1.490 ден Original price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.
Нема на залиха
1.490 ден Original price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.
Нема на залиха
AMPLE:N Ceramide Shot Ampoule е блага, неиритирачка ампула од церамид збогатена со патентирана состојка Cerafull Complex од 50.000 ppm. Служи за хидратација и негување на кожата. Патентираната состојка Arctigenin ја зајакнува бариерата на кожата и и’ ја враќа еластичноста и сјајот. Алантоинот служи за смирување на кожата.
Предности:
Збогатена со 50.000 ppm Cerafull Complex™ за негување на сувата, иритирана кожа и за богата хидратација.
Патентираниот Arctigenin ефикасно ја зајакнува бариерата на кожата за да се добие здрава, сјајна кожа. Помага во спречување на губење на влагата и подобрување на текстурата и еластичноста на кожата.
Благата формула која содржи алантоин ефикасно ја смирува кожата и создава чувство на удобност. Тестирана е и не предизвикува иритација на кожата.
Како да се користи:
По користењето на тонер, рамномерно нанесете умерена количина на лицето и нежно тапкајте за целосно апсорбирање.
Matrigen E.S.R PDRN Ampoule e револуционерен професионален производ за подмладување и регенерација на кожата.
Оваа ампула е тајната за беспрекорна, младешка кожа. Формулирана со иновативна технологија и моќни состојки, оваа ампула е вашиот клуч за еластична, хидрирана и сјајна кожа, совршено прилагодена на потребите на модерната нега. Ампулата делува длабински, поттикнувајќи природна регенерација на клетките, помагајќи ѝ на кожата побрзо да се обнови по изложеност на стрес и надворешни фактори. Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата со што се намалува појавата на фини линии и брчки, оставајќи ја кожата мазна и затегната.
Содржи висока концентрација на PDRN дури 50,000 ppm. PDRN (полидезоксирибонуклеотид), фрагмент екстрахиран од ДНК од лосос. Оваа биоактивна состојка е позната по своите извонредни својства за регенерација на кожата. PDRN активно ја зајакнува кожната бариера, го стимулира обновувањето на клетките и ефикасно го ублажува воспалението. Заборавете на опуштената и уморна кожа, Matrigen ESR PDRN ампулата работи длабински за да ја врати виталноста и здравјето на вашата кожа, нудејќи ревитализација одвнатре.
Зошто да ја изберете MATRIGEN E.S.R PDRN Ampoule?
Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на MATRIGEN, наменета за напредна нега и регенерација на кожата. PDRN молекулите делуваат на клеточно ниво, помагајќи во обновување на оштетената кожа, подобрување на метаболизмот на клетките и зајакнување на бариерата на кожата. Со редовна употреба, кожата станува поеластична, помазна и со видливо подобрен тонус и сјај.
Има тројно дејство, пружа интензивна хидратација, анти-ејџинг ефект и осветлување на хиперпигментацијата и благодарение на нејзината богата текстура може да се користи и како ампула и како крем. Бидејќи за разлика од традиционалните проѕирни ампули, Matrigen ESR PDRN Ампулата е кремаста серумска формула која содржи висока концентрација на хидратантни и маслени компоненти. Оваа уникатна комбинација овозможува долготрајна хидратација, задржувајќи ја влагата во кожата како крем и давајќи и природен, здрав сјај.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
Ова е идеален производ за оние кои:
Начин на употреба: Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина.
Со Matrigen E.S.R PDRN Ампулата, вашата кожа ќе биде подмладена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!