820 ден
Нема на залиха
Верно на своето име, оваа супер долготрајна и високопигментирана формула ги обојува усните како тетоважа, трае цел ден без да треба повторно нанесување во текот на денот! И нека не ве лаже лесната текстура – ова е џем формула преполна со масла што ги одржуваат усните хидрирани во текот на денот. Усните не само што изгледаат совршено шокантно, туку и шокантно совршено.
820 ден
Нема на залиха
Дали посакувате полни и свежи усни со привлечен сјај? Лесно ќе го постигнете посакуваниот ефект со Non-Sticky Dazzle Tint, мастилата за усни на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Благодарение на 8-те вида на хијалуронска киселина, усните добиваат волимен и полн изглед по само една минута од нанесувањето. Хијалуронската киселина ги снабдува усните со потребната влажност и ги одржува полни и свежи во текот на целиот ден.
Мешавината од природни масла ги одржува усните добро навлажнети спречувајќи да се губи водата. Тие ја снабдуваат кожата со потребните хранливи материи и се богати со витамини и минерали. Маслото од шипка е богато со витамините А, Ц и Е кои го спречуваат стареењет на кожата.
Скваланот го поттикнува создавањето на колаген во кожата одржувајќи ја поцврста и еластична, што ги прави усните пополни. Ја штити кожата од слободните радикали и го спречува нејзиното предвремено стареење.
𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 Non-Sticky Dazzle Tint мастилата за усни имаат лесна текстура и ви даваат чувство на удобност и меки усни во текот на денот. Достапни се во 8 нијанси со сјајна завршница.
Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.
За совршени веѓи со природен изглед пробајте ги Wonder Drawing Skinny Eye Brow моливчињата на Holika Holika.
Веѓите ги надополнуваат со боја со природен изглед, а благодарение на својата текстура не се размачкуваат и нијансата останува долго време. Интегрираната на веѓите им дава дополнителна прецизност и совршена форма. Восокот, кој го содржат моливчињата придонесува за долготраен ефект и отпорност при потење. Содржи витамин C и шеа путер кој имаат поволно дејство врз кожата.
Употреба: Веѓите со помош на четка се поставуваат во саканата насока. Со помош на моливчето се зајакнува линијата на веѓите, а со мали линии се имитираат влакната на веѓите. Потребно е да се обрне поголемо внимание на повисокиот дел од веѓите и особено на работ на веѓата.
За совршен изглед на вашите трепки ви ја препорачуваме маскарата Holika Holika Holi Pop Detail Cara Volume & Curl. Закривената четкичка овозможува брзо да се создаде волумен без грутки рамномерно распоредувајќи ја маскарата. Формулата со целулозни влакна ги продолжува трепките давајќи им волумен и создавај дополнителен слој кој спречува маскарата да отпаѓа во текот на денот.
Содржи пантенол, витамин H и биотин кои ги штитат трепките, ги потхрануваат и го поттикнуваат нивниот раст.