-
MATRIGEN Lipo Exosome Excellent Pack 80g
1.790 денOriginal price was: 1.790 ден.1.253 денCurrent price is: 1.253 ден.Matrigen Lipo Exosome Excellent Pack е професионална корејска peel-off маска од новата генерација, дизајнирана да и подари на кожата неверојатен сјај и длабинска исхрана. Овој третман се издвојува по својата уникатна способност при нанесувањето да формира специјална прозрачна мембрана која делува со „двојно повратно влијание“, заклучувајќи ја влагата и активните состојки длабоко во дермалниот слој. Текстурата се нанесува како густ бел крем кој при сушењето станува целосно транспарентен, оставајќи го лицето со стаклен сјај (glass skin) без никакво чувство на лепливост.
Оваа маска нуди решение за оние кои се соочуваат со груба текстура и безживотен тен, за зрела кожа на која и е потребен дополнителен волумен и зацврстување, како и за лицата кои сакаат ефикасно да ги намалат пигментните дамки. Производот е идеален за сите кои бараат хипоалергенски професионален третман кој регенерира. Благодарение на премиум состојките, таа видливо ги измазнува брчките и ја ревитализира уморната кожа, правејќи ја мека и еластична по секоја употреба.
Водата од свила е носечкиот елемент во оваа формула, која наместо обична вода, обезбедува протеинска основа за силна стимулација на природен колаген. Таа овозможува еколошко и нежно отстранување на мртвите клетки, истовремено зголемувајќи ја цврстината и сјајот на кожата.
PDRN или полидеоксирибонуклеотид, претставува револуционерна биолошки активна состојка која се добива од ДНК на лосос и е високо ценета во естетската медицина и козметологија. Оваа ДНК има структура компатибилна на човечката, што ја прави исклучително ефикасна за регенерација на ткивата. PDRN ѝ помага на кожата првенствено со забрзување на процесот на обновување на клетките, значително го намалува воспалението, ја подобрува еластичноста и хидратацијата, и има силен антиејџ ефект преку интензивно стимулирање на производството на колаген и еластин.
Eгзозомите претставуваат високософистициран систем за транспорт на активни состојки. Егзозомите се микроскопски меурчиња или гласници, кои клетките природно ги ослободуваат за да комуницираат меѓу себе. Тие носат важни протеини и хранливи материи за регенерација.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува екстремна хидратација која ја исполнува кожата одвнатре.
- Формира заштитна мембрана која спречува губење на хранливите материи.
- Видливо го подобрува волуменот кај зрелата и опуштена кожа.
- Помага во елиминирање на пигментацијата и изедначување на тенот.
- Овозможува нежна ексфолијација и чистење на порите без иритација.
- Го стимулира заздравувањето на микро-оштетувањата и ја смирува кожата.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Вода од свила дава протеинска основа која ја затегнува кожата и дава свиленкасто мазна текстура.
- Липоегзозомите (екстракт од калус на еделвајс) се моќен антиоксиданс кој ја поттикнува регенерацијата и формира нов заштитен слој.
- PDRN (Sodium DNA) е клучна состојка за заздравување која ја зголемува клеточната активност и синтезата на колаген.
- Егзозомите од Centella Asiatica делуваат антиинфламаторно, ја смируваат иритираната кожа и ја потиснуваат пигментацијата.
- Аденозинот и ниацинамидот прават комбинација за ефикасно разгладување на брчките и осветлување на кожата.
- Хидролизираниот колаген помага во одржување на еластичноста и цврстата структура на лицето.
Начин на употреба: Пред да започнете со употреба, протресете ја тубата за состојките внатре добро да се измешаат. Темелно измијте го лицето и нанесете малку тонер или доколку имате сува кожа, можете да лесен серум како подлога. Истиснете соодветна количина од маската (околу 10g се доволни за целото лице) и рамномерно распоредете ја по лицето. Избегнувајте го пределот директно околу очите и усните. Оставете ја маската да делува 30 до 40 минути. Ќе забележите како белата текстура полека станува целосно проѕирна, формирајќи тенка мембрана која ги „заклучува“ активните состојки во кожата. Откако маската е сува, нежно одлепете ја почнувајќи од краевите на лицето. Важно е да не ја плакнете маската со вода, бидејќи во допир со вода таа станува желатинеста и тешко се вади. Нема потреба од повторно миење на лицето. Остатокот од есенцијата што ќе остане на кожата нежно втапкајте го со прстите додека целосно не се впие за постигнување на максимален сјај.
