10.990 ден Original price was: 10.990 ден.8.243 денCurrent price is: 8.243 ден.
Нема на залиха
AGE-R Booster Pro Mini од Medicube е мало beauty чудо кое го освои светот!
Ова преносливо уредче е твојот најдобар сојузник за блескава и здрава кожа каде и да си. Флеките од акни ќе бидат видливо намалеи, а сјајот зголемен уште по првата употреба.
Со својата компактна големина лесно собира во чанта, а резултатите се видливи уште од првата употреба.
Ја подобрува апсорпцијата на твојата омилена skincare рутина и го засилува сјајот одвнатре. Дава нежна нега дури и по користење на spot patch и е соодветен за сите типови кожа, вклучително и проблематична кожа.
Клинички тестирано, ја зголемува апсорпцијата на козметичките производи дури за 562%.
Секојдневната рутина никогаш не била полесна и поефикасна. Мини уред, за максимален ефект!
Medicube PDRN Booster Gel е иновативен хидратантен гел кој ја обновува и зајакнува кожата, оставајќи ја мазна, еластична и блескава. Формулиран со PDRN (Polydeoxyribonucleotide), овој гел го поттикнува природното регенерирање на кожата, помагајќи во обновата на оштетените клетки и зајакнување на заштитната бариера.
Хијалуронската киселина овозможува долготрајна хидратација со привлекување и задржување на влагата во кожата, додека ниацинамидот го подобрува тенот и ја намалува иритацијата. Екстрактот од Centella Asiatica делува смирувачки, го намалува црвенилото и придонесува за урамнотежен изглед на кожата.
Благодарение на формулата со седум вида пептиди, овој гел ја враќа еластичноста и помага во обновата на нарушената кожна бариера. Лесната текстура овозможува брза апсорпција, оставајќи ја кожата нежна и освежена.
Со редовна употреба, Medicube PDRN Booster Gel овозможува видливо подобрување на текстурата и здравиот сјај на кожата.
Како да се користи: нанесете умерена количина на чиста кожа и нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Погоден за сите типови кожа, особено за чувствителна и дехидрирана кожа која има потреба од смирување и обновување.
Medicube Triple Collagen Cream 4.0 е високо концентриран крем за нега на кожата, формулиран со троен колаген комплекс и премиум француски еластин за подобрување на еластичноста и враќање на младешкиот изглед. Богатата формула овозможува интензивна хидратација, измазнување на фините линии и подобрување на текстурата на кожата.
Колагенот во комбинација со хијалуронска киселина обезбедува длабинска хидратација и регенерација, додека ниацинамидот делува на изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата. Екстрактот од кора на Enantia Chlorantha и маслинов лист помага во затегнување на порите и намалување на темните флеки.
Благодарение на витаминот Ц, овој anti-aging крем ја подобрува природната заштита на кожата, ја поттикнува синтезата на колаген и ја прави кожата видливо посветла. Морскиот буковец е уште еден клучен состојка, богат со антиоксиданси и витамини кои ја негуваат и смируваат кожата.
Клинички тестирана и сертифицирана формула без 15 штетни состојки, оваа крема е безбедна за чувствителна кожа и овозможува видливи резултати за само две недели.
Како да се користи: нанесете умерена количина на лицето и вратот наутро и навечер, по нанесување на серум. За персонализирана нега, комбинирајте го со collagen niacinamide jelly cream во соодветен однос според потребите на вашата кожа.
Погоден за сите типови кожа, особено за зрела кожа и оние кои сакаат да ја задржат младешката цврстина и сјај.