Земја на производство: Република Кореја
490 ден Original price was: 490 ден.392 денCurrent price is: 392 ден.
Земја на производство: Република Кореја
490 ден Original price was: 490 ден.392 денCurrent price is: 392 ден.
Сакате да ја пополните кожата која старее и да ги намалите брчките? Пред спиење користете ја оваа серумска маска збогатена со состојки против стареење вклучувајќи 100.000 ppm колаген. AHA, BHA и PHA во формулата ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и даваат мазен финиш. Пептидите и еластинот обезбедуваат хидратантна нега. Со додадените состојки од лаванда, ароматичната серумска маска ви помага да се опуштите за подобар сон. Нанесете пред спиење за да се разбудите со затегната кожа.
Придобивки:
Оваа маска за спиење со 100.000 ppm колаген делува во текот на ноќта за наутро да се добие сјајна и еластична кожа .
Збогатена со 60.000 ppm AHA, BHA и PHA, ги отстранува мртвите клетки од кожата за да ја врати мазната текстура на кожата.
Хидратантните состојки како што се пептид и еластин ја хидрираат кожата.
Лесната текстура на ампулата лесно се апсорбира без да остави мрснотија.
Начин на употреба:
1. Во последниот чекор од ноќната нега на кожата, нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте за полесно да се апсорбира.
2. Препорачливо е да се користи еднаш или двапати неделно.
Предупредување: При првата употреба може да се почувствува мало пецкање или црвенило.
SKIN1004 Madagascar Centella Matrixyl 10 Boosting Shot Ampoule е високо концентрирана K-Beauty ампула која обезбедува интензивна хидратација, јакнење на кожната бариера, зголемување на волуменот на кожата и намалување на брчките. Со содржина од 10% Matrixyl 3000® и хијалуронска киселина со ултра-ниска молекуларна тежина, оваа формула ефективно ја обновува еластичноста и ја прави кожата мазна, полна и цврста.
Boosting Shot системот со микро-спикули со мадагаскарска Centella asiatica овозможува длабинска апсорпција, создавајќи микропатеки за ефикасен трансфер на активните состојки. Клинички е докажано дека апсорпцијата е зголемена за 132.8%, а хидратацијата и волуменот се подобруваат веднаш по првата употреба. Само едно нанесување ја враќа хидратацијата низ 10 слоеви на кожата со ефект кој трае 24 часа.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни придобивки:
10% Matrixyl 3000® за намалување на брчки и зголемување на цврстината
Хијалуронска киселина за длабинска и долготрајна хидратација
Азиска центела од Мадагаскар за смирување и зајакнување на бариерата
Volufiline 5% за подобрување на волуменот и полн изглед
Пантенол за дополнителна нега и хидратација
Начин на употреба:
По чистење и тонирање, нанесете неколку капки од ампулата на лицето.
Нежно тапкајте додека целосно не се апсорбира.
Продолжете со хидратантен крем или серум.
Користете наутро и навечер за оптимални резултати. Совет: Комбинирајте ја со вашиот омилен серум или крем за дополнителни антиејџ и хидратантни ефекти.
Со SKIN1004 Matrixyl 10 Boosting Shot, кожата добива инстантна хидратација, подобрен волумен и видливо обновена текстура, без иритации, погодна и за чувствителна кожа.
Откријте ја моќта на мултифункционална нега со SKIN1004 Centella Ampoule Kit, сет со 4 најпродавани ампули (серуми) од брендот SKIN1004. Формулирани со внимателно избрани активни состојки, овие мини ампули се идеални за тестирање и носење, нудејќи решенија за смирување, осветлување на темни дамки, нега на акни и намалување на порите. Совршен избор за комбинирана, мрсна, чувствителна и кожа со акни.
Овој сет е идеален начин да ја запознаете вашата кожа со најдоброто од SKIN1004 и да откриете која ампула најмногу ѝ одговара.
Овие ампули се богати се со екстракт мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Centella Ampoule – Иконичната ампула на SKIN1004 содржи 100% екстракт од чиста Centella аsiatica од Мадагаскар, кој содржи 7 пати повеќе активни смирувачки состојки од вообичаената центела. Длабоко ја хидрира кожата, ја смирува иритацијата, го зајакнува заштитниот слој и делува антиоксидантно. Препорачана за чувствителна кожа што бара моментално смирување.
Tone Brightening Capsule Ampoule – Оваа ампула со лесна есенција-гел текстура содржи микро-капсули со патентираната состојка Madewhite™ и 4% ниацинамид. Делува таргетирано против темни дамки и нерамномерен тен, додека 2% транексамичната киселина ја намалува продукцијата на меланин. Формулата е базирана на иновативна oil-in-water гел технологија која овозможува длабинска хидратација без лепливост.
Tea-Trica Relief Ampoule – Формулирана за кожа склона кон акни, оваа ампула комбинира екстракт од чајно дрво (90.000 ppm), екстракт од бор, јаглика и вода од хамамелис за ефективно смирување на воспаленија и намалување на себумот. Anti-Sebum P комплексот ги затегнува порите и ја прочистува кожата. Продуктот е тестиран како некомедоген и безбеден за чувствителна кожа со акни.
Poremizing Fresh Ampoule – Идеална за проширени пори и нерамна текстура, оваа освежувачка ампула содржи хималајска розева сол со 80 минерали за детоксикација на кожата. Комплексот од 9-пептиди поттикнува синтеза на колаген и еластин, додека екстрактот од алое вера (10.000 ppm) смирува и хидрира. Лесната, немасна формула остава чист и свеж финиш без лепливост.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата на чиста кожа и тапкајте нежно со дланки за подобра апсорпција.