1.750 ден Original price was: 1.750 ден.1.225 денCurrent price is: 1.225 ден.
1.750 ден Original price was: 1.750 ден.1.225 денCurrent price is: 1.225 ден.
За ботокс ефект без боцкање пробајте го неверојатниот FAU Core Intensive Eye Cream.
Дизајниран за професионална употреба во естетски центри и клиники, овој крем отсега е достапен и за домашна уотреба за да ви го донесе луксузот на професионалниот K-Beauty третман дома. Формулата има повисока концентрација на активни состојки од стандардните креми, па резултатите се видливи уште од почтокот на употребата. Ќе забележите помеки фини линии, посветол изглед и свежа, смирена зона околу очите.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ
Argireline (Acetyl Hexapeptide-8) е пептид кој ги релаксира микродвижењата на изразните мускули и помага да се намалат мимичните брчки околу очите со што дава ефект сличен на ботокс, но без боцкање.
Факторите на раст и комплексот од 7 пептиди ја поддржуваат регенерацијата и синтезата на колаген и еластин за поцврста и поеластична кожа.
Ниацинамидот и арбутинот придонесуваат за побистар, поодморен изглед на очите и намалена појава на темни кругови.
Комплексот од 17 аминокиселини ја поттикнуваат кожата сама да произведува колаген, со што се подобрува нејзината цврстина и еластичност, длабински хидрираат и ја зајакнуваат заштитната бариера.
Наместо дестилирана вода содржи нероли водена основа која дава поголема свежина и сјај.
Формулата брзо се впива, не остава лепливост и е соодветна и за чувствителна кожа.
Моќен крем за подмладување со висока концентрација на PDRN.
Benton Fermentation кремот за очи е богат со анти-ејџинг состојки и состојки за длабинска нега на кожата како што се ферментите, пептидите, церамиди и натриум хијалуронатот. Овозможува одржување на мазна и младешка кожа во регијата околу очите. Може да се користи за чувствителна и сува кожа, кожа со брчки и слаба еластичност, дехидрирана и затегната кожа, кожа на која ѝ е потребно осветлување и хидратација, кожа која е чувствителна на штетни хемикалии.
Мини делукс пакувањето е дизајнирано да ги задоволи потребите во текот на патувањата. Содржи доволна количина да ги покрие вашите потреби вo текот на две седмици, а нема да гo оптерети вашиот багаж со непотребна тежина.