2.300 ден 1.995 ден
Нема на залиха
Real Vitamin C Ampoule e серум кој содржи 19% најквалитетен чист витамин C со одлична продирачка моќ. Помага во подобрување на тенот, избелување на пигментираните дамки, намалување на порите, подобрување на еластичноста на кожата и во спречување на појавата на брчки.
Изминатите години огромен број корисници ширум светот се уверија во квалитетот и ефикасноста на популарниот Snail Bee Ultimate Serum на Benton. Сега тука е неговата нова подобрена варијанта Benton Snail Ultimate Serum Plus.
Збогатен со 6 типа на пептиди и комплекс од ферменти на 5 билки, ви дава премиум нега за еластичност и зацврснување на кожата.
Вклучете го овој серум во дневната и ноќната нега на вашето лице доколку имате лузни од акни, зголемени пори или сакате да ги намалите и спречите брчките. За поинтензивна нега, комбинирајте го со останатите производи од линијата Snail Bee: лепенки за очи, тонер, маска, есенција, лосион или крем за лице и крем за очи.
Benton Snail Bee Ultimate Plus серумот е повеќефункционален серум збогатен со:
Помага за нега и смирување на кожата. Се препорачува за кожа која има потреба од интензивно потхранување, кожа со хиперпигментација и нерамномерен тен, кожа со слаб баланс на вода и масти, кожа на која ѝ е потребно зголемување на еластичноста, груба и опуштена кожа која има потреба од ревитализацијa.
⠀
Во согласност со филозофијата и праксата на брендот, Benton Snail Bee Ultimate серумот ви нуди здрава формула без штетни состојќи. Серумот не содржи парабени, силикони, алкохол, сулфати, вештачки ароми и бои.
Спакуван е во практично шишенце со пумпица за полесна хигиенска употреба, наместо пипета. Амбалажата не содрќи метал и е направена од материјал кој лесно се рециклира.