-
MATRIGEN Lipo Exosome Excellent Pack 8gx10
2.390 денOriginal price was: 2.390 ден.1.673 денCurrent price is: 1.673 ден.Matrigen Lipo Exosome Excellent Pack е професионална корејска peel-off маска од новата генерација, дизајнирана да и подари на кожата неверојатен сјај и длабинска исхрана. Овој третман се издвојува по својата уникатна способност при нанесувањето да формира специјална прозрачна мембрана која делува со „двојно повратно влијание“, заклучувајќи ја влагата и активните состојки длабоко во дермалниот слој. Текстурата се нанесува како густ бел крем кој при сушењето станува целосно транспарентен, оставајќи го лицето со стаклен сјај (glass skin) без никакво чувство на лепливост.
Производот доаѓа во практично блистер пакување, што овозможува максимална хигиена, прецизно дозирање и зачувување на свежината на секоја поединечна доза.
Оваа маска нуди решение за оние кои се соочуваат со груба текстура и безживотен тен, за зрела кожа на која и е потребен дополнителен волумен и зацврстување, како и за лицата кои сакаат ефикасно да ги намалат пигментните дамки. Производот е идеален за сите кои бараат хипоалергенски професионален третман кој регенерира. Благодарение на премиум состојките, таа видливо ги измазнува брчките и ја ревитализира уморната кожа, правејќи ја мека и еластична по секоја употреба.
Водата од свила е носечкиот елемент во оваа формула, која наместо обична вода, обезбедува протеинска основа за силна стимулација на природен колаген. Таа овозможува еколошко и нежно отстранување на мртвите клетки, истовремено зголемувајќи ја цврстината и сјајот на кожата.
PDRN или полидеоксирибонуклеотид, претставува револуционерна биолошки активна состојка која се добива од ДНК на лосос и е високо ценета во естетската медицина и козметологија. Оваа ДНК има структура компатибилна на човечката, што ја прави исклучително ефикасна за регенерација на ткивата. PDRN ѝ помага на кожата првенствено со забрзување на процесот на обновување на клетките, значително го намалува воспалението, ја подобрува еластичноста и хидратацијата, и има силен антиејџ ефект преку интензивно стимулирање на производството на колаген и еластин.
Eгзозомите претставуваат високософистициран систем за транспорт на активни состојки. Егзозомите се микроскопски меурчиња или гласници, кои клетките природно ги ослободуваат за да комуницираат меѓу себе. Тие носат важни протеини и хранливи материи за регенерација.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува екстремна хидратација која ја исполнува кожата одвнатре.
- Формира заштитна мембрана која спречува губење на хранливите материи.
- Видливо го подобрува волуменот кај зрелата и опуштена кожа.
- Помага во елиминирање на пигментацијата и изедначување на тенот.
- Овозможува нежна ексфолијација и чистење на порите без иритација.
- Го стимулира заздравувањето на микро-оштетувањата и ја смирува кожата.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Водара од свила дава протеинска основа која ја затегнува кожата и дава свиленкасто мазна текстура.
- Липоегзозомите (екстракт од калус на еделвајс) се моќен антиоксиданс кој ја поттикнува регенерацијата и формира нов заштитен слој.
- PDRN (Sodium DNA) е клучна состојка за заздравување која ја зголемува клеточната активност и синтезата на колаген.
- Егзозомите од Centella Asiatica делуваат антиинфламаторно, ја смируваат иритираната кожа и ја потиснуваат пигментацијата.
- Аденозинот и ниацинамидот прават комбинација за ефикасно разгладување на брчките и осветлување на кожата.
- Хидролизираниот колаген помага во одржување на еластичноста и цврстата структура на лицето.
Начин на употреба: Пред да започнете со употреба, протресете ја тубата за состојките внатре добро да се измешаат. Темелно измијте го лицето и нанесете малку тонер или доколку имате сува кожа, можете да нанесете лесен серум како подлога. Истиснете соодветна количина од маската (околу 10g се доволни за целото лице) и рамномерно распоредете ја по лицето. Избегнувајте го пределот директно околу очите и усните. Оставете ја маската да делува 30 до 40 минути. Ќе забележите како белата текстура полека станува целосно проѕирна, формирајќи тенка мембрана која ги „заклучува“ активните состојки во кожата. Откако маската е сува, нежно одлепете ја почнувајќи од краевите на лицето. Важно е да не ја плакнете маската со вода, бидејќи во допир со вода таа станува желатинеста и тешко се вади. Нема потреба од повторно миење на лицето. Остатокот од есенцијата што ќе остане на кожата нежно втапкајте го со прстите додека целосно не се впие за постигнување на максимален сјај.
