2.999 ден Original price was: 2.999 ден.1.949 денCurrent price is: 1.949 ден.
Моќен крем за подмладување со висока концентрација на PDRN.
2.999 ден Original price was: 2.999 ден.1.949 денCurrent price is: 1.949 ден.
Toa е специјален хидратантен крем формулиран да ги таргетира знаците на стареење, како што се фините линии и брчките. Ретинолот е облик на витамин А за кој се покажало дека го подобрува изгледот на кожата. Овој хидратантен крем содржи и хијалуронска киселина која помага да се одржи кожата хидрирана и полна, што може да го минимизира појавувањето на фини линии и брчки, женшен за да осветли и да ѝ даде на кожата позатегнат изглед. Зелениот чај ја ревитализира и навлажнува кожата. Тој е богат со антиоксиданти, кои можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување предизвикано од стресот од околината.
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Moisture Cream е лесен, но моќен хидратантен крем кој е дизајниран да обезбеди длабинска хидратација на кожата што трае до 100 часа. Овој корејски хидратантен крем ја користи синергијата на Hyalu-Cica формулата – комбинација од Centella Asiatica од Мадагаскар за смирување и моќна хијалуронска киселина за хидратација. Кремот има средно лесна текстура која лесно се апсорбира во кожата, оставајќи воздушен и хидратантен финиш без никаква лепливост или чувство на тежина.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучна посебност на оваа формула е присуството на нискомолекуларен фито колаген (Hydrolyzed Collagen), добиен од растителни извори. Овој растителен колаген лесно се апсорбира, ја одржува и ја зголемува еластичноста на кожата, надополнувајќи ги сите недостатоци на корисни елементи. Комбиниран со 5 типа на хијалуронска киселина, кремот интензивно ја хидрира кожата на сите нивоа и ја зајакнува нејзината природна бариера.
Хијалуронската киселина е застапена со 5 различни молекуларни тежини, што обезбедува повеќеслојна и подлабока хидратација на кожата. Оваа иновативна комбинација им овозможува на молекулите да делуваат на сите нивоа, од површината до длабоките слоеви на дермисот. Поголемите молекули формираат хидратантна бариера на површината, спречувајќи го губењето на влажност, додека помалите, ниско-молекуларни форми продираат во подлабоките слоеви за да ја пополнат и хидрираат кожата одвнатре. Со тоа се постигнува долготрајна хидртација на сите слоеви на кожата, кожата е визуелно пополна, поеластична и заштитена од дехидратација.
Овој крем е идеален за нормална, сува и чувствителна кожа, како и за комбинирана кожа која бара долготрајна хидратација без масен остаток. Тој е совршен за оние кои сакаат да ја намалат иритацијата, да ја зајакнат бариерата и да постигнат помека, пополна и еластична кожа.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на исчистеното лице и вратот како последен чекор од рутината за нега. Нежно масирајте додека не се апсорбира целосно. Користете го наутро и навечер.
Се препорачува за чувствителна, мрсна или кожа склона кон акни, но и за сите останати типови кожа. Овој воден хидратантен крем е збогатен со природен сок од бреза за подобрување на нивото на хидратација на кожата, одржувајќи рамнотежа на маслото и водата и спречувајќи прекумерно производство на себум и понатамошни осипи. Резултатот е смирена кожа со подобрена текстура и тон.
Карактеристики Предности:
Лесен хидратантен лосион формулиран со 70,8% сок од бреза (сок од betula platyphylla japonica) кој ефикасно ја хидрира и смирува кожата. Содржи масло од лист од чајно дрво за одличен смирувачки ефект. Спречува губење на влага и обезбедува смирувачка нега за уморна, чувствителна кожа. Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна и кожа склона кон акни.
Начин на употреба: По чистењето и тонирањето, нанесете соодветна количина на лицето. Нежно тапкајте додека целосно не се апсорбира.