1.599 ден Original price was: 1.599 ден.528 денCurrent price is: 528 ден.
Нема на залиха
1.599 ден Original price was: 1.599 ден.528 денCurrent price is: 528 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Essence Toner 210ml е тонер за зајакнување на бариерата на кожата.
Тоа е е богат тонер со конзистенција на есенција кој е дизајниран да ја смири и длабински да ја хидрира кожата, истовремено зајакнувајќи ја нејзината природна бариера. Овој корејски тонер комбинира иновативна Probio-Cica формула со ферментиран екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар што содржи пробиотици и церамиди за да обезбеди комплетна обновувачка нега. Тој има текстура која брзо се апсорбира, нудејќи ја хранливоста на есенција без чувство на лепливост.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулата содржи патентиран комплекс кој е одговорен за одржување на правилен микробиом и pH баланс на кожата, со што се зголемува отпорноста кон надворешните фактори. Содржи хијалуронска киселина со р различни молекуларни тежини кои продираат до различните слоеви на кожата за да обезбедат хидратација од подлабоките слоеи до површината. Содржи и Ceramide NP и фитостероли кои ја зајакнуваат и ја обновуваат оштетената кожна бариера. Ферментираната центела има и антибактериско дејство и го намалува воспалението.
Овој тонер е наменет за сува, нормална и комбинирана кожа, особено за оние кои имаат осетлива, иритирана или ослабена бариера. Тој е идеален за секој што бара производ со моќно хидрирачко и регенерирачко дејство кое истовремено делува и антиејџ.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од тонерот директно на дланката или на памучен тупфер и нанесете го производот. Ако го нанесувате со дланки нежно тапкајте или втријте го на лицето и вратот за да се апсорбира целосно. Може да го нанесувате со прбришување со памучен тупфер, што помага за нежна механичка ексфолијација. Користете како прв чекор по чистењето, наутро и навечер.
AIPPO Cicavita Soothing Pad се нежни тоник падови создадени за секојдневна нега на чувствителна, иритирана и уморна кожа. Формулата со центела, ниацинамид и бета-глукан помага кожата да се смири, освежи и хидрира, оставајќи ја помека, посвежа и поизбалансирана.
Придобивки:
Начин на употреба:
По чистење на лицето, нежно поминете со падот по кожата, избегнувајќи ја областа околу очите. Може да се користи наутро и навечер. Не се плакне. Продолжете со серум или крем.
Во потрага сте по тонер без есенцијални масла и без мирис? Дозволете да ви го претставиме Supple Preparation Unscented Toner, бестселер на популарниот корејски бренд Dear, Klairs. Тоа е тонер без мирис кој не содржи есенцијални масла, погоден за употреба кај сите типови кожа, а посебно кај чувствителната.
Овој тонер ја балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на целата рутина за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.
Има нежна гел текстура, брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација.
Овој хидратантен тонер е направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки. Производот е vegan friendly.