770 ден Original price was: 770 ден.657 денCurrent price is: 657 ден.
Нема на залиха
Додека вие сонувате, маската за лице Panda’s Dream работи напорно за да го осветли тонот на вашата кожа, за да можете да се разбудите со здрава и светла и блескава кожа. Видно помазната и помека кожа е само добар ноќен одмор со нашата лесна, осветлувачка маска.
770 ден Original price was: 770 ден.657 денCurrent price is: 657 ден.
Нема на залиха
Овој хидратантен тонер нежно ја освежува и смирува кожата, создавајќи изедначен тен што е инстантно ревитализиран, осветлен и омекнат. Антиоксидансот ферментиран зелен чај го надополнува и балансира нивото на влага во кожата, ја прочистува и подготвува кожата поефикасно да апсорбира серуми и навлажнувачи.
Сакате да ја пополните кожата која старее и да ги намалите брчките? Пред спиење користете ја оваа серумска маска збогатена со состојки против стареење вклучувајќи 100.000 ppm колаген. AHA, BHA и PHA во формулата ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и даваат мазен финиш. Пептидите и еластинот обезбедуваат хидратантна нега. Со додадените состојки од лаванда, ароматичната серумска маска ви помага да се опуштите за подобар сон. Нанесете пред спиење за да се разбудите со затегната кожа.
Придобивки:
Оваа маска за спиење со 100.000 ppm колаген делува во текот на ноќта за наутро да се добие сјајна и еластична кожа .
Збогатена со 60.000 ppm AHA, BHA и PHA, ги отстранува мртвите клетки од кожата за да ја врати мазната текстура на кожата.
Хидратантните состојки како што се пептид и еластин ја хидрираат кожата.
Лесната текстура на ампулата лесно се апсорбира без да остави мрснотија.
Начин на употреба:
1. Во последниот чекор од ноќната нега на кожата, нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте за полесно да се апсорбира.
2. Препорачливо е да се користи еднаш или двапати неделно.
Предупредување: При првата употреба може да се почувствува мало пецкање или црвенило.
Маската за спиење Ultimate Nourishing Rice Overnight Spa Mask содржи 65% екстракт од ориз и други природни состојки за осветлување, негување и хидратација на вашата кожа додека спиете. Нанесете ја навечер во последниот чекор од Вашата рутина за нега на кожата. Оставете ја да делува преку ноќ додека спиете . Исплакнете ја следниот ден.
Предности:
Ноќната маска која содржи 65% екстракт од корејски ориз обезбедува хидратација и осветлувачки ефект додека спиете за да се разбудите сои мека, мазна и посветла кожа. Содржи 3,9% ниацинамид за хидратација на кожата, за омекнување и за подобрување на текстурата на кожата снабдувајќи ја со хранливи материи во текот на целата ноќ. Клинички тестирана за иритација на кожата. Погодна за чувствителна кожа.
Може да се користи и како хидратантен крем.
Начин на употреба:
Во последната фаза од вашата вечерна рутина за нега на кожата, нанесете ја ноќната маска рамномерно на лицето и оставете ја преку ноќ за подобра апсорпција.
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Sleeping Pack 100ml е ноќна маска за хидратација и регенерација на кожата додека спиете.
Тоа е ноќна маска во вид на ноќен крем со лесна, ладна гел текстура која е дизајнирана да ја подмлади, хидрира и смири кожата во текот на ноќта. Оваа корејска ноќна маска ја користи моќната Hyalu-Cica (центела и хијалуронска киселина) комбинација, вода од лист од азиска центела од Мадагаскар за смирувачка нега и три вида хијалуронска киселина за длабока, долготрајна хидратација. Наутро, кожата е мека, одморена и полна со здрав сјај.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Особеноста на оваа формула лежи во додавањето на мелатонин, моќен антиоксиданс кој природно се ослободува во текот на ноќта. Мелатонинот го подобрува обновувањето на кожата, ги намалува знаците на замор и делува анти-ејџ на кожните клетки. Заедно со нано-церамидите (Ceramide NP), кои длабоко се апсорбираат, маската интензивно ја зајакнува бариерата на кожата, ја штити од дехидратација и помага во изедначување на тенот.
Оваа ноќна маска (Sleeping Pack) е идеален за сите типови кожа, а особено за сува, дехидрирана, уморна и чувствителна кожа која има потреба од ревитализација и регенерација. Маската може да се чува во фрижидер пред употреба за засилен ефект на ладење и смирување на кожата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Навечер, како последен чекор од вашата основна рутина за нега на кожата (по чистење, тонирање и серум), нанесете обилна количина од маската рамномерно на лицето и вратот. Не е потребно плакнење. Оставете ја маската да дејствува преку ноќ и исплакнете го лицето наутро.