Кошничка 0 x

Product

Sisua by Unleashia Butter Waffle Glow Stick 7g

990 ден 767 ден

Butter Waffle Glow Stick ќе ви помогне да акцентирате одредени делови на лицето и да постигнете понагласен тридимензионален ефект, со транспарентен изглед на кожата и природен суптилен сјај.

Надополнет е со фини златни перли кои на кожата ѝ даваат впечатлив ефект на светкав сјај, кој сепак e мек, суптилен и со природен изглед.

Може да го нанесете како сјајна завршница, со или без шминка, или пред нанесувањето на шминка доколку на вашата уморна и дехидрирана кожа ѝ е потребно навлажнување и смирување.

Користете го во комбинација со руменилата на 𝗦𝗜𝗦𝗨𝗔 за да постигнете изглед на свежи образи со здрав сјај.

Направен е од комбинација на лесни состојки кои брзо се апсорбираат во кожата без чувство на лепливост или тежина и на кожата ѝ даваат ревитализирачко и освежувачко чувство.

НАВЛАЖНУВАЊЕ + СМИРУВАЊЕ
Содржи мешавина од хранливи природни масла кои длабински ја навлажнуваат и смируваат кожата.

Погоден за употреба и кај чувствителна кожа, и дава сјај однадвор, a влажност и мекост одвнатре.

Sisua Butter Waffle Glow Stick туториjал:
1. Нанесете директно од стикот за сјај на јаболчниците и на врвот на брадата.
2. Со лесно тапкање со прст или сунѓерче нанесете од производот на врвот на носот и на аглите на очите.

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Земја на производство: Јужна Кореја

Cостав: 12-15 Alkyl Benzoate, Octyldodecanol, Hydrogenated Polyisobutene, Isotridecyl Isononanoate, Dibutyl Lauroyl Glutamide, Dibutyl Ethylhexanoyl Glutamide, Fragrance, Diisostearyl Malate, Linalool, Borago Officinalis Seed Oil, Phenoxyethanol, Sclerocarya Birrea Seed Oil, Silica Dimethyl Silylate, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, Calcium Titanium Borosilicate, Limonene, Titanium Dioxide, Cocos Nucifera (Coconut) Oil, Calendula Officinalis Flower, Brilliant Blue FCF, Geraniol, Tartrazine, Tin Oxide

Sisua by Unleashia Butter Waffle Glow Stick 7g

990 ден 767 ден