1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.
Нема на залиха
1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.
Нема на залиха
Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.
TIRTIR Mask Fit Red Cushion е течна пудра со перниче со совршена покривност и долготрајност.
Откријте ja TIRTIR Mask Fit Red Cushion – хидратанна и лесна cushion пудра (течна пудра со перниче) која обезбедува целосна покривност со природен, полу-мат финиш. Формулата се нанесува рамномерно, ги изедначува тоновите на кожата, ја хидрира и обезбедува долготрајна удобност без чувство на тежина.
Клучни карактеристики:
Создадена за оние што бараат совршен баланс помеѓу покривност, хидратација и природен изглед.
Обезбедува беспрекорно покривање до 72 часа во 40 инклузивни нијанси и истовремено хидратира, ги замаглува порите, го изедначува тенот и без напор прикрива, со лесна формула што е дерматолошки тестирана и идеална за чувствителна кожа, на која ѝ веруваат експертите и е создадена за секого.
Зошто да го изберете TIRTIR Mask Fit Red Cushion?
Заштитете ја кожата од штетните UV зраци и пружете ѝ длабинска хидратација и нега со кремот за заштита од сонце Relief Sun: Rice + Probiotics од Beauty of Joseon. Овој корејски крем со SPF50+ PA++++ нуди висока заштита потврдена со тестирања во Кореја и Шпанија.
Beauty of Joseon Relief Sun: Rice + Probiotics не е само крем за заштита од сонце, туку неопходен чекор во секојдневната рутина, кој обезбедува заштита, хидратација и подобрен тен за сјајна, здрава и заштитена кожа.
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐌 𝐏𝐞𝐫𝐟𝐞𝐜𝐭 𝐂𝐨𝐯𝐞𝐫 𝐁𝐁 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅 𝟒𝟐 𝐏𝐀+++ е најпопуларниот корејски BB крем.
За квалитетот на овој препознатлив BB крем на 𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 доволно зборува фактот што е продаден во над 130 милиони примероци ширум светот.
Тоа е крем кој ви помага да ја комбинирате негата на кожата и шминката во еден лесен чекор за беспрекорна основа.
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐌 𝐏𝐞𝐫𝐟𝐞𝐜𝐭 𝐂𝐨𝐯𝐞𝐫 𝐁𝐁 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅 𝟒𝟐 𝐏𝐀+++ е крем кој нуди средна до висока покривност, истовремено ја прави шминката лесна, додека обезбедува UV заштита и долготрајнатрајна хидратација.
Овој лесен BB крем покрај тоа што ги покрива несовршеностите на кожата истовремено пружа третман кој ја осветлува кожата, го изедначува тенот, хидрира, делува антиејџ и ја смирува кожата.
Се препорачува за сите типови кожа.