-
MATRIGEN Lipoexosome Aboslute Power Routine
7.060 денOriginal price was: 7.060 ден.4.942 денCurrent price is: 4.942 ден. -
MATRIGEN LipoExosome B-Archive Complex 10ml
1.890 денOriginal price was: 1.890 ден.1.323 денCurrent price is: 1.323 ден.Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex е моќна есенција за затегнување на кожата и обнова на бариерата на кожата.
Оваа есенција (серум) пружа длабинска нега и го враќа младешкиот сјај на кожата. Овој револуционерен производ помага во интензивно производство на колаген и еластин во опуштената и слаба кожа, нудејќи брзо решение за затегнување и ревитализација.
Тоа е високо концентриран професионален серум кој ја користи најновата технологија на егзозоми и микрогранули од церамиди (ceramide beads) за да испорача витални хранливи материи и хидратација длабоко во дермисот. Неговата посебна карактеристика е комбинавијата на егзозоми и микрогранули од церамиди, која е дизајнирана да ја зајакне кожната бариера и ефикасно да спречи губење на влажноста, додека истовремено работи на намалување на брчките.
Што се Егзозоми и зошто се иднината на Anti-Age негата? Замислете ги егзозомите како интелигентни „микро-курири“ кои носат витални пораки за регенерација длабоко во вашата кожа, таму каде што обичните креми не можат да стигнат. Тие не делуваат само површински, туку директно комуницираат со вашите клетки, давајќи им сигнал да се „разбудат“ и повторно да почнат интензивно да произведуваат сопствен колаген и еластин. Оваа напредна технологија овозможува вистинско подмладување одвнатре-нанадвор, резултирајќи со кожа која е видливо позатегната, помазна и со обновен, младешки сјај.
Оваа напредна формула содржи супериорни состојки за максимална нега на зрела кожа:
- Екстракт од култура на калус од Leontopodium Alpinum (Еделвајс), кој е извор на егзозоми, обезбедува ефект на смирување, избелување, заштита и помага во спречување на стареењето на кожата.
- PDRN (Poly Deoxy Ribo Nucleotide) е парче ДНК извлечено од сперма на лосос, слично по структура на човечката ДНК, кое помага за зајакнување на кожната бариера и обезбедува влажност и исхрана. PDRN исто така промовира синтеза на колаген и помага во регенерација на ткивото.
- Церамид NP (Ceramide NP) спречува губење на влажноста од кожата, ја зајакнува кожната бариера и помага во подобрување на брчките. Тие се клучот за цврста и хидрирана кожа. Тие се природни липиди (масти) кои сочинуваат над 50% од заштитната бариера на вашата кожа. Нивната функција е како „малтер“ што ги држи заедно клетките на кожата, спречувајќи го губењето на влагата и бранејќи ја кожата од надворешни иританси и загадување. Со стареењето или при оштетување, нивото на церамиди опаѓа, што доведува до сувост, чувствителност и црвенило. Козметиката со церамиди ја обновува оваа бариера, обезбедувајќи долготрајна хидратација, ја смирува иритацијата и ја прави кожата цврста, мека и отпорна.
- Седум видови на пептиди помагаат за зацврстување на кожата, зајакнување на бариерата, активирање на циркулацијата и спречување на оксидативниот стрес, што резултира со здрава и затегната кожа.
- Течност од хумани матични клетки (Human Stem Cell Conditioned Media) помага во подобрување на брчките, хидрира, избелува и има смирувачки ефект, а богато е со фактори на раст.
За кого е наменет Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex? Наменет е за оние кои сакаат:
- Да ја зацврстат опуштената кожа и да ѝ ја вратат еластичноста.
- Да ја обноват грубата кожа која има потреба од специјална нега.
- Да се справат со брчките на лицето, вклучувајќи ги линиите околу очите, вратот и назолабијалните брчки.
- Длабински да ја исполнат својата кожа со хранливи материи и да го подобрат сјајот.
- Да обезбедат интензивна нега за линиите на кожата и работи на подобрување на густината на кожата, давајќи ѝ блескав и сјаен тен.
Начин на користење: Користете го Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex по чистење и тонирање на лицето, пред нанесување крем. Отворете го капачето. Одвртете го осигурувачот на задниот дел од контејнерот во насока на стрелките на часовникот и притиснете го копчето. Нанесете соодветна количина на критичните зони со брчки, околу очите, назолабијалните брички и брчките на вратот. Лесно тапкајте со врвовите на прстите додека серумот целосно не се апсорбира.
