249 ден Original price was: 249 ден.199 денCurrent price is: 199 ден.
Нема на залиха
249 ден Original price was: 249 ден.199 денCurrent price is: 199 ден.
Нема на залиха
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.
Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!
Започни ја рутината со нега која делува длабоко и таргетирано со Biodance Radiant Vita Niacinamide Real Deep Mask, иновативна хидрогел маска создадена за намалување на темни дамки, хиперпигментација и нерамномерен тен. Формулирана со висока концентрација на ниацинамид и чист глутатион, оваа маска го регулира создавањето на меланин и видливо ги подобрува дамките предизвикани од мелазма, сончеви влијанија и стареење. Со редовна употреба, кожата станува порамномерна, посвежа и со здрав сјај.
Благодарение на водата од ананас, која содржи природен ензим за разградување на протеини, маската овозможува нежна ексфолијација и ги отстранува мртвите клетки без иритација. Ова ја подобрува текстурата на кожата и ја подготвува за подобро впивање на хранливите состојки. Витаминскиот комплекс делува смирувачки и го обновува балансот на кожата, враќајќи ѝ ја нејзината природна јасност и блескав изглед.
Формулата е хипоалергена и внимателно развиена без токсични и агресивни состојки, со што е целосно безбедна дури и за чувствителна кожа. Не содржи алергени ниту контроверзни состојки, што ја прави идеална за секојдневна употреба.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.