790 ден
Нема на залиха
790 ден
Нема на залиха
House of Hur Moist Ampoule Blusher е лесно и долготрајно течно руменило збогатено со 50% хидратантна есенција за свеж, природен изглед. Неговата лесна формула лесно се нанесува на кожата, овозможувајќи беспрекорно соединување со тенот и создавање на природен сјај. Благодарение на богатата влага, не остава лепливо чувство и овозможува удобност во текот на целиот ден.
Со разновидни нијанси кои одговараат на сите тонови на кожа, овa руменило е совршенo за создавање на свеж и здрав изглед. Може да се нанесе во еден слој за суптилен ефект или да се надгради за поинтензивен, повпечатлив финиш.
Клучни придобивки:
Начин на употреба:
Лесно протресете го производот пред употреба. Нанесете мала количина на раката, а потоа со тапкање втријте го руменилото на образите. Додавајте слоеви за поинтензивна боја и сјај.
FAU Core Intensive Derma Care Balm е интензивен третман во форма на стик, дизајниран за брза регенерација и длабинска нега на екстремно сувата и чувствителна кожа. Благодарение на неговиот практичен дизајн, овој балсам овозможува хигиенско и прецизно нанесување на сите критични зони на лицето и телото каде што кожата е груба, испукана или ја изгубила својата виталност.
Формулата се базира на комплекс од аминокиселини и хранливи масла кои создаваат свиленкаст заштитен слој на површината на кожата. Овој слој не само што ја заклучува влагата, туку и ја штити бариерата од надворешни влијанија како студ, ветер или сув воздух во затворени простории, оставајќи ја кожата еластична и обновена.
Она што го прави овој производ навистина моќен е вклучувањето на Acetyl Hexapeptide-8, познат аргирелин, уште наречен „ботокс пептид“. Оваа состојка помага во релаксација на микро-контракциите на кожата, што го прави балсамот одличен сојузник во борбата против брчките и фините линии, особено во пределот околу очите и усните.
Балсамот е збогатен и со ниацинамид, аденозин и пептиден комплекс кои заеднички делуваат на враќање на волуменот и измазнување на текстурата.
Покрај за лицето, тој е идеален како „прва помош“ за суви лакти, колена или како интензивна нега за испукани усни и кожата околу нив, каде што брзо ги смирува иритациите и поттикнува заздравување.
Кога да го користите овој мултифункционален стик?
Клучни придобивки:
Начин на употреба: Свртете го долниот дел од стикот за да излезе балсамот. Нанесете го директно на сувите или иритирани делови од кожата (лице, усни, лакти, раце). Масирајте нежно доколку е потребно за подобро впивање. Може да се нанесува повеќе пати во текот на денот, секогаш кога ќе почувствувате потреба од инстант олеснување.
Футрола за сенки дизајнирана за серијата Piece Matching Shadow која содржи 4 дупки, koja ви овозможува да креирате сопствена палета за сенки.