-
OLPEO ГИФТ ВАУЧЕР 3000ден.
3.000 денКартичка со вредност и коверт со панделка (запишете во коментар која боја на коверт ја избирате – црвена, портокалова, темна-црвена, светло-розова)
-
-
OLPEO ГИФТ ВАУЧЕР 4000ден.
4.000 денКартичка со вредност и коверт со панделка (запишете во коментар која боја на коверт ја избирате – црвена, портокалова, темна-црвена, светло-розова)
-
OLPEO ГИФТ ВАУЧЕР 4000ден.
4.000 денКартичка со вредност и коверт со панделка (запишете во коментар која боја на коверт ја избирате – темно-сина, светло-жолта, светло-розова, темно-зелена, кафеава, жолта)
-
-
OLPEO ГИФТ ВАУЧЕР 6000ден.
6.000 денКартичка со вредност и коверт со панделка (запишете во коментар која боја на коверт ја избирате – црвена, портокалова, темна-црвена, светло-розова)
-
OLPEO ГИФТ ВАУЧЕР 6000ден.
6.000 денКартичка со вредност и коверт со панделка (запишете во коментар која боја на коверт ја избирате – темно-сина, светло-жолта, светло-розова, темно-зелена, кафеава, жолта)
-
-
Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches 3g (2 patches)
199 денOriginal price was: 199 ден.139 денCurrent price is: 139 ден.Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches се хидрогел лепенки за совршена нега за пределот околу очите
Тие се вашето решение за уморни очи, темни кругови и фини линии. Збогатени со кофеин, зелен чај и ниацинамид, овие хидрогел лепенки го намалуваат заморот и ја враќаат свежината на кожата околу очите.
Пакувањето содржи со 2 лепенки (еднократна употреба) е соовршено за брза нега кога сте на пат!
Со Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches во практично пакување, добивате брза, ефикасна нега каде и да сте. Овие лепенки се идеални за моментално намалување на уморот и враќање на свежината на кожата околу очите. Инспирирани се од Ban-Jjak што на корејски значи блескавост на со цел да ја отсликуваат свежината и сјајот на кожата што ги обезбедуваат овие лепенки.
Клучни состојки и придобивки:
- Кофеинот и зелениот чај ја поттикнуваат микроциркулацијата, го намалуваат отокот и ги осветлуваат темните кругови.
- Ниацинамидот о изедначува тенот, ја осветлува кожата и ги таргетира фините линии.
- Растителениот глицерин ( 14% ) обезбедува длабока хидратација и ја задржува влагата за здрав сјај.
- Ѓумбирот е природен антиоксидант што ја смирува и ревитализира кожата.
Начин на употреба: Отворете го пакувањето. Нанесете ги на чиста кожа околу очите. Оставете да делуваат 20-30 минути. Отстранете ги и нежно тапкајте ја преостанатата есенција за подобра апсорпција. Чувајте ги во фрижидер за дополнителен разладувачки ефект.
Зошто да ги изберете Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches?
- Веган се и без суровост кон животните.
- Лепенките се формулирани без синтетички мириси и се погодни за сите типови кожа.
- Го намалуваат отокот и ја освежуваат кожата под очите.
- Го враќаат одморниот изглед на очите.
Освежете ги вашите очи со Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches.
-
Ondo Beauty 36.5 Charcoal & Yuja Bubble Mask 25ml
220 денOriginal price was: 220 ден.154 денCurrent price is: 154 ден.Ondo Beauty 36.5 Charcoal & Yuja Bubble Mask е лист-маска за нежно чистење и осветлување на кожата.
Тоа е револуционерна маска за лице која комбинира длабинско чистење, осветлување и нежно ексфолирање. Инспирирана од корејскиот термин Pong-Pong, кој го симболизира освежувачкиот ефект на пукањето на меурчињата, оваа маска ви обезбедува искуство на нежно, но ефикасно чистење.
Клучни придобивки:
- Прави длабинско чистење. Црниот слој, направен од природни кокосови влакна со активен јаглен, ги апсорбира нечистотиите и го чисти себумот од порите.
- Нежно ексфолира. Комплексот од AHA и BHA киселини, вклучувајќи гликолна и салицилна киселина, ги отстранува мртвите клетки, откривајќи помазна и посвежа кожа.
- Ја осветлува кожата и го подобрува тенот. Збогатена со азиски јузу и валенциска мандарина, маската е богата со витамин Ц кој ја осветлува кожата и го изедначува тенот.
- Пружа антиоксидантна заштита. Екстрактите од амазонски Camu Camu и есенцијалните масла од бергамот, пачули и црвен кедар ја штитат кожата од слободните радикали.
- Има освежувачки мирис. Природната цитрусна и дрвенеста арома создава пријатно искуство за време на апликацијата.
Начин на употреба: Нанесете ја маската на чиста кожа на лицето. Оставете ја да делува 10-15 минути додека меурчињата нежно се формираат и чистат. Отстранете ја маската и измијте го лицето со млака вода за да ја завршите процедурата.
