10.990 ден Original price was: 10.990 ден.7.693 денCurrent price is: 7.693 ден.
Нема на залиха
AGE-R Booster Pro Mini од Medicube е мало beauty чудо кое го освои светот!
Ова преносливо уредче е твојот најдобар сојузник за блескава и здрава кожа каде и да си. Флеките од акни ќе бидат видливо намалеи, а сјајот зголемен уште по првата употреба.
Со својата компактна големина лесно собира во чанта, а резултатите се видливи уште од првата употреба.
Ја подобрува апсорпцијата на твојата омилена skincare рутина и го засилува сјајот одвнатре. Дава нежна нега дури и по користење на spot patch и е соодветен за сите типови кожа, вклучително и проблематична кожа.
Клинички тестирано, ја зголемува апсорпцијата на козметичките производи дури за 562%.
Секојдневната рутина никогаш не била полесна и поефикасна. Мини уред, за максимален ефект!
10.990 ден Original price was: 10.990 ден.7.693 денCurrent price is: 7.693 ден.
Нема на залиха
MEDICUBE Rosemary PDRN Scalp Serum 20ml е концентриран leave-in серум создаден за нега на скалпот и коренот на косата. Лесната формула брзо се апсорбира без мрсен финиш и обезбедува освежувачко и разладувачко чувство.
Формулата комбинира PDRN (Sodium DNA), Rosemary, EGF и Caffeine за интензивна нега на скалпот и поддршка на погуст и поцврст изглед на косата. Biotin, Niacinamide, Panthenol и комплексот од протеини и аминокиселини дополнително го негуваат скалпот и косата.
Бенефити:
• Помага косата да изгледа погуста и пополна
• Обезбедува насочена нега на коренот
• Помага во смирување на скалпот
• Содржи PDRN (Sodium DNA)
• Содржи Rosemary и EGF
• Caffeine обезбедува стимулирачка нега на скалпот
• Biotin и протеините ја надополнуваат негата на косата
• Panthenol помага во хидратација и смирување
• Menthol обезбедува освежувачко и разладувачко чувство
• Лесна формула без мрсен финиш
• Не се плакне
Начин на употреба:
Нанесете го серумот директно на сув или влажен скалп, особено на областите на кои им е потребна дополнителна нега, како линијата на косата и темето. Нежно масирајте со апликаторот и прстите до целосна апсорпција. Производот е leave-in и не се плакне.
Medicube Collagen Night Wrapping Mask е ноќна маска со пилинг ефект, дизајнирана за интензивна нега на еластичноста и хидратацијата на кожата додека спиете. Оваа иновативна формула создава колагенска заштитна фолија, која овозможува 8-часовна нега, подобрувајќи ја цврстината, влажноста и природниот сјај на кожата.
Специјално развиената peel-off mask текстура лесно се отстранува во еден слој, без да ја иритира кожата, оставајќи чувство на свежина и обновеност. Благодарение на комбинацијата на активни состојки и напредна корејска технологија, оваа ноќна маска видливо ја затегнува и измазнува кожата по само една употреба.
Како да се користи: нанесете рамномерен слој на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина. Оставете да се исуши преку ноќ, а наутро нежно отстранете ја во еден слој.
Оваа маска е идеална за сите типови кожа, особено за оние кои сакаат длабинска нега и регенерација преку ноќ.
Medicube Red Succinic Acid Peeling Pad се иновативни тонер тупфери, специјално формулирани за кожа склона кон акни и нерамномерен тен. Благодарение на моќната комбинација на сукцинска киселина, салицилна киселина (BHA) и гликолна киселина (AHA), овие ексфолирачки тампони делуваат директно на изворот на акните, намалувајќи ги несаканите изливи и прочистувајќи ги порите.
Формулата е збогатена со пантенол и ниацинамид, кои помагаат во смирување на иритациите, намалување на црвенилото и зајакнување на кожната бариера. Со редовна употреба, кожата станува почиста, избалансирана и визуелно посветла.
Како да се користи: по чистење на лицето, земете еден тампон и нежно избришете го лицето со нагорни движења, избегнувајќи ја областа околу очите. За проблематичните делови, задржете го тампонот на кожата околу една минута. Потоа продолжете со остатокот од рутината, вклучувајќи серум и хидратантна крема.
Овие ексфолирачки тонер пупфери се доволно нежни за секојдневна употреба и се погодни како за тинејџерска, така и за возрасна кожа што има потреба од балансирање и обновување.