249 ден
Нема на залиха
249 ден
Нема на залиха
Medicube Collagen Night Wrapping Mask е ноќна маска со пилинг ефект, дизајнирана за интензивна нега на еластичноста и хидратацијата на кожата додека спиете. Оваа иновативна формула создава колагенска заштитна фолија, која овозможува 8-часовна нега, подобрувајќи ја цврстината, влажноста и природниот сјај на кожата.
Специјално развиената peel-off mask текстура лесно се отстранува во еден слој, без да ја иритира кожата, оставајќи чувство на свежина и обновеност. Благодарение на комбинацијата на активни состојки и напредна корејска технологија, оваа ноќна маска видливо ја затегнува и измазнува кожата по само една употреба.
Како да се користи: нанесете рамномерен слој на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина. Оставете да се исуши преку ноќ, а наутро нежно отстранете ја во еден слој.
Оваа маска е идеална за сите типови кожа, особено за оние кои сакаат длабинска нега и регенерација преку ноќ.
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.
Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!
ID Placosmetics Face Fit Plaster Mask е револуционерна гипсена маска која обезбедува професионален третман за подигнување и затегнување на кожата во удобноста на вашиот дом. Формулирана со вистински гипс и глина, оваа маска моментално ги прочистува и затегнува порите, подобрувајќи ја текстурата на кожата.
Овој напреден состав содржи хијалуронска киселина, екстракт од лист од зелен чај и масло од вечерна иглика, кои работат заедно за да ја обноват еластичноста на кожата и да ѝ дадат здрав и осветлен изглед.
Како се користи:
Богата со антиоксиданти и патентирани состојки, ID Placosmetics Face Fit Plaster Mask е совршен избор за затегната, ревитализирана кожа со младешки изглед.
Arencia Fresh Green Cleanser е хидратантен чистач за лице со исклучително нежна, „мoчи“ текстура која темелно ја чисти кожата без да ја исуши. Формулиран со вода од ориз за длабинска нега и екстракт од хисоп за смирување на иритациите, овој чистач комбинира природна ефикасност со пријатно сензорно искуство. Хамамелисот (Witch Hazel), богат со витамини A и C, придонесува за посветлен и изедначен тен. Благодарение на специјалниот процес на месење и обработка, природните витамини и минерали остануваат сочувани за максимален ефект. Идеален е за секојдневна употреба и за сите типови кожа што бараат нега, свежина и балансирано чистење.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Погоден за секојдневна употреба и идеален за кожа склона кон акни, мрсна Т-зона и црнки.