномерен тен.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесете секојдневно по чистење на лицето, на сува кожа на лицето, вратот и деколтето. Масирајте нежно додека целосно не се апсорбира.
Инстант решение за сувата, дехидрирана и испукана кожа, тука е Ceramide Cream на корејскиот бренд Tisha!
Tisha Ceramide Cream има богата содржина на церамиди. Во комбинација со делотворните растителни екстракти и масла ја обновуваат и зајакнуваат нарушената кожна бариера со што го спречува губењето на влажноста и ги намалува чувствителноста и иритацијата. Тоа е крем кој на кожата ѝ пружа долготрајна хидратација која трае во текот на целиот ден, 24 часа.
Ја подобрува еластичноста на кожата, ги намалува брчките и го подобрува тенот.
Церамидите се липиди кои се наоѓаат во клетките на кожата и сочинуваат до 50% од надворешниот слој на кожата, епидермисот. Тие се важни за задржување на влажноста на кожата и спречување на влез на бактерии во телото. Ако содржината на церамиди се намали, кожата може да дехидрира и да развие проблеми како сувост и иритација.
Церамидите играат важна улога во функцијата на бариерата на кожата, која служи како прва линија на одбрана на телото од надворешното загадување и токсините.
ДЕЈСТВО