Со Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex откријте ја тајната за цврста кожна бариера и младешки сјај!
-
Matrigen LipoExosome Cellular Complex 200g
3.790 денOriginal price was: 3.790 ден.2.653 денCurrent price is: 2.653 ден.MATRIGEN LipoExosome Cellular Complex е производ од LipoExosome линијата на MATRIGEN, достапен како двокомпонентен систем кој содржи Complex 200 mg и Solution 5 ml.
Пакувањето содржи:
• Complex 200 mg × 5 парчиња
• Solution 5 ml × 5 парчиња -
MATRIGEN LipoExosome Gratify Furrow Complex 10ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.Matrigen Lipo Exosome Gratify Furrow Complex е иновативен крем-филер специјално дизајниран за интензивна нега, исхрана и подмладување на најчувствителната кожа околу очите. Овој третман користи напредна формула со липо-егзосоми која продира длабоко за да ја врати еластичноста и да ги измазни изразените брчки. Она што го прави уникатен е металниот ролер-апликатор кој овозможува лесно нанесување со ефект на ладење и масажа, помагајќи во намалување на отоците и подобрување на микроциркулацијата за свеж изглед. Текстурата е исклучително мека, хидратантна и нелеплива, што овозможува брза апсорпција на активните состојки без масен финиш.
Тој нуди решение за оние кои се загрижени за длабоките брчки и фините линии околу очите, за оние кои имаат потреба од специјална нега за груба и опуштена кожа, како и за оние кои имаат потреба од осветлување на темните кругови околу очите. Овој производ е идеално решение за сите кои се соочуваат со видливи знаци на стареење околу очите и бараат професионален третман кој може да се користи во секојдневната рутина. Благодарение на неговата способност да го врати волуменот и цврстината, тој е совршен за секојдневна или професионална нега. Не предизвикува иритации и е прилагоден за најчувствителната кожа околу очите.
Acetyl Hexapeptide-8 познат како аргирелин е клучниот пептид во оваа формула кој делува на опуштање на мускулните контракции. Познат е како „ботокс во шишенце“ бидејќи помага во видливо измазнување на мимичките брчки без потреба од инвазивни процедури.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува интензивно подмладување и враќање на еластичноста на кожата околу очите.
- Ефикасно ги измазнува фините линии и длабоките мимички брчки.
- Видливо ги осветлува темните кругови и го изедначува тенот на деликатната зона.
- Пружа длабинска хидратација и интензивна исхрана на сувата и груба кожа.
- Металниот ролер нуди моментален ефект на ладење и ја смирува иритираната кожа.
- Делува како филер кој го враќа волуменот и ја зацврстува опуштената кожа.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Шиа путерот (100,000 ppm) интензивно ја храни кожата и ја задржува влагата со помош на природните витамини А и Е.
- Липоегзосомите (20,400 ppm) претставуваат специјален екстракт кој го стимулира подмладувањето на клеточно ниво.
- Бакучиолот е растителна алтернатива на ретинолот која го поттикнува производството на колаген и еластин без иритација.
- Хидролизираниот колаген (1,000 ppm) ја зголемува густината на ткивото и ја зајакнува структурата на кожата.
- 7-те видови пептиди работат на зајакнување на кожната бариера и спречуваат оксидативен стрес.
- Хидролизираниот протеин од грашок содржи пептид (Eternal P) помага во синтезата на колаген и ја подобрува апсорпцијата на другите состојки.
- Ниацинамидот и аденозинот обезбедуваат двојна функционалност за осветлување на тенот и пополнување на брчките.
Начин на употреба: По миење на лицето, користете го металниот ролер за да го нанесете кремот со нежни кружни движења околу очите. Потоа, со врвовите на прстите нежно тапкајте додека производот целосно не се апсорбира. Се препорачува редовна употреба наутро и навечер за постигнување на најдобри резултати во зацврстувањето на кожата.
-
MATRIGEN Lipoexosome Prickle Permeate Cream 50ml
2.390 денOriginal price was: 2.390 ден.1.673 денCurrent price is: 1.673 ден.MATRIGEN Lipoexosome Prickle Permeate Cream е иновативен крем кој ја носи козметиката на иднината директно во вашата рутина, овозможувајќи им на активните состојки да навлезат длабоко во кожата. Овој третман користи напредна технологија со спикули и липоегзозоми кои делуваат како прецизен систем за транспорт, обезбедувајќи максимална апсорпција на клучните хранливи материи. Текстурата е исклучително мека и хидратантна, не остава лепливо чувство и брзо се впива, оставајќи ја кожата здрава, мазна и видливо обновена.
