150 ден Original price was: 150 ден.111 денCurrent price is: 111 ден.
Нема на залиха
150 ден Original price was: 150 ден.111 денCurrent price is: 111 ден.
Нема на залиха
Skin1004 Madagascar Centella Watergel Sheet Ampoule Mask 25ml е освежувачка лист-маска натопена со концентрирана гел-есенција од чист екстракт на Centella Asiatica од Мадагаскар, глицерин и камилица. Маската обезбедува интензивна хидратација и длабинско смирување на чувствителната и иритирана кожа, помагајќи во регенерација и подобрување на кожната бариера.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулата е збогатена со активни состојки како медеказинска киселина и асиатикозид кои го поттикнуваат создавањето колаген и го забрзуваат обновувањето на кожата. Екстрактот од камилица има антиинфламаторни својства кои дополнително ја смируваат кожата. Благодарение на глицеринот, кожата останува хидрирана и мека со секоја употреба.
Нежната и еластична лист-маска е изработена од мек материјал кој не се кине и обезбедува пријатно чувство при нанесување. Нелепливата ампула остава свеж и хидриран финиш без тежина на кожата.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
FAU Skin Solution SOS Travel Kit е комплет за нега на чувствителна и иритирана кожа, идеален за патување или тестирање на производите од линијата. Комплетот содржи мини верзии на четири клучни производи за целосна рутина: тонер, серум, крем и маска. Формулирани со екстракти од центела азиатика, прополис и чајно дрво, овие производи се наменети за смирување на црвенило, хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Сетот вклучува:
Skin Solution SOS Toner (20ml) – Нежен, тонер со ниска киселост, со 80% центела вода за смирување и нега.
Skin Solution SOS Serum (5ml) – Ампула со 70% центела и 10% прополис, идеална за локално третирање на црвенила и акни.
Skin Solution SOS Cream (15g) – Калминг крем со 71% алое вера за регенерација и навлажнување на чувствителна кожа.
Skin Solution SOS Mask (1 маска) – Ладечка маска што ја намалува температурата на кожата и обезбедува моментално олеснување.
Клучни придобивки:
Дерматолошки тестиран за иритирана кожа
Хипоалергени формули за чувствителна и проблематична кожа
Лесно и безбедно за носење – идеално за патување
Природни состојки за хидратација, смирување и заштита на кожата
Активни состојки:
Центела азиатика, прополис, чајно дрво, алое вера, алантоин, камилица, портокалово и лимоново масло