370 ден Original price was: 370 ден.352 денCurrent price is: 352 ден.
370 ден Original price was: 370 ден.352 денCurrent price is: 352 ден.
Користете го FAU Star Glow Lip Plumper за инстант волумен и сјај за пополни, поатрактивни усни.
Добијте видливо пополни и дефинирани усни за неколку минути со FAU Star Glow Lip Plumper – сјај за усни со двојно дејство кој создава ефект како по третман со филери, без инјекции. Благодарение на термоактивната формула, производот генерира лесен ефект на загревање и ладење, што ja стимулира микроциркулацијата и резултира со природен волумен и сјаен финиш.
Зошто ќе го засакаш овој lip plumper:
Веднаш видлив ефект: Усните изгледаат пополни, подигнати и со нагласена форма по само едно нанесување.
Софистициран сјај: Обезбедува интензивен сјај кој ги прави усните визуелно поголеми и повпечатливи.
Хидратација и нега: Обогатен со ши путер, масло од авокадо и какао, го негува тенкиот слој на кожата на усните и спречува сушење.
Природни активатори: Capsicum екстракт и Vanillyl Butyl Ether создаваат безбеден и ефикасен ефект на полнење без иритации.
Клучни состојки: Vanillyl Butyl Ether, екстракт од пиперка (Capsicum), ментол, Shea путер, масло од авокадо, какао путер
Упатство за употреба: Нанеси го производот од внатрешниот дел на усните и полека разнеси го кон надворешниот раб. Може да се носи самостојно или над кармин.
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule е смирувачка ампула (серум) за проблематична кожа.
Оваа ампула е специјално формулирана за да пружи идеално решение за кожа склона кон акни и чести воспаленија. Овој корејски серум содржи импресивни 80% од Tea-Trica комплексот, кој претставува моќна фузија од вода од чајно дрво и екстракт од центела за моментално смирување на иритираната кожа. Нејзината примарна задача е да ги третира активните воспаленија, истовремено спречувајќи го појавувањето на нови неправилности преку одржување на здрава рамнотежа на епидермисот.
Формулата е збогатена со патентираниот ANTI SEBUM P(HD) комплекс, кој има клучна улога во регулирањето на прекумерното лачење маснотии и видливото стеснување на порите. Текстурата на ампулата е исклучително лесна и течна, што овозможува таа веднаш да се впие во кожата без да остави никаков леплив остаток или чувство на тежина. Како некомедоген производ, оваа ампула е целосно безбедна за кожа со пори кои лесно се затнуваат, нудејќи хидратација и свежина кои траат во текот на целиот ден.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја сождржи оваа ампула се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа SKIN1004 Tea-Trica ампула е совршена за мрсна, комбинирана и чувствителна кожа која се соочува со акни, бидејќи е некомедогена и клинички е докажано дека не предизвикува иритации и активно помага во заздравувањето на кожата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата (неколку капки со пипетата) директно на претходно исчистено лице и тонирана кожа. Рамномерно распоредете го производот и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете неговата целосна апсорпција. Користете ја наутро и навечер пред нанесување на хидратантен крем.