1.250 ден
AGE-R Booster Pro Mini од Medicube е мало beauty чудо кое го освои светот!
Ова преносливо уредче е твојот најдобар сојузник за блескава и здрава кожа каде и да си. Флеките од акни ќе бидат видливо намалеи, а сјајот зголемен уште по првата употреба.
Со својата компактна големина лесно собира во чанта, а резултатите се видливи уште од првата употреба.
Ја подобрува апсорпцијата на твојата омилена skincare рутина и го засилува сјајот одвнатре. Дава нежна нега дури и по користење на spot patch и е соодветен за сите типови кожа, вклучително и проблематична кожа.
Клинички тестирано, ја зголемува апсорпцијата на козметичките производи дури за 562%.
Секојдневната рутина никогаш не била полесна и поефикасна. Мини уред, за максимален ефект!
Medicube Zero Pore Pads 2.0 се ексфолирачки тонер тупфери, специјално формулирани за длабинско чистење на порите, измазнување на текстурата на кожата и балансирање на себумот. Со млечна киселина (AHA), овие тампони нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, додека пантенолот обезбедува длабока хидратација и ја смирува иритацијата.
Салицилната киселина (BHA) продира длабоко во порите, помагајќи во нивно прочистување и намалување на несаканите изливи. Благодарение на своето антиинфламаторно дејство, овие тампони се идеални за комбинирана и масна кожа што има потреба од подобрување на текстурата и регулирање на себумот.
Како да се користи: по чистење на лицето, земете еден тупфер и нежно избришете го лицето со кружни движења, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа продолжете со остатокот од вашата рутина, вклучувајќи серум и хидратантна крема.
Идеални за сите типови кожа кои имаат потреба од подобрување на текстурата, балансирање на себумот и ослободување на порите од нечистотии.
Medicube One Day Exosome Shot Pore Ampoule 7500 е високо концентрирана ампула со 7500PPM екзозоми, дизајнирана за интензивна нега на порите и подобрување на еластичноста на кожата. Благодарение на моќната формула, оваа серумска ампула овозможува веднаш забележливо затегнување на порите со 23.36% подобрување на волуменот на порите, ефект кој трае до три дена по само една употреба.
Екзозомите продираат длабоко во кожата, зголемувајќи ја апсорпцијата на активните состојки за 262%, овозможувајќи подобрена регенерација и длабинско хидрирање. Оваа напредна технологија го оптимизира продирањето на активните компоненти во десет слоеви на кожата, без да остави чувство на лепливост.
Формулата е збогатена со пантенол за смирување на чувствителната кожа, додека аденозинот ја зајакнува бариерата на кожата и го подобрува нејзиниот тонус. Оваа ампула е дерматолошки тестирана и погодна за чувствителна кожа, без иритации.
Како да се користи: нанесете умерена количина на чиста кожа и нежно притиснете со дланките за подобра апсорпција. Доволна е употреба еднаш на секои три дена за видливи резултати.
Овој серум е идеален за оние кои бараат напредна нега за минимизирање на порите, зацврстување на кожата и длабинска хидратација.