1.859 ден
Нема на залиха
Овој моќен хидратантен концентрат претставува интензивен серум специјално дизајниран да ја задоволи жедта на кожата и да ѝ обезбеди длабинска заштита. Неговата лесна, но богата формула содржи мулти-молекуларен комплекс од хијалуронска киселина кој навлегува во сите слоеви на епидермисот, доставувајќи влага таму каде што е најпотребна. Производот формира заштитен филм на површината, спречувајќи го испарувањето на водата и елиминирајќи ја сувоста и грубата текстура.
Со редовно користење, производот значително ќе ја подобри состојбата на вашата кожа, така што успешно ќе ги обнови залихите на влажност, ќе ја подобри еластичноста и ќе и ја врати мекоста и еластичноста на кожата. Наместо чувство на затегнатост, овој серум овозможува долготрајна хидрираност и постепено отстранување на изумрените клетки, што резултира со помазна текстура и порамномерен тонус.
Дополнително, производот значително ќе ја зајакне природната заштитна бариера на кожата, правејќи ја поотпорна и попријатна на допир. Неговите дополнителни хранливи состојки активно го поддржуваат процесот на регенерација, ја смируваат иритацијата и обезбедуваат силна антиоксидативна заштита. Крајниот резултат е видливо исполнет, кадифено мек, обновен и сјаен тен кој зрачи со виталност.
Овој концентрат е соодветен за сите типови кожа, а особено за сува, дехидрирана и груба кожа.
Начин на употреба: По шистењето и користењето на тонер, наутро и навечер, нанесете соодветна количина од концентратот на лицето и вратот. Нежно масирајте и тапкајте со дланките додека производот целосно не се впие во кожата.
AMPLE:N Ceramide Shot Ampoule е блага, неиритирачка ампула од церамид збогатена со патентирана состојка Cerafull Complex од 50.000 ppm. Служи за хидратација и негување на кожата. Патентираната состојка Arctigenin ја зајакнува бариерата на кожата и и’ ја враќа еластичноста и сјајот. Алантоинот служи за смирување на кожата.
Предности:
Збогатена со 50.000 ppm Cerafull Complex™ за негување на сувата, иритирана кожа и за богата хидратација.
Патентираниот Arctigenin ефикасно ја зајакнува бариерата на кожата за да се добие здрава, сјајна кожа. Помага во спречување на губење на влагата и подобрување на текстурата и еластичноста на кожата.
Благата формула која содржи алантоин ефикасно ја смирува кожата и создава чувство на удобност. Тестирана е и не предизвикува иритација на кожата.
Како да се користи:
По користењето на тонер, рамномерно нанесете умерена количина на лицето и нежно тапкајте за целосно апсорбирање.
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Intensive Ampoule е интензивна ампула (серум) за обновување на бариерата на кожата.
Тоа е високо концентрирана ампула дизајнирана за да обезбеди интензивно смирување, хидратација, цврстина и сјај на кожата.
Текстурата на ампулата е млечна и густа, но неверојатно брзо се апсорбира во кожата, оставајќи свиленкаст и сјаен финиш без леплив остаток. Формулата содржи церамиди, фитостероли и масни киселини формулирани во златен сооднос 3:1:1, што е оптимален однос за ефективно заклучување на влагата во кожата. Ферментираниот екстракт од центела од Мадагаскар има и пробиотско и антибактериско дејство кое ја намалува иритацијата и ја одржува здравата микробиома на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа ампула е наменета за сува, нормална и комбинирана кожа, а особено е корисна за кожа која е чувствителна, иритирана или има потреба од зајакнување на еластичноста и регенерација. Таа е идеална за постигнување здрава, сјајна и мека кожа.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата со помош на пипетата директно на чисто лице. Рамномерно нанесете ја на кожата и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете апсорпцијата. Користете по тонер, а пред хидратантен крем.