1.599 ден Original price was: 1.599 ден.528 денCurrent price is: 528 ден.
Нема на залиха
1.599 ден Original price was: 1.599 ден.528 денCurrent price is: 528 ден.
Нема на залиха
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
FAU Shiny Pumpkin Amino Therapy e интензивно хидратантен и протеински богат тонер.
Тоа е високо-концентриран хидратантен тонер создаден да ја надополни и смири кожата после ексфолијација. Со 85% екстракт од тиква и 17 аминокиселини во лесно апсорбирачка форма, овој тонер пружа интензивна нега и ја обновува кожната бариера, обезбедува длабока хидратација и го балансира pH нивото.
Формулата е специјално развиена за максимизирање на влажноста после користење на Pumpkin Peel, помагајќи во апсорпцијата на хранливите материи од екстрактот од тиква. Неговата нежна пенеста текстура ја остава кожата со природен сјај, ревитализирана и со свежина.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Со редовна употреба, кожата станува свежа, мазна и еластична, со природен здрав сјај.