Земја на производство: Република Кореја
Состав: Polyisobutene, Cellulose gum, Hydrogenated Styrene/Methylstyrene/Indene copolymer, Pectin.
330 ден Original price was: 330 ден.314 денCurrent price is: 314 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Spot Cover Patch (22 парчиња) се лепенки за дискретна заштита и брзо заздравување на акните.
Тоа се тенки, хидроколоидни лепенки дизајнирани за ефикасен третман на акни и воспалени места. Овие лепенки делуваат така што го апсорбираат вишокот себум, нечистотиитеи гнојот од внатрешноста на акните, истовремено создавајќи заштитна бариера против надворешни бактерии и иритации. Благодарение на својата екстремно тенка и полупроѕирна структура, тие се речиси невидливи на лицето и овозможуваат природно заздравување на кожата во чиста и изолирана средина.
Пакувањето содржи 22 лепенки во две различни големини (10mm и 12mm), што овозможува прецизно таргетирање на воспаленијата во зависност од нивната големина. Овие патентирани хидроколоидни лепенки се водоотпорни и одлично прилепуваат на кожата, што ги прави погодни за носење во текот на целиот ден или ноќ. Нивниот дискретен дизајн дозволува дури и нанесување на шминка директно преку нив, прикривајќи го воспалението додека работат на негово смирување.
Овој SKIN1004 производ е незаменлив дел од приборот за секој со кожа склона кон акни, бидејќи го забрзува процесот на регенерација и спречува создавање на лузни преку запирање на навиката за физичко истиснување на мозолчињата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба:
Земја на производство: Република Кореја
Состав: Polyisobutene, Cellulose gum, Hydrogenated Styrene/Methylstyrene/Indene copolymer, Pectin.
330 ден Original price was: 330 ден.314 денCurrent price is: 314 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil е ултра-лесно, мултифункционално масло за чистење кое е првиот и најважен чекор во вашата вечерна рутина за нега. Овој корејски чистач на база на масло е формулиран да ги раствори и темелно да ги отстрани сите нечистотии растворливи во масло, како шминката, водоотпорниот крем за сонце, вишокот себум и загадувачите, без да ја исуши кожата.
Содржи екстракт од мадагаскарска Centella Asiatica во комбинација со неколку природни масла. Овие состојки обезбедуваат освежителен и смирувачки финиш, а истовремено делуваат некомедогено и помагаат во отстранувањето на себумот за спречување на затнати пори. Неговата лесна текстура го прави идеален дури и за оние кои првпат користат маслен чистач, без да предизвика иритација на очите. Затоа може да се користи за отстранување на шминка од шчите, бидејќи н предизвикува иритација и црвенило на очите.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 маслен чистач е совршен за сите типови кожа, вклучувајќи ги нормална, сува и чувствителна кожа. Наменет е за секој што сака ефикасен маслен чистач или практикува двојно чистење и бара нежен, но ефикасен производ кој ја смирува кожата, ја хидрира и ја остава свежа, со чисти и стеснети пори.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете умерена количина од маслото на суви раце. Масирајте го маслото на суво лице со нежни кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Потоа намокрете ги рацете, додадете малку вода на лицето и продолжете со масажата, при што маслото ќе се емулгира и ќе стане млечно. На крајот, темелно исплакнете го лицето со млака вода. Доколку практикувате двојно чистење (се препорачува кај комбинираната и мрсна кожа по чистењето со маслен чистач) продолжете со втор чекор на чистење со пенливо средство на база на вода (како SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule Foam).
SKIN1004 Madagascar Centella Double Cleansing Duo е с овршен сет за двојно чистење на лицето
Тоа е супериорен сет кој ги содржи двата клучни чекори за темелно прочистена кожа, маслен чистач и пенлив чистач, Madagascar Centella Light Cleansing Oil и Madagascar Centella Ampoule Foam . Овој метод на двојно чистење е златно правило во корејската козметика за постигнување беспрекорен тен, бидејќи овозможува елиминација на сите видови нечистотии без нарушување на природната бариера на кожата.
Првиот чекор започнува со Madagascar Centella Light Cleansing Oil, неверојатно лесно маслено средство кое делува длабински, растворајќи ги нечистотиите растворлив во масла, како шминката, водоотпорниот крем за сонце и вишокот себум. Комбинира Centella аsiatica и 6 растителни масла за нежно да ги раствори нечистотиите, оставајќи го лицето свежо и со чисти пори. Ја смирува кожата, ја хидрира и нежно ексфолира.
