1.790 ден Original price was: 1.790 ден.1.701 денCurrent price is: 1.701 ден.
Нема на залиха
𝐌𝐢𝐬𝐬𝐡𝐚 𝐒𝐢𝐠𝐧𝐚𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐖𝐫𝐢𝐧𝐤𝐥𝐞 𝐅𝐢𝐥𝐥𝐞𝐫 𝐁𝐁 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅𝟑𝟕 𝐏𝐀++ е BB крем со специјален филер кој ефикасно ги пополнува брчките и ја измазнува текстурата на кожата. Има одлична моќ на покривање и подмладување.
Тоа е 2 во 1 производ, составен од BB крем со специјален комплекс за измазнување кој ефикасно ги пополнува брчките и порите, ја измазнува текстурата на кожата и ги крие несовршеностите и есенција која содржи Syn-Ake (т.н. змиски пептид) и невропептиди, кои имаат ефект на ботокс и ефикасно подмладуваат.
Клучни состојки:
▪️ Syn-Ake или змиски пептид е синтетичка супстанца која ја имитира функцијата на змиски отров, познат како неверојатен агенс против брчки. Ги релаксира мимичните мускули, што овозможува да се спречи појавата на брчки. Тој е безбедна замена за ботокс.
▪️ Фулеренот ги измазнува брчките и ја спречува појавата на нови, ја избелува пигментацијата и има антиинфламаторно дејство. Ефикасно ја навлажнува кожата и одржува оптимално ниво на влага во клетките.
▪️ Ниацинамидот го забрзува процесот на обновување на клетките, ги намалува брчкитe, ги намалува порите и ја намалува хиперпигментацијата.
▪️ Аденозинот е позната антиејџ состојка. Ги затегнува и ги измазнува брчките, го забрзува метаболизмот на клетките и ги спречува знаците на стареење.
▪️ Маслото од сладок бадем има антимикробно и антиоксидантно дејство. Ги елиминира лупењето, сувоста и иритацијата. Помага да се изедначат малите брчки, да се изедначи микрорелјефот на кожата, да се подобри волуменот на кожата и да се подобри синтезата на колаген.
▪️ Ретинолот има изразен антиоксидантен потенцијал. Ја омекнува кожата, ја зголемува нејзината еластичност, помага да се намалат брчките.
▪️ Маслото од јојоба продира длабоко во кожата, ја навлажнува и храни. Поради високата концентрација на витамин Е тој е одличен антиоксидант, регенерира и ублажува воспаленија.
▪️ Колагенот ја подобрува општата состојба на кожата. Ја измазнува, ја прави цврста и еластична, ги отстранува фините линии и освежува.
1.790 ден Original price was: 1.790 ден.1.701 денCurrent price is: 1.701 ден.
Нема на залиха
Пружете ѝ на кожата целосна заштита од штетното UV зрачење со лесно впивливото млеко за заштита од сонце 𝐌𝐢𝐬𝐬𝐡𝐚 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐄𝐬𝐬𝐞𝐧𝐜𝐞 𝐒𝐮𝐧 𝐒𝐏𝐅𝟒𝟓/𝐏𝐀+++.
Овој крем за заштита од сонце пружа моќна заштита благодарение на новиот двослоен систем за блокирање на UV зраците. Пружа полн спектар на заштита од UVA и UVB зраци. Обезбедува долготрајна и непробојна UV заштита, дури и кога влажноста се зголемува.
Отпорен на вода и пот, овој крем пружа долготрајна заштита. Благодарение на двослојниот систем на специјален полимер oстанува на своето место подолго време дури и кога е изложен на пот, вода, или топлина.
Содржи есенција со комплекс од 6 растителни екстракти за нега на кожата кои ја хидрираат и омекнуваат кожата, исто така ги подобруваат тенот и текстурата на кожата.
Заштитата од сонце е многу важна за да се спречи предвремеото стареење на кожата. Овој крем се бори против оштетувањето кое го предизикуваат UV зраците и против предвремените знаци на стареење. Помага во спречување на изгореници и може да го намали ризикот од рак на кожата и раното стареење на кожата доколку се користи според упатствата со други мерки за заштита од сонце.
Клучни состојки:
▪️ Екстрактот од лист од Camellia Sinensis (зелен чај) е моќен антиоксидант со UV заштитни, антиинфламаторни и антимикробни способности, корисен кај розацеа, акни и атопичен дерматитис.
▪️ Пантенолот е провитамин со навлажнувачко, хидратантно дејство, кој има антиинфламаторни и заштитни својства. Помага во спречување на иритација.
▪️ Сокот од лист од алое вера има силни антиинфламаторни, смирувачки и навлажнувачки својства.
Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.