Овој крем нуди решение за оние кои имаат проблеми со опуштена кожа и проширени пори, за оние на кои им е потребна еластичност кај тенка кожа со знаци на стареење, како и за лицата кои бараат ефикасен третман за лузни и неправилности. Производот е идеален за сите кои сакаат професионални анти-ејџ резултати со видлив ефект на подмладување и сјај во домашни услови. Благодарение на својата моќна формула, тој ја враќа цврстината на контурите на лицето и помага во одржување на здрава и чиста кожа. Тоа е крем со кој ќе го почувствувате бенефитот на најиновативните и најефикасни состојки денес преку еден производ, спикули, PDRN со висока конценрација и егзозоми. Покрај тоа содржи и витамин Ц, транексамична киселина, глутатион и арбутин, состојки познати по својата ефиксаност во подобување на тенот и намалување на хиперпигментацијата.
Резултатот е помалку брчки, поцврста контура на лицето, намалени пори и неверојатен сјај!
Додека вообичаените PDRN производи содржат околу 5 000 ppm, нашиот содржи двојно повеќе, 10 000 ppm PDRN! Ова значи многу поголема ефикасност, побрза регенерација и ВИДЛИВ ЕФЕКТ на подмладување! PDRN или полидеоксирибонуклеотид, претставува револуционерна биолошки активна состојка која се добива од ДНК на лосос и е високо ценета во естетската медицина и козметологија. Оваа ДНК има структура компатибилна на човечката, што ја прави исклучително ефикасна за регенерација на ткивата. PDRN ѝ помага на кожата првенствено со забрзување на процесот на обновување на клетките, значително го намалува воспалението, ја подобрува еластичноста и хидратацијата, и има силен антиејџ ефект преку интензивно стимулирање на производството на колаген и еластин.
Спикулите се микроскопски иглички добиени од хидролизиран морски сунѓер, кои делуваат како „природен микронидлинг“ без употреба на апарат. Кога ќе ја нанесете кремата, овие невидливи иглички навлегуваат во површинскиот слој на кожата и таму оставаат микро-канали, кои овозможуваат активните состојки како PDRN или витамините да се апсорбираат многу подлабоко и побрзо. Тие помагаат за побрза регенерација, го стимулираат природното обновување на клетките, ја подобруваат текстура и ги намалуваат лузните и проширените пори.
Eгзозомите претставуваат високософистициран систем за транспорт на активни состојки. Егзозомите се микроскопски меурчиња или гласници, кои клетките природно ги ослободуваат за да комуницираат меѓу себе. Тие носат важни протеини и хранливи материи за регенерација.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Овозможува природен „микронидлинг“ ефект кој ги отвора микро-каналите во кожата за да продрат активните состојки, а и самиот процес го стимулира создавањето на колаген и еластин.
- Интензивно го забрзува процесот на регенерација и обновување на клетките.
- Видливо ги намалува порите, лузните и фините линии.
- Ја подобрува еластичноста и ја зацврстува бариерата на кожата.
- Обезбедува длабинска хидратација и долготрајно задржување на влагата.
- Го изедначува тенот и помага во намалување на хиперпигментацијата.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Спикулите се микроскопски иглички од морски сунѓер кои отвараат микроканалчиња во кожата и овозможуваат активните состојки да навлезат подлабоко и побрзо.
- Липоегзозомите (Егзозоми + Липозоми) се софистицирани микро-меурчиња кои ги доставуваат активните состојки како PDRN и пептиди директно до клетките кои имаат потреба од обнова.
- PDRN (10,000 ppm) е револуционерна состојка за брза регенерација, хидратација и силен анти-ејџ ефект.
- Ниацинамидот и аденозинот имаат двојна функционалност за осветлување на тенот и подобрување на еластичноста.
- Шиа путерот обезбедува моќен навланувачки ефект и ја штити кожата од иритација.
- Хидролизираниот колаген ја подобрува еластичноста и ја зголемува густината на кожата.
- 7-те видови пептиди и бакучиолот го активираат клеточниот циклус и го поттикнуваат природното производство на еластин.
- Глутатионот, транексамичната киселина и витаминот Ц прават комплекс за неверојатен сјај и борба против пигментацијата.
Начин на употреба: Како последен чекор од вечерната рутина за нега, нанесете соодветна количина од кремот на исчистено лице и рамномерно распоредете го. Следното утро, исчистете ја кожата со тупфер или соодветно средство за чистење. Се препорачува за вечерна употреба за да се овозможи максимална регенерација во текот на ноќта.
