820 ден
Нема на залиха
Tonymoly Perfect Lips Shocking Lip се долготрајни мастила за усни.
Верно на своето име, оваа супер долготрајна и високопигментирана формула ги обојува усните како тетоважа, трае цел ден без потреба од повторно нанесување во текот на денот!
Одберете трендовска нијанса која ќе ви даде шик изглед според вашиот карактер.
И нека не ве лаже лесната текстура – ова е џем формула преполна со масла што ги одржуваат усните хидрирани во текот на денот. Усните не само што изгледаат совршено шокантно, туку и шокантно совршено.
Збогатени со состојки кои ја негуваат кожата како витамин Е, масло од арган, масло од јојоба, масло од шипинка, шиа путер и др. на усните им ја пружаат потребната хидратација и нега.
820 ден
Нема на залиха
Футрола за сенки дизајнирана за серијата Piece Matching Shadow која содржи 4 дупки, koja ви овозможува да креирате сопствена палета за сенки.
Ајлајнер кој обезбедува нежна апликација, не ја оштетува и не ја истегнува нежната кожа на очните капаци. Кога е целосно сув, создава трајна обвивка, која не се размачкува. Овој ајлајнер во форма на удобен молив ви овозможува да креирате и тенка и дебела линија, во зависност од аголот на апликацијата. Заситените пигменти задржуваат богата боја цел ден, а соиното масло се грижи за чувствителната кожа на очните капаци.
Употреба: Нежно повлечете ја линијата за очи долж линијата на трепките.
Дали посакувате полни и свежи усни со привлечен сјај? Лесно ќе го постигнете посакуваниот ефект со Non-Sticky Dazzle Tint, мастилата за усни на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Благодарение на 8-те вида на хијалуронска киселина, усните добиваат волимен и полн изглед по само една минута од нанесувањето. Хијалуронската киселина ги снабдува усните со потребната влажност и ги одржува полни и свежи во текот на целиот ден.
Мешавината од природни масла ги одржува усните добро навлажнети спречувајќи да се губи водата. Тие ја снабдуваат кожата со потребните хранливи материи и се богати со витамини и минерали. Маслото од шипка е богато со витамините А, Ц и Е кои го спречуваат стареењет на кожата.
Скваланот го поттикнува создавањето на колаген во кожата одржувајќи ја поцврста и еластична, што ги прави усните пополни. Ја штити кожата од слободните радикали и го спречува нејзиното предвремено стареење.
𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 Non-Sticky Dazzle Tint мастилата за усни имаат лесна текстура и ви даваат чувство на удобност и меки усни во текот на денот. Достапни се во 8 нијанси со сјајна завршница.
Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.