1.098 ден
Нема на залиха
Тоа е тонер кој содржи 67% вода од чајно дрво, 19,5% вода од лист од азиска центела и екстракт од никулци. Помага во смирување на чувствителната кожа. Ја чисти кожата и ѝ ги пружа потребните нутритиенти.
Вода лист од Melaleuca alternifolia – 67%
Вода од лист од Centella asiatica 19,5%
6 екстракти од никулци 6.000 ppm
1.098 ден
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Clear Toner е освежителен тонер кој ефикасно помага во намалување на видливоста на проширените пори и ја подобрува текстурата на кожата.
Формулата е збогатена со хималајска розова сол, која е богата со преку 80 видови минерали и помага во длабинско отстранување на нечистотиите од порите. Клучна компонента е и 4-НА комплексот од киселини (AHA, BHA, PHA, LHA), кој овозможува нежна ексфолијација на повеќе нивоа, отстранувајќи ги мртвите клетки и спречувајќи затнување.
Тонерот е богат со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој тонер е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа, особено за оние кои имаат проблеми со проширени пори, вишок себум и нерамна текстура. Тој е совршен за секој што бара производ за контрола на маснотијата и прочистување на порите, истовремено одржувајќи ја кожата хидрирана и смирена.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучна подлога или директно на дланките. Нежно поминете преку лицето, избегнувајќи го пределот околу очите, за да ги отстраните преостанатите нечистотии и мртвите клетки. Продолжете со серум и хидратантен крем.
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Dark Spot Ampoule Pad се тупфери потопени во ампула за интензивна нега против темни дамки.
Тоа се иновативни тупфери потопени со ампула кои истовремено хидрираат, вршат нежна ексфолијација и го осветлуваат тенот. Ампулата со која се потопени е со висока концентрација и ги таргетира видливите и скриените флеки, мелазма и нерамномерен тон на кожата. Дизајнирани се со специфична големина од 7cm и форма на полумесечина (half-moon), форма за совршено прилагодување на контурите на лицето.
Овие ампулски тупфери нудат сеопфатно решение за меланинот, главниот предизвикувач на темни дамки, делувајќи од површината на кожата па се до длабоките слоеви на дермисот. Клинички е докажано дека по 4 недели употреба, сјајот на кожата се подобрува за 33.1%, а целокупниот тон станува посветол и порамномерен.
Збогатени се со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Соодветни се за сите типови на кожа, особено за кожа на која ѝ е потребно видливо осветлување на тенот и третман на тврдокорна хиперпигментација,
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба:
За секојдневна нега (тонирање), по чистењето, користете ја памучната страна („gauze“) за нежно бришење на целото лице (избегнувајќи ги очите) за блага ексфолијација и помазен тен..
За интензивно дејство (мини маска), поставете јагел страната на критичните места (каде имате дамки) 3-5 минути, а потоа отстранете го тупферот у нежно тапкајте ја преостанатата есенција за да се впие целосно