-
MATRIGEN LipoExosome Proxy Powder 15ml
1.890 денOriginal price was: 1.890 ден.1.323 денCurrent price is: 1.323 ден.MATRIGEN LipoExosome Proxy Powder 15ml е иновативен третман во форма на фина пудра која при нанесување се трансформира во нежна кремаста текстура. Формулата содржи егзозоми од Centella Asiatica и Pro-Xylane и е наменета за сува, безживотна, груба кожа и кожа со намалена еластичност.
Бенефити:
• Помага во подобрување на еластичноста и цврстината на кожата
• Обезбедува интензивна хидратација
• Помага во зајакнување на кожната бариера
• Ја измазнува грубата текстура на кожата
• Придонесува за посјаен и посвеж изглед
• Има лесна текстура без лепливо чувствоНачин на употреба:
Нежно притиснете го задниот дел од пакувањето и нанесете ја пудрата на лицето. Масирајте со кружни движења додека пудрата не се трансформира во кремаста текстура и целосно не се апсорбира. Може да се користи наутро и навечер. -
MATRIGEN Lissom Soothing Gel 200ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.903 денCurrent price is: 903 ден.Matrigen Lissom Soothing Gel е повеќенаменски смирувачки гел дизајниран за инстантна хидратација и регенерација на кожата. Овој производ се издвојува по својата лесна, гел текстура која моментално го лади лицето и телото, продирајќи длабоко без да остави леплив финиш. Формулиран е да го врати нивото на влажност кај екстремно сувата или дехидрирана кожа и да ја заштити од надворешни иритации. Поради својата нежна природа, гелот е одличен за секојдневна употреба, оставајќи ја кожата мека, освежена и со видливо подобрен тонус.
Овој гел нуди решение за оние со чувствителна и иритирана кожа која лесно се зацрвенува, за лица со дехидрирана кожа на кои им е потребна интензивна хидратација, како и за смирување по изложување на сонце или козметички третмани. Производот е идеален за сите типови кожа и може да се користи на лицето и целото тело каде и да се чувствува затегнатост или непријатност. Благодарение на својата смирувачка моќ, тој е совршен сопатник во летниот период или како хидратантна база за секој ден.
Гвајазуленот (Guaiazulene) во комбинација со азиската центела се клучните носечки елементи во оваа формула. Гвајазуленот, познат по својата природна сина боја, има моќни антиинфламаторни својства кои моментално ги смируваат воспаленијата и помагаат во регенерација на оштетените клетки, додека центелата ја забрзува обновата и ја зајакнува кожната бариера.
Формулата е некомедогена и може да се употребува кај кожа склона кон акни.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Моментално ја лади и смирува иритираната и чувствителна кожа.
- Обезбедува длабинска хидратација и го спречува лупењето на сувата кожа.
- Помага во побрзо заздравување на кожата по изложеност на сонце.
- Ја подобрува еластичноста и мекоста на лицето и телото.
- Формира лесен заштитен слој кој ја задржува влагата.
- Нежна формула која не предизвикува иритации и брзо се апсорбира.
- Има некомедогена формула која не предизвикува акни.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Гвајазуленот е растителна компонента која интензивно смирува и помага кај изгореници и црвенила.
- Екстракт од азиска центела го поттикнува заздравувањето и ја регенерира кожата.
- Екстракт од малахит делува како силен антиоксиданс кој го штити лицето од оксидативен стрес.
- Хијалуронската киселина привлекува и задржува големо количество влага во клетките.
- Екстракт од мед ја храни кожата со витамини и делува како природен навлажнувач.
- Пантенолот и алантоинот обезбедуваат дополнителна заштита и омекнување на грубата кожа.
- Екстрактот од Portulaca Oleracea (тушт) помага во намалување на чешањето и иритациите.
Начин на употреба: По чистење на кожата, нанесете соодветна количина од гелот на лицето или телото. Распоредете го рамномерно со нежни движења и со врвовите на прстите нежно тапкајте додека производот целосно не се впие. Овој гел може да биде последен чекор ако имате мрсна или комбинирана кожа, особено во текот на летото. Неговата лесна текстура е доволна за да ја хидрира кожата без да ги затне порите или да предизвика дополнително мастење. Во овој случај, тој ја игра улогата на лесен хидратантен крем. Ако имате сува или дехидрирана кожа, овој гел е најдобро да се користи како „подлога“ за влажност. Геловите на база на вода брзо се впиваат, но на сувата кожа и се потребни и масти (липиди) за да ја „заклучат“ таа влага. Во овој сличај нанесете го гелот за да ја натопите кожата со влага, почекајте 1-2 минути да се впие, нанесете го вашиот вообичаен хидратантен крем за да создадете заштитна бариера. Може да се нанесува во подебел слој како смирувачка маска во итни ситуации. Доколку кожата ви е изгорена од сонце или иритирана по третман (како депилација или пилинг), нанесете го во подебел слој како маска. Оставете го да делува 10-15 минути. Она што кожата нема да го впие, можете нежно да го избришете со памук или да го вмасирате.За дополнителен ефект на ладење, чувајте го производот во фрижидер.
