1.290 ден
Нема на залиха
Time Is Running Out Mist на корејскиот бренд Sioris е иновативна три во еден формула за нега на кожата. Овој спреј со ниска ph вредност, кој функционира како тонер, спреј-ампула или серум и дава на дехидрираната кожа освежувачко зајакнување со хранлива хидратација.
Содржи 78% органска овошна вода (сезонска зелена слива), која е преполна со хранливи материи и минерали со која обезбедува непосредна хидратација. Трите масла, корисни за кожата, масло од макадамија, масло од јојоба и сончогледово масло, обезбедуваат долготрајна хранливост и влажност на кожата. Сите состојки се набавуваат во Кореја и се собираат сезонски, за оптимална свежина и ефикасност. Овој производ не содржи парабени, вештачки мириси, адитиви или штетни хемикалии. Се препорачува за сите типови на кожа, особено за оние со сува и дехидрирана кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да ги измешате маслото и водата темелно и прскајте два до три пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
1.290 ден
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Dark Spot Ampoule Pad се тупфери потопени во ампула за интензивна нега против темни дамки.
Тоа се иновативни тупфери потопени со ампула кои истовремено хидрираат, вршат нежна ексфолијација и го осветлуваат тенот. Ампулата со која се потопени е со висока концентрација и ги таргетира видливите и скриените флеки, мелазма и нерамномерен тон на кожата. Дизајнирани се со специфична големина од 7cm и форма на полумесечина (half-moon), форма за совршено прилагодување на контурите на лицето.
Овие ампулски тупфери нудат сеопфатно решение за меланинот, главниот предизвикувач на темни дамки, делувајќи од површината на кожата па се до длабоките слоеви на дермисот. Клинички е докажано дека по 4 недели употреба, сјајот на кожата се подобрува за 33.1%, а целокупниот тон станува посветол и порамномерен.
Збогатени се со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Соодветни се за сите типови на кожа, особено за кожа на која ѝ е потребно видливо осветлување на тенот и третман на тврдокорна хиперпигментација,
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба:
За секојдневна нега (тонирање), по чистењето, користете ја памучната страна („gauze“) за нежно бришење на целото лице (избегнувајќи ги очите) за блага ексфолијација и помазен тен..
За интензивно дејство (мини маска), поставете јагел страната на критичните места (каде имате дамки) 3-5 минути, а потоа отстранете го тупферот у нежно тапкајте ја преостанатата есенција за да се впие целосно
Во потрага сте по тонер без есенцијални масла и без мирис? Дозволете да ви го претставиме Supple Preparation Unscented Toner, бестселер на популарниот корејски бренд Dear, Klairs. Тоа е тонер без мирис кој не содржи есенцијални масла, погоден за употреба кај сите типови кожа, а посебно кај чувствителната.
Овој тонер ја балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на целата рутина за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.
Има нежна гел текстура, брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација.
Овој хидратантен тонер е направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки. Производот е vegan friendly.