790 ден Original price was: 790 ден.711 денCurrent price is: 711 ден.
Нема на залиха
Пружете ѝ на кожата целосна заштита од штетното UV зрачење со лесно впивливото млеко за заштита од сонце 𝐌𝐢𝐬𝐬𝐡𝐚 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐄𝐬𝐬𝐞𝐧𝐜𝐞 𝐒𝐮𝐧 𝐒𝐏𝐅𝟒𝟓/𝐏𝐀+++.
Овој крем за заштита од сонце пружа моќна заштита благодарение на новиот двослоен систем за блокирање на UV зраците. Пружа полн спектар на заштита од UVA и UVB зраци. Обезбедува долготрајна и непробојна UV заштита, дури и кога влажноста се зголемува.
Отпорен на вода и пот, овој крем пружа долготрајна заштита. Благодарение на двослојниот систем на специјален полимер oстанува на своето место подолго време дури и кога е изложен на пот, вода, или топлина.
Содржи есенција со комплекс од 6 растителни екстракти за нега на кожата кои ја хидрираат и омекнуваат кожата, исто така ги подобруваат тенот и текстурата на кожата.
Заштитата од сонце е многу важна за да се спречи предвремеото стареење на кожата. Овој крем се бори против оштетувањето кое го предизикуваат UV зраците и против предвремените знаци на стареење. Помага во спречување на изгореници и може да го намали ризикот од рак на кожата и раното стареење на кожата доколку се користи според упатствата со други мерки за заштита од сонце.
Клучни состојки:
▪️ Екстрактот од лист од Camellia Sinensis (зелен чај) е моќен антиоксидант со UV заштитни, антиинфламаторни и антимикробни способности, корисен кај розацеа, акни и атопичен дерматитис.
▪️ Пантенолот е провитамин со навлажнувачко, хидратантно дејство, кој има антиинфламаторни и заштитни својства. Помага во спречување на иритација.
▪️ Сокот од лист од алое вера има силни антиинфламаторни, смирувачки и навлажнувачки својства.
790 ден Original price was: 790 ден.711 денCurrent price is: 711 ден.
Нема на залиха
AIPPO Daily Sun Cream MINI е мини крема за сонце со SPF50+ PA+++, наменета за секојдневна заштита на кожата од сончеви зраци. Лесната формула помага во хидратација и нега, без тежок ефект, а мини пакувањето е практично за носење во чанта или на патување.
Придобивки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина на лицето како последен чекор од утринската рутина, 15 минути пред изложување на сонце. Нанесете повторно во текот на денот, особено по потење, бришење или подолго изложување на сонце.
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐌 𝐏𝐞𝐫𝐟𝐞𝐜𝐭 𝐂𝐨𝐯𝐞𝐫 𝐁𝐁 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅 𝟒𝟐 𝐏𝐀+++ е најпопуларниот корејски BB крем.
За квалитетот на овој препознатлив BB крем на 𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 доволно зборува фактот што е продаден во над 130 милиони примероци ширум светот.
Тоа е крем кој ви помага да ја комбинирате негата на кожата и шминката во еден лесен чекор за беспрекорна основа.
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐌 𝐏𝐞𝐫𝐟𝐞𝐜𝐭 𝐂𝐨𝐯𝐞𝐫 𝐁𝐁 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅 𝟒𝟐 𝐏𝐀+++ е крем кој нуди средна до висока покривност, истовремено ја прави шминката лесна, додека обезбедува UV заштита и долготрајнатрајна хидратација.
Овој лесен BB крем покрај тоа што ги покрива несовршеностите на кожата истовремено пружа третман кој ја осветлува кожата, го изедначува тенот, хидрира, делува антиејџ и ја смирува кожата.
Се препорачува за сите типови кожа.