-
Matrigen NMN Beta Cleansing Foam 200ml
990 денOriginal price was: 990 ден.693 денCurrent price is: 693 ден.Matrigen NMN Beta Cleansing Foam е иновативна пена за миење лице која го претставува првиот и најважен чекор во вашата анти-ејџ рутина. Овој професионален производ не само што ефикасно ги отстранува нечистотиите, шминката и вишокот себум, туку истовремено ја активира кожата и ја подготвува за максимална апсорпција на хранливите материи. Текстурата е богата и кремаста, создавајќи обилна и нежна пена која овозможува свеж финиш без чувство на затегнатост, оставајќи го лицето хидрирано, еластично и ревитализирано.
Оваа пена нуди решение за оние кои бараат нежна, но ефикасна ексфолијација и контрола на себумот, за лицата со уморна кожа на која и недостасува цврстина, како и за оние кои сакаат да ја заштитат кожата од предвремено стареење уште при самиот чин на чистење. Производот е идеален за сите типови кожа, особено за зрела и дехидрирана кожа, бидејќи помага во одржување на оптималното ниво на влажност. Благодарение на својата балансирана формула, пената ја смирува кожата и ја подобрува нејзината хигиена со антибактериско дејство.
NMN (никотинамид мононуклеотид) во концентрација од 5,000 ppm е клучната состојка која го трансформира ова чистење во антиејџ третман. Како прекурсор на NAD+, NMN помага во поправка на ДНК на клетките и обезбедува енергија за нивна обнова, со што директно се бори против брчките и ја зголемува еластичноста на кожата веднаш по миењето.
Acetyl Hexapeptide-8 познат како аргирелин или „ботокс пептид“ делува на релаксирање на мускулните контракции. Познат е како „ботокс во шишенце“ бидејќи помага во видливо измазнување на мимичките брчки без потреба од инвазивни процедури.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува темелно чистење додека истовремено ја зацврстува кожата.
- Нуди блага ексфолијација која ги отстранува мртвите клетки и ја измазнува текстурата.
- Ја зголемува еластичноста и ја активира природната енергија на клетките.
- Го контролира лачењето на себум и ги прочистува порите.
- Ја заклучува влагата во кожата, спречувајќи дехидратација по миењето.
- Делува антиоксидативно и помага во спречување на пигментацијата.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Никотинамид мононуклеотид (NMN) е активна состојка која го забавува стареењето и ја поттикнува клеточната регенерација.
- Acetyl Hexapeptide-8 е познатиот „ботокс пептид“ кој помага во измазнување на мимичките линии и ја затегнува кожата.
- Екстракт од корен на Scutellaria Baicalensis е моќен антиоксиданс со противвоспалително дејство кој ја штити кожата од темни дамки.
- Екстрактот од Polygonum Cuspidatum ја спречува појава на нови брчки и меланин.
- Глицеринот и бетаинот безбедуваат супериорна хидратација и формираат заштитен филм на површината на кожата.
- Кокамидопропил бетаинот е нежно средство за чистење кое одржува стабилна pH вредност и ја намалува иритацијата.
- Хидролизираниот колаген и аденозин деливаат на враќање на волуменот и цврстината на лицето.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од пената на дланките и измешајте со малку вода за да создадете богата пена. Нежно масирајте го влажното лице со кружни движења, следејќи ја контурата на лицето. Темелно исплакнете со млака вода. Користете ја секое утро и вечер како прв чекор во вашата рутина за чиста, еластична и подмладена кожа.
-
MATRIGEN NMN Fine Active Formula 300 mg + 20 ml
2.990 денOriginal price was: 2.990 ден.2.093 денCurrent price is: 2.093 ден.MATRIGEN NMN Fine Active Formula е интензивен двофазен третман кој комбинира лиофилизиран прашок со NMN и активирачки раствор. Формулата е создадена за кожа со знаци на стареење, намалена еластичност, дехидратација и уморен изглед.
