1.686 ден 1.349 ден
Нема на залиха
За совршено мазен и свеж изглед на кожата користете го Satin Wear Healthy Green Cushion на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Тоа е функционален козметички производ со тројна функција:
Совршено ги покрива сите несовшености на кожата додека на кожата ѝ дава природен изглед со полу мат завршница со пригушен сатенски сјај.
Благодарение на бакучиолот кој го содржи овој крем, помага во намалување на брчките. Бакучиолот е природна и веганска алтернатива на ретинолот. Го забрзува метаболизмот на кожата и циклусот на обновување на клетките, ги репарира оштетувањата на кожата и го стимлулира создавањето на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.
Содржи 76% хидратантна есенција која ја одржува свежината на кожата во текот на целиот ден.
Благодарение на иновативниот трослоен систем за прилепување и прилагодување на кожата, составен од пигмент со сферични честички, филм и маслo, овој крем давa долготрајна покривност без бришење или згрутчување.
Дизајнот на кутивчето кај кое кремот се истиснува од контеинерот со притискање на копче, дозволува хигиенско чување и користење на производот.
Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.
1.686 ден 1.349 ден
Нема на залиха
Стикот за заштита од сонце SKIN1004 Hyalu-Cica Silky-Fit Sun Stick SPF50+ PA++++ е иновативен балсам во цврста форма кој нуди повеќе од само заштита од сонце. Тој комбинира хидратација, смирување, антиоксидантна нега и визуелно подобрување на текстурата на кожата во еден лесен чекор. Благодарение на неговата компактна форма и свиленкаста формулација, овој стик е идеален за секојдневна употреба и лесно се нанесува дури и над шминка, без лепливост или бел траг.
Светлосиниот тон на стикот доаѓа од природни состојки, а неговата кремаста, но лесна текстура при допир се топи и создава мек, свилен финиш со природен блур ефект. Кожата веднаш изгледа посвежо, порамно и поуредно, како да е покриена со нежен, мат порцелански слој. Составот е специјално формулиран за да одговара на сите типови кожа, вклучително и чувствителна, без да ги затвори порите или да создаде чувство на тежина.
Погоден за сите типови кожа, вклучително и чувствителна, стикот нуди висока SPF50+ PA++++ заштита од УВА и УВБ зраци, без да ја оптоварува кожата или да остави чувство на тежина.
Формулата содржи внимателно избрани активни состојки:
Покрај заштитата со висок SPF50+ PA++++, овој стик нуди и напредна нега:
Начин на употреба: Нанесете рамномерно на лицето како последен чекор во вашата рутина за нега. Повторувајте ја апликацијата секои 2–3 часа при изложеност на сонце или по потење, капење или бришење на лицето.