Земја на производство: Република Кореја
Состав: Polyisobutene, Cellulose gum, Hydrogenated Styrene/Methylstyrene/Indene copolymer, Pectin.
330 ден Original price was: 330 ден.314 денCurrent price is: 314 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Spot Cover Patch (22 парчиња) се лепенки за дискретна заштита и брзо заздравување на акните.
Тоа се тенки, хидроколоидни лепенки дизајнирани за ефикасен третман на акни и воспалени места. Овие лепенки делуваат така што го апсорбираат вишокот себум, нечистотиитеи гнојот од внатрешноста на акните, истовремено создавајќи заштитна бариера против надворешни бактерии и иритации. Благодарение на својата екстремно тенка и полупроѕирна структура, тие се речиси невидливи на лицето и овозможуваат природно заздравување на кожата во чиста и изолирана средина.
Пакувањето содржи 22 лепенки во две различни големини (10mm и 12mm), што овозможува прецизно таргетирање на воспаленијата во зависност од нивната големина. Овие патентирани хидроколоидни лепенки се водоотпорни и одлично прилепуваат на кожата, што ги прави погодни за носење во текот на целиот ден или ноќ. Нивниот дискретен дизајн дозволува дури и нанесување на шминка директно преку нив, прикривајќи го воспалението додека работат на негово смирување.
Овој SKIN1004 производ е незаменлив дел од приборот за секој со кожа склона кон акни, бидејќи го забрзува процесот на регенерација и спречува создавање на лузни преку запирање на навиката за физичко истиснување на мозолчињата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба:
Земја на производство: Република Кореја
Состав: Polyisobutene, Cellulose gum, Hydrogenated Styrene/Methylstyrene/Indene copolymer, Pectin.
330 ден Original price was: 330 ден.314 денCurrent price is: 314 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule 100ml е најпознатиот производ на брендот SKIN1004.
Оваа иконична ампула (серум) која содржи 100% чист екстракт од азиска центела добиена од еколошки чистиот регион на Мадагаскар. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата. Бидејќи овој екстракт содржи неколку пати повеќе активни смирувачки состојки има помоќно дејство во споредба со обичната центела. Ампулата е дизајнирана да го врати нарушениот баланс на кожата предизвикан од агресивни надворешни фактори, обезбедувајќи моментално смирување и неверојатно чувство на комфор.
Со лесна и брзоапсорбирачка текстура, овој корејски серум длабоко ја хидрира кожата без да остави леплив финиш. Тој интензивно работи на зајакнување на заштитниот слој (бариерата) на кожата, ја обновува оштетената кожа и делува антиоксидантно. Редовната употреба помага да се балансира рамнотежата помеѓу маснотијата и влажноста, што резултира со поздрав, поизедначен и сјаен тен.
SKIN1004 Centella Ampoule е наменет за сите типови кожа, а особено е препорачлив за чувствителна, реактивна и сува кожа која бара длабока хидратација и ефикасно смирување на црвенилото и иритацијата. Идеален е за оние кои бараат чист, природен производ со минималистичка формула и една главна состојка која е докажана за обновување на кожата и намалување на воспалението.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата на дланка, а потоа рамномерно нанесете ја на исчистената кожа на лицето по употребата на тонер. Нежно тапкајте ја кожата со врвовите на прстите за да се поттикне целосна апсорпција на производот. Користете ја наутро и навечер.
SKIN1004 Hyalu-Cica Water-Fit Sun Serum SPF50+ PA++++ е крем за заштита од сонце со лесна и хидратантна формула која обезбедува највисока заштита од UVA и UVB зраци, без да остави бел траг и без лепливост. Со текстура налик на серум, овој производ лесно се апсорбира во кожата и создава природен, свеж финиш, идеален за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Не остава ниту најмало чувство на тежина, благодарение на лесната текстура, овој серум-крем се впива моментално и остава освежувачки, немасен финиш, совршен дури и за најтоплите денови.