Вториот чекор е Madagascar Centella Ampoule Foam, нежна пена која е чистач на водена база и ја отстранува преостанатата нечистотија како прашина и загадувачи од воздухот. Формулирана е со сурфактанти добиени од кокос и лимонска киселина. Има ниска pH вредност (pH 5). Нежна е кон кожата и темелно ги отстранува нечистотиите без да предизвика чувство на сувост или затегнатост. Збогатенa е со Centella аsiatica и хијалуронска киселина.
Двата производи се збогатени со чист екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар, што гарантира дека кожата ќе остане смирена, хидрирана и мека по секое миење. Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој сет е погоден за сите типови кожа, вклучувајќи ја и најчувствителната кожа, и е идеално решение за спречување на затнати пори, комедони и воспаленија.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба:
Чекор 1 – Двојното чистење се препорачува во вечерната рутина. Како прв чекор од двојнотто чистење користете го Madagascar Centella Light Cleansing Oil. Нанесете неколку испумпувања од маслото на суво лице со суви раце. Масирајте со кружни движења за да ја растворите шминката. Обрнете посебно внимание на деловите со комедони или Т-зоната. Додадете малку вода за да се создаде млечна емулзија, па исплакнете со млака вода.
Чекор 2 – Како втор чекор од двојното чистење користете ја пената Madagascar Centella Ampoule Foam. Нанесете мала количина од пената на влажни дланки и тријте додека не се создаде богата пена. Нежно масирајте го лицето и на крај темелно исплакнете.
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Gentle Cleansing Milk е нежно млеко за чистење и длабинска хидратација што темелно ја чисти кожата без да ја наруши природната влажност.
Тоа е богато и хранливо млеко за чистење кое без напор ги отстранува нечистотиите без да го наруши нивото на природна влажност на кожата. Овој производ е дизајниран како чистење кое истовремено делува и како нега, со формула која содржи 63% хидратантна есенција за кожата да остане мека и без чувство на затегнатост по миењето. Неговата формула со ниска киселост помага во одржување на здрава pH вредност на кожата.
Она што го прави ова млеко посебно е неговата патентирана „Reverse Micelle“ технологија, каде капсули помали од типичните липозоми содржат хијалуронска киселина за нејзина поефикасна апсорпција во кожата. Благодарение на својата нежна текстура и смирувачките состојки, производот е безбеден за чувствителната кожа и за зоната околу очите бидејќи не предизвикува пецкање. Клиничките испитувања потврдуваат дека ова млеко ја подобрува длабинската хидратација на кожата за 31.63% само со еден процес на чистење.
Збогатен е со екстрат од Мадагаскарска азиска центела со висока чистота. МадаМадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој производ е соодветен за сите типови кожа, а особено се препорачува за сува и чувствителна кожа на која и е потребна дополнителна заштита на бариерата за време на чистењето.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од млекото на кожата и нежно масирајте со кружни движења за да ја растворите шминката и нечистотиите. Потоа темелно исплакнете го лицето со млака вода.
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Bakuchiol Eye Cream 20ml е крем за околу очи со антиејџ дејство.
Тоа е богат, но брзоапсорбирачки крем заспецијално развиен за нежна нега на чувствителната кожа околу очите и спечување на проблемите кои најчесто се јавуваат во оваа регија.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Бакучиолот е познат по тоа што ја стимулира природната продукција на колаген, со што ефективно помага во намалување на појавата на фини линии и брчки и ја подобрува еластичноста на кожата. Формулата е дополнително збогатена со ниацинамид за осветлување на темните кругови, нискомолекуларна хијалуронска киселина за длабинска хидратација и Ceramide NP за зајакнување на кожната бариера. Кремот има богата, млечна текстура која брзо се впива, оставајќи ја деликатната зона околу очите помазна, посвежа и сјајна.
Овој SKIN1004 крем за очи е идеален за сува, нормална и чувствителна кожа која бара нежен антиејџ третман и интензивна хидратација без иритација. Има и силиконски апликатор кој овозможува нежна масажа на областа околу очите и околу устата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на врвот на прстот или користете го силиконскиот апликатор за нежно да го нанесете производот околу деликатната област на очите. Тапкајте со прстот додека не се апсорбира целосно. Користете како последен чекор од вашата вечерна рутина за нега на кожа.