NMN, хидролизираниот колаген и Sodium Hyaluronate помагаат во одржување на хидратацијата и еластичноста на кожата, додека ниацинамидот и аденозинот придонесуваат за посјаен, поцврст и порамномерен изглед. Формулата дополнително содржи Lactobacillus Extracellular Vesicles, Centella Asiatica и пептиди.
Бенефити:
• Обезбедува интензивна хидратација
• Помага во подобрување на еластичноста и цврстината
• Придонесува за намалување на видливоста на фините линии
• Помага во ревитализација на уморната кожа
• Придонесува за посветол и порамномерен тен
• Помага во одржување на кожната бариера
• Ја остава кожата помазна, поеластична и посвежаНачин на употреба:
Отстранете го белото капаче и додајте го активирачкиот раствор во садот со лиофилизираниот прашок. Добро протресете додека состојките целосно не се соединат. Нанесете рамномерно на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето и нежно тапкајте до целосна апсорпција. -
MATRIGEN NMN Macro Cream 50ml
2.390 денOriginal price was: 2.390 ден.1.673 денCurrent price is: 1.673 ден.Matrigen NMN Macro Cream е висококвалитетен анти-ејџ крем дизајниран да ги забави процесите на стареење преку иновативна клеточна поддршка. Овој професионален производ користи напредна формула која продира длабоко во кожата за да ја врати нејзината цврстина, еластичност и здрав сјај. Текстурата на кремот е исклучително богата и хранлива, но со балансиран финиш кој не остава масни траги, што го прави идеален за секојдневна заштита и длабинско обновување на деликатната бариера на лицето.
Овој крем нуди решение за оние кои се соочуваат со видливи знаци на стареење, како што се губење на еластичноста и појава на длабоки брчки, за лица со уморен и сив тен на кои им е потребна ревитализација, како и за кожа изложена на агресивни фактори од околината. Производот е идеален за сите кои бараат долготрајна хидратација и зацврстување на контурите на лицето. Благодарение на својата нежна и безбедна формула, тој е соодветен и за чувствителна кожа, смирувајќи ги иритациите додека активно работи на подмладувањето.
NMN (никотинамид мононуклеотид) е „херој“ состојката во овој крем, прекурсор на молекулата NAD+ која е клучна за енергијата на клетките и поправка на ДНК. Со возраста, нивото на NMN природно опаѓа, а овој крем помага во неговото надополнување, со што директно се забавува оштетувањето на теломерите и се активираат процесите на клеточна регенерација и заштита од UV зрачењето.
Acetyl Hexapeptide-8 познат како аргирелин или „ботокс пептид“ делува на релаксирање на мускулните контракции. Познат е како „ботокс во шишенце“ бидејќи помага во видливо измазнување на мимичките брчки без потреба од инвазивни процедури.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува моќна поддршка за природната регенерација на кожата.
- Видливо ја подобрува еластичноста и ја зацврстува опуштената кожа.
- Ефикасно ги намалува фините линии и длабоките брчки.
- Пружа длабинска и долготрајна хидратација без тежина на лицето.
- Го осветлува тенот и му го враќа природниот сјај на лицето.
- Ја штити кожата од оксидативен стрес и слободни радикали.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Никотинамид мононуклеотид (NMN) е иновативен нуклеотид кој го поттикнува обновувањето на клетките и го забавува стареењето.
- Ацетил хексапептид-8 р пептид познат по својот „ботокс ефект“, овој пептид ги релаксира мускулите на лицето и ги измазнува мимичките брчки.
- Ниацинамидот и аденозинот прават моќна комбинација за изедначување на тенот, зајакнување на бариерата и поттикнување на синтезата на колаген.
- Маслото од авокадо и јојоба се богати со омега-9 масни киселини и лецитин, кои длабински ја хранат кожата и ја прават свиленкаста.
- Азиатикозидот (Centella Asiatica) е смирувачка состојка која го забрзува заздравувањето и има силно антиинфламаторно дејство.
- Витаминот Е (токоферил ацетат) е силен антиоксиданс кој спречува оштетување на клетките и го забавува процесот на ороговување.
- Multi-BSASM рстителен комплекс е мешавина од рузмарин, камилица и зелен чај за дополнителна антиоксидантна заштита.
Начин на употреба: Нанесете го кремот како последен чекор од вашата утринска или вечерна рутина за нега на кожата. Земете соодветна количина и нежно масирајте го лицето и вратот со кружни движења додека целосно не се впие. За најдобри резултати, користете го редовно за да овозможите NMN и пептидите континуирано да дејствуваат на подмладувањето на кожата.