Формулиран со чист екстракт од центела азиатика од Мадагаскар и хијалуронска киселина, ја смирува и длабински ја хидрира кожата, додека ја зајакнува нејзината природна бариера. Идеален е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, бидејќи не содржи мириси, есенцијални масла, ниту алергени. Лесната текстура создава чувство на свежина при нанесување и не предизвикува замастеност, правејќи го совршен и како подлога за шминка.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулата не содржи парфеми, е дерматолошки тестирана и не предизвикува иритации, што ја прави погодна дури и за најчувствителна кожа. Благодарение на иновативниот баланс помеѓу заштита и нега, кожата останува хидрирана, заштитена и визуелно уедначена во текот на целиот ден.
Користи 100% не-нано UV филтри, што значи дека честичките не навлегуваат во кожата туку обезбедуваат безбедна заштита на нејзината површина.
Клучни предности:
Уникатната формула на SKIN1004 Hyalu-Cica Water-Fit Sun Serum вклучува моќен BABY GREEN комплекс, добиен од 7 видови екстракти од никулци, извлечени со криогена метода на ниска температура (4°C) во тек на 72 часа. Овој прецизен процес овозможува максимално задржување на активните хранливи состојки, кои длабински ја штитат, хидрираат и ревитализираат кожата.
Содржи:
Овие природни компоненти делуваат синергично за да ја зајакнат бариерата на кожата, да го намалат оксидативниот стрес и да ја подобрат нејзината виталност.
Начин на употреба: Нанесете рамномерно на кожата како последен чекор од утринската рутина, 15 минути пред изложување на сонце. Повторете апликација на секои 2–3 часа при подолга изложеност.
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Jelly-Fit Ampoule Pad се меки ампулни влошки за интензивна хидратација, смирување и подобрување на текстурата на кожата. Формулата со Centella Asiatica и осум форми на хијалуронска киселина помага во задржувањето на влагата, додека ниацинамидот придонесува за посјаен и порамномерен изглед. Глуконолактонот, односно PHA, овозможува нежна секојдневна ексфолијација без агресивно чувство на кожата.
Бенефити:
• Обезбедуваат долготрајна хидратација
• Ја смируваат сувата и чувствителна кожа
• Помагаат во измазнување на нерамната текстура
• Нежно ги отстрануваат изумрените клетки со PHA
• Го подобруваат природниот сјај на кожата
• Ја подготвуваат кожата за рамномерно нанесување шминка
• Овозможуваат освежувачки и разладувачки ефект
Употреба: Поставете ги влошките на образите, челото или на деловите на кои им е потребна дополнителна хидратација. Оставете ги да делуваат како локална маска, потоа отстранете ги и нежно тапкајте ја преостанатата есенција до целосна апсорпција. Содржи 60 влошки.
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Bakuchiol Eye Cream 20ml е крем за околу очи со антиејџ дејство.
Тоа е богат, но брзоапсорбирачки крем заспецијално развиен за нежна нега на чувствителната кожа околу очите и спечување на проблемите кои најчесто се јавуваат во оваа регија.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Бакучиолот е познат по тоа што ја стимулира природната продукција на колаген, со што ефективно помага во намалување на појавата на фини линии и брчки и ја подобрува еластичноста на кожата. Формулата е дополнително збогатена со ниацинамид за осветлување на темните кругови, нискомолекуларна хијалуронска киселина за длабинска хидратација и Ceramide NP за зајакнување на кожната бариера. Кремот има богата, млечна текстура која брзо се впива, оставајќи ја деликатната зона околу очите помазна, посвежа и сјајна.
Овој SKIN1004 крем за очи е идеален за сува, нормална и чувствителна кожа која бара нежен антиејџ третман и интензивна хидратација без иритација. Има и силиконски апликатор кој овозможува нежна масажа на областа околу очите и околу устата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на врвот на прстот или користете го силиконскиот апликатор за нежно да го нанесете производот околу деликатната област на очите. Тапкајте со прстот додека не се апсорбира целосно. Користете како последен чекор од вашата вечерна рутина за нега на кожа.