1.450 ден
1.450 ден
FAU Shiny Pumpkin Oil Serum е интензивен серум на база на природно масло од тиква, формулиран да обезбеди длабока хидратација, сјај и подобрување на еластичноста на кожата. Овој хранлив серум е збогатен со есенцијални витамини, антиоксиданси и природни масла кои ја штитат кожата од надворешни стресови и придонесуваат кон помазен и поцврст изглед. Маслото од тиква е богато со витамин Е и цинк, кои го поттикнуваат обновувањето на кожата и помагаат во намалување на знаците на стареење.
Покрај тиквата, формулата содржи и бакучиол како природна алтернатива на ретинол за подобрување на текстурата на кожата и изедначување на тенот, како и коензим Q10 (Hydroxydecyl Ubiquinone) за дополнителна антиоксидативна заштита. Alpha-Bisabolol, екстрактите од Eclipta Prostrata и Neem Leaf дополнително ја смируваат и ревитализираат кожата.
FAU Shiny Pumpkin Oil Serum создава заштитен слој што ја заклучува влагата во кожата, совршено балансирајќи ја хидратацијата и спречувајќи сушење и иритација. Благодарение на својата лесна и брзо апсорбирачка текстура, не остава масен траг и е погоден за сите типови кожа, особено за сува и дехидрирана.
Идеален е за:
Кожа со видлива сувост, грубост или дехидратација.
Лица што сакаат природен сјај и подобрена текстура.
Корисници што сакаат да ја зајакнат кожната бариера со природни масла и витамини.
Тие што бараат нежна, но ефективна алтернатива на ретинол.
Начин на употреба:
По чистење на лицето и нанесување тонер, нанесете 1-2 капки од FAU Shiny Pumpkin Oil Serum на дланките, загрејте ги со благо триење и нежно притиснете ги врз лицето за подобра апсорпција. Може да се користи самостојно или како последен чекор за заклучување на влагата во вечерната рутина. Исто така, може да се додаде неколку капки во крем или есенција за збогатување на нега.
FAU Shiny Pumpkin Peel Care Cream е крем-ноќна маска за домашен пилинг третман за свиленкасто мазна кожа.
Toa е концентриран пилинг крем што ви овозможува салонски третман во удобноста на вашиот дом. Благодарение на тројното делување на AHA, BHA и PHA киселиниte, ефикасно ги отстранува мртвите клетки, додека истовремено ја негува кожата со есенцијални аминокиселини кои помагаат во обновување и подобрување на текстурата.
Со редовна употреба, грубата кожа станува мазна, свиленкаста и здрава, додека процесот на регенерација се забрзува, правејќи ја кожата поотпорна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Shiny Pumpkin Peel Care Cream е совршен избор за оние што сакаат блескава, мазна и ревитализирана кожа, без потреба од агресивни третмани!
Core Intensive Collagen Velvet Mask е високо хранлива колагенска маска која ја зацврстува кожата и ѝ дава еластичност. Формулирана за да ја подобри цврстината и природниот сјај на кожата, оваа маска обезбедува длабока хидратација и ја зајакнува кожната бариера.
Благодарение на пептидниот комплекс со 5 пептиди, ја подобрува еластичноста и ја обновува кожата, додека Aquaxyl, патентирана состојка, создава интензивен хидратантен ефект кој трае долго. 7 вида хијалуронска киселина формираат хидратантен заштитен слој кој ја навлажнува кожата од површината до најдлабоките слоеви.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
По нанесување на тоник, поставете ја маската рамномерно на лицето. Оставете ја да делува 10-15 минути, потоа внимателно отстранете ја. Останатата есенција нежно втријте ја во кожата за максимален ефект.
Со редовна употреба, кожата станува поцврста, еластична и со здрав, блескав изглед.
Како до инстант ефект во намалувањете на отокот и темните кругови околу очите?
Слуз од полжав, 24K злато, пептиди, ниацинамид, колаген, хијалурон… звучи примамливо зарем не?
Потопени во висококонцентрирана есенција која длабински ја негува, ревитализира и осветлува кожата околу очите, правејќи ја свежа и еластична, моќта на Mizon Snail Repair Intensive Gold Eye Gel Patch лепенките за очи се должи на на исклучителната формула која содржи висока коцентрација на слуз од полжав, 24К злато, ниацинамид, пептиди, хијалурон и аденозин.
Благодарение на главните состојки овие хидрогел лепенки делуваат ефикасно во регенерација на кожата околу очите, во намалување на фините линии и спречување на појава на нови линии и брчки, осветлување на подрачјето околу очите и стимулирање на производство на колаген со цел кожата да биде еластична и позатегната.
Бенефит завашата кожа:
Зошто е потребна посебна нега на кожата околу очите?
Поради тоа што кожата околу очите е многу тенка, помалку отпорна на разни оштетувања и дразби и повеќе склона кон појава на фини линии и брчки како и отоци и промени во бојата.