Земја на производство: Република Кореја
590 ден Original price was: 590 ден.490 денCurrent price is: 490 ден.
Земја на производство: Република Кореја
590 ден Original price was: 590 ден.490 денCurrent price is: 490 ден.
Matrigen Acne-Free Active Ampoule е вашето решение за нормализирање на балансот на кожата преку зајакнување на бариерата која е нарушена од надворешни стимулации. Оваа ампула е направена со хипоалергена формула со ниска киселост, слична на природната pH вредност на кожата, што ја одржува здрава.
Клучната моќ на оваа формула лежи во високата концентрација на вода од лист на азиска центела и нејзините деривати како мадекасосид. Наместо прочистена вода, како база се користи вода од лист на азиска центела, која е позната по своите извонредни својства за смирување. Ова помага брзо да се смири иритацијата, да се ублажи црвенилото и да се зајакне бариерата.
Matrigen Acne-Free Active Ampoule е идеално решение за нормализирање на балансот и прочистување на проблематичната кожа.
Matrigen Acne-Free Active Ampoule е револуционерен професионален производ за интензивно смирување и балансирање на масната и реактивна кожа. Оваа ампула е тајната за порамномерна, чиста и поотпорна кожа. Формулирана со хипоалергена технологија и со малку кисела pH вредност, слична на природната на кожата, таа ефикасно ја санира и зајакнува кожната бариера нарушена од надворешни стимулации и воспаленија. Ампулата делува длабински, насочувајќи се кон нерамномерната текстура и вишокот себум, помагајќи ѝ на кожата да го врати својот природен, здрав баланс.
Клучните состојки на оваа ампула се вода од лист на азиска центела и екстракт од чајно дрво, состојки препознаени по нивните извонредни својства за смирување и прочистување. Тие активно ја ублажуваат иритацијата, го контролираат вишокот на себум и спречуваат губење на влажноста. Заборавете на реактивната и немирна кожа, Matrigen Acne-Free Active Ampoule работи длабински за да ја врати виталноста и здравјето на вашата кожа, нудејќи ревитализација одвнатре. За поголема ефикасност може да се користи со дерма пен или дерма ролер.
Зошто да ја изберете Matrigen Acne-Free Active Ampoule?
Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на Matrigen, наменета за напредна нега и смирување на кожата склона кон акни. Активните состојки делуваат на повеќе нивоа, помагајќи во детоксикација на кожата, подобрување на нејзиниот имунитет и зајакнување на заштитната бариера против иритации. Со редовна употреба, кожата станува почиста, помазна и со подобрен тон. Има тројно дејство, пружа интензивно смирување, прочистување на текстурата и хидратација. Уникатниот Acne-Free комплекс, заедно со моќните растителни екстракти, овозможува долготрајна хидратација без да го масти тенот, задржувајќи ја влагата во кожата и давајќи ѝ природен, здрав сјај.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
Идеално Решение за оние кои:
Начин на употреба: Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина. Може да се нанесува локално, со апликатор (tok stick), дерма пен или дерма ролер.
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Intensive Ampoule е интензивна ампула (серум) за обновување на бариерата на кожата
Тоа е високо концентрирана ампула дизајнирана за да обезбеди интензивно смирување, хидратација, цврстина и сјај на кожата. Овој корејски серум ја користи патентираната Probio-Cica формула која комбинира ферментиран екстракт од Centella Asiatica (вклучувајќи TECA) и церамиди (Ceramide NP) за да ја зајакне и обнови оштетената заштитна бариера на кожата.
Текстурата на ампулата е млечна и густа, но неверојатно брзо се апсорбира во кожата, оставајќи свиленкаст и сјаен финиш без леплив остаток. Формулата содржи церамиди, фитостероли и масни киселини формулирани во златен сооднос 3:1:1, што е оптимален однос за ефективно заклучување на влагата во кожата. Ферментираниот екстракт од центела од Мадагаскар има и пробиотско и антибактериско дејство кое ја намалува иритацијата и ја одржува здравата микробиома на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа ампула е наменета за сува, нормална и комбинирана кожа, а особено е корисна за кожа која е чувствителна, иритирана или има потреба од зајакнување на еластичноста и регенерација. Таа е идеална за постигнување здрава, сјајна и мека кожа.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата со помош на пипетата директно на чисто лице. Рамномерно нанесете ја на кожата и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете апсорпцијата. Користете по тонер, а пред хидратантен крем.
Matrigen Hydra Cellular Ampoule пружа моќна хидратација за длабинки хидрирана и свежа кожа.
Тоа е револуционерен професионален производ за ултра-интензивна хидратација и долготрајна ревитализација. Формулирана со иновативна технологија и моќни хидратантни состојки. Ампулата делува длабински, исполнувајќи ја секоја клетка со влага и ја заштитува кожата од сувост и надворешни фактори. Таа ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата, видливо ги намалува фините линии предизвикани од дехидрација, оставајќи ја кожата мазна, цврста и со здрав сјај.
Клучна состојка е 7-слојна хијалуронска киселина, односно комплекс од седум типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна маса, кои продираат низ различните слоеви на кожата за длабинска рамномерна хидратација, од подлабоките слоеви се до заштитен влажен слој на површината.
Содржи над 10% комплекс од 7 видови хијалуронска киселина. Оваа состојка е позната по своите извонредни својства за задржување на влагата. Хијалуронската киселина активно создава бариера за влага, спречувајќи го нејзиното испарување и ефикасно го подобрува квалитетот на кожата.
Зошто да ја изберете Matrigen Hydra Cellular Ampoule?
Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на MATRIGEN, наменета за напредна нега и интензивна хидратација на кожата. Активните состојки, како што се 7-те видови хијалуронска киселина, помагаат во создавање резерви на влага во сите слоеви на кожата, подобрување на еластичноста и зајакнување на кожната бариера против губење на влага. Со редовна употреба, кожата станува поеластична, помазна и пополна, со видливо подобрен тонус и младешки сјај.
Ампулата нуди повеќекратна нега во едно, пружајќи совршен хидратантен и волуменизирачки ефект, подобрување на грубата текстура на кожата и ја прави кожата мазна и цврста. Благодарение на својата мека апликација и одличната хидратантна моќ, ја прави кожата сјајна по негата. Оваа ампула користи технологија за исполнување со влага која ја хидрира кожата одвнатре и ја задржува влажноста.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
Ова е идеален производ за оние кои:
Начин на употреба:
Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина.
Со Matrigen Hydra Cellular Ampoule, вашата кожа ќе биде подмладена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!