705 ден Original price was: 705 ден.564 денCurrent price is: 564 ден.
Нема на залиха
Дадете им привлечeн изглед со мат боја на вашите усни, со Hug Velvet тинтовите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Достапни во 6 нијаси сто се екстра лесни тинтови со мек финиш и кадифена текстура за удобно чувство на вашите усни.
Направени со пигмент кој може да го надградувате со додавање на слоеви, за да добиете нежна обоена градација за вашиот дневен изглед или поинтензивна боја за вечерната шминка.
За совршено мека и навлажнета кожа, овие тинтови содржат масло од семе од Orbignya попознат како масло од бабасу, маслиново масло и путер од семе од манго богато со витамин Е и витамин Ц. Овие масла се одлични антиоксиданти и навлажнувачи.
Што е многу важно, производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.
705 ден Original price was: 705 ден.564 денCurrent price is: 564 ден.
Нема на залиха
Задржи го беспрекорниот изглед на твојата шминка со TIRTIR Mask Fit Makeup Fixer, спреј за фиксирање кој овозможува свежина, сјај и долготрајност. Овој фин мист создава заштитен слој што ја контролира сјајноста, ја штити кожата од влагата во воздухот и овозможува меко замаглен ефект (blur), со што станува совршен завршеток на секоја рутина за убавина.
Овој спреј комбинира иновација и висок перформанс за да обезбеди беспрекорен изглед што трае цел ден. За разлика од обичните фиксативи, тој нуди фин спреј со широк агол за совршена апликација и мек замаглен ефект за завршница без несовршености. Без разлика дали станува збор за долги работни часови или специјален настан, твојата шминка останува свежа и стабилна дури и во услови на топлина и влага. Овој спреј е задолжителен дел од секоја козметичка колекција.
Држи го шишето на растојание од околу 20 до 30 сантиметри од лицето и испрскај рамномерно откако ќе ја завршиш шминката. Остави производот да се исуши природно за да добиеш беспрекорен и долготраен изглед. Спрејот е погоден за сите типови кожа, помага да се контролира вишокот на маснотии и истовремено ја одржува хидратацијата. Формулата е лесна и не остава леплив или тежок слој, а благодарение на заштитната бариера, шминката останува стабилна и отпорна на влага и топлина во текот на целиот ден.
TIRTIR Mask Fit Red Cushion е течна пудра со перниче со совршена покривност и долготрајност.
Откријте ja TIRTIR Mask Fit Red Cushion – хидратанна и лесна cushion пудра (течна пудра со перниче) која обезбедува целосна покривност со природен, полу-мат финиш. Формулата се нанесува рамномерно, ги изедначува тоновите на кожата, ја хидрира и обезбедува долготрајна удобност без чувство на тежина.
Клучни карактеристики:
Создадена за оние што бараат совршен баланс помеѓу покривност, хидратација и природен изглед.
Обезбедува беспрекорно покривање до 72 часа во 40 инклузивни нијанси и истовремено хидратира, ги замаглува порите, го изедначува тенот и без напор прикрива, со лесна формула што е дерматолошки тестирана и идеална за чувствителна кожа, на која ѝ веруваат експертите и е создадена за секого.
Зошто да го изберете TIRTIR Mask Fit Red Cushion?
Користете го House of Hur Glowy Ampoule Tint за сјај, боја и хидратација три во едно. Дозволете вашите усни да зборуваат со боја и сјај – откријте ја нијансата која го доловува вашиот стил.
Сјајниот течен кармин Glowy Ampoule Tint на House of Hur е создаден за усни кои зрачат со свежина и софистицираност. Наменет за жени со суптилен, но уникатен стил, овој кармин нуди богата боја, луксузен сјај и долготрајна нега.
Пружа интензивна хидратација со природни активни состојки. Формулата е збогатена со 15 витамини и манука мед, кои ги хранат усните, ја подобруваат нивната текстура и го спречуваат сушењето. Совршен е за секојдневна употреба, без лепење и без тежина.
Живописни нијанси и стаклен сјај, бојата се прилепува рамномерно и останува свежа со часови, додека сјајната завршница додава волумен и деликатна елеганција.
Начин на употреба: Со апликаторот нанесете мала количина на средината на усните и распоредете рамномерно кон рабовите. Може да се користи самостојно за природен сјај или над молив/кармин за интензивен ефект. За најдобар резултат, нанесете на чисти и суви усни. За поинтензивна боја нанесете два пати.
Совет за чување: Чувајте го на ладно и темно место за да ја задржи својата оригинална текстура и боја.
PlumPang Color Lip Balm е високо хидратантен балзам за усни што обезбедува природен слој на боја, додека длабински ги негува и штити усните со природни масла.
Нанесете директно на усните за моментална хидратација, боја и сјај. За поинтензивен ефект, нанесете повеќе слоеви.
PlumPang Color Lip Balm – повеќе од обичен балсам, за усни полни со боја, волумен и нега!