1.431 ден Original price was: 1.431 ден.930 денCurrent price is: 930 ден.
Нема на залиха
Сет од 4 мини производи од линијата Snail, пена за чистење, тонер, есенција и крем. Сет за сеопфата нега на лицето во 4 чекори.
1.431 ден Original price was: 1.431 ден.930 денCurrent price is: 930 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Light Gel Cream е ултра-лесен гел-крем кој обезбедува моментален ефект на ладење и длабинска хидратација, додека истовремено работи на стеснување на проширените пори и контрола на себумот. Со својата гел-конзистенција на водена база , овој корејски крем се апсорбира брзо, оставајќи мазен, нежен и росен финиш без лепливост или прекумерна сувост.
Формулата е моќна комбинација која вклучува екстракт од алое вера и екстракт од азиска центела од Мадагаскар за смирување и хидратација, а исто така содржи ниацинамид и аденозин кои придонесуваат за подобрување на еластичноста на кожата, осветлување на темните дамки и стеснување на порите. Хималајската розова сол и каолинот помагаат во чистење на нечистотиите во порите, додека екстрактите од хамамелис (Witch Hazel) и чемпрес (Cypress) дополнително ја смируваат и ја ладат чувствителната кожа.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој гел-крем е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која има проблеми со проширени пори, црвенило и прекумерно лачење на себум. Тој е идеален за секој што бара лесна формула која ефикасно ги нормализира лојните жлезди и обезбедува матирачки, но хидриран изглед во текот на целиот ден.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Како последен чекор од рутината за нега на кожа, нанесете соодветна количина од гел-кремот на лицето. Нежно тапкајте со двете дланки додека производот целосно не се апсорбира. Може да се користи наутро и навечер.
Кажете збогум на сувоста и иритациите со врвното решение за хидратација – Hidra-Therm!
Тоа е крем формулирана со витамин Е и иновативна состојка Hydromanil. Оваа крема обезбедува длабинска и долготрајна хидратација, како и антиоксидантна заштита.
Хидроманилот е природна состојка од растително потекло која се добива од семето на растението Caesalpinia spinosa, кое потекнува од Перу. Познат е по својата способност за постепено ослободување на влажноста, со што обезбедува долготрајна хидратација и ја подобрува способноста на кожата да ја задржи водата подолг период. Делува така што создава филм на површината на кожата кој постепено ослободува влажноста со што обезбедува континуирана хидратација.
Клучни придобивки:
Совршена за секојдневна употреба, оваа крема е идеална за чувствителна кожа. Спречува појава на црвенило и иритации, додека кожата останува свежа, мека и длабински хидрирана.
Наместо со обична вода, производот е направен со термална природно богата со минерали, која доаѓа директно од термалните извори Băile Felix, познати по своите лековити и регенеративни својства. Доаѓајќи директно од длабочините на земјата, оваа термална вода ги задржува своите активни својства. Има уникатни антиинфламаторни и тонирачки својства, враќајќи ја природната рамнотежа на кожата и заштитувајќи ја од штетните надворешни фактори, вклучувајќи ги UV зраците.