Совет: За оптимални резултати, користете ја еднаш неделно.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Charcoal & Yuja Bubble Mask?
- Добивате сеопфатна нега. Маската обезбедува длабинско чистење, хидратација, и освежување, сè во едно.
- Направена е од природни состојки. Направена од активен јаглен, природни влакна и растителни екстракти.
- Богата е со антиоксиданти. Витаминот Ц и есенцијалните масла ја ревитализираат кожата и ја прават блескава.
- Погодна е за сите типови кожа. Има лесна формула која не предизвикува иритации.
Состојки што прават разлика:
• Активниот јаглен длабински ги чисти порите и ја апсорбира нечистотијата.
• AHA и BHA киселините обезбедуваат хемиско ексфолирање за помазна кожа.
• Екстрактите од јузу и мандарина ја осветлуваат кожата и го изедначуваат тенот.
• Camu Camu е моќен извор на антиоксиданти и витамин Ц.
• Есенцијални масла создаваат релаксирачко искуство со природен ароматерапевтски ефект.Освежете ја и подмладете ја вашата кожа со Ondo Beauty 36.5 Charcoal & Yuja Bubble Mask.
-
Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask 25ml
220 денOriginal price was: 220 ден.154 денCurrent price is: 154 ден.Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask е лист-маска за длабинска хидратација и блескав тен.
Откријте ја совршената нега за вашата кожа со Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask. Оваа биоразградлива лист-маска, инспирирана од корејскиот термин Chok-Chok, ја обезбедува вашата кожа со длабинска хидратација и природен сјај. Совршена за оние кои тежнеат кон корејскиот „glass-skin“ изглед.
Клучни придобивки:
- Пружа интензивна хидратација. Хијалуронската киселина ја задржува влагата, правејќи ја кожата еластична и мазна.
- Ја смирува и прочистува кожата. Водата од хамамелис (88% ) ја смирува иритацијата, ги чисти порите и го минимизира нивниот изглед.
- Комплекс од 8 морски растенија, вклучувајќи морски нарцис и екстракти од алги, ја исполнуваат кожата со есенцијални хранливи материи и влажност.
- Го изедначива и осветлува тенот. Ниацинамидот го спречува формирањето на темни дамки и го подобрува тенот.
- Акваксилот ја оптимизира хидратацијата, создавајќи заштитна бариера против дехидрацијата, со резултати видливи за само 8 часа.
Како да се користи: Нанесете ја маската на чисто лице, усогласувајќи ги отворите со очите и усните. Оставете ја да делува 10-15 минути. Отстранете ја маската и масирајте ја преостанатата есенција во кожата додека целосно не се апсорбира. Не плакнете. Маската може да се користи како подготовка за шминка, благодарение на нејзината способност да ја подобри текстурата на кожата.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask?
Клучни состојки:
• Водата од хамамелис (88%) ја смирува кожатата, ги чисти и минимизира порите.
• Хијалуронската киселина обезбедува длабинска и долготрајна хидратација.
• Комплексот од морски растенија ја храни кожата со минерали и витамини.
• Ниацинамидот ја осветлува кожата и го спречува создавањето на темни дамки.
• Aquaxyl е иновативен комплекс од природни шеќери кој делува како „штит“ за влагата во кожата, обезбедувајќи долготрајна 3D хидратација. Оваа состојка не само што веднаш ја врзува водата, туку и ја зајакнува кожната бариера преку стимулирање на синтезата на есенцијални липиди и керамиди. Со негова помош, кожата станува поотпорна на надворешни влијанија, се намалува лупењето и се измазнуваат фините линии предизвикани од дехидратација, оставајќи го тенот свеж, мек и видливо пополн.Оживејте ја вашата кожа со Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask.
-
Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm 100g
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.183 денCurrent price is: 1.183 ден.Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm е маслен балсам за нежно, но темелно чистење на кожата.
Откријте го Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm, вашето совршено решение за ефикасно и нежно отстранување на шминка и нечистотии. Формулиран со природни масла и моќни активни состојки, овој вегански балсам за чистење го подигнува вашето искуство за нега на кожата на ново ниво.
Клучни придобивки:
- Со својата уникатна формулација, балсамот ефикасно ја отстранува шминката и нечистотиите. Ги разградува дури и најупорните водоотпорни шминки, оставајќи ја кожата чиста и свежа.
- Направен е од природни активни состојки. Содржи папаин добиен од од папаја, богат со витамини А и Ц, кој обезбедува антиоксидантна заштита и и прави нежна ексфолијација..
- Ја користи моќта на киселините. Вклучува трета генерација на AHA и PHA киселини кои ја обновуваат кожата и ги отстрануваат мртвите клетки за порамномерен тен.
- Има луксузен природен мирис. Есенцијалните масла од морски орев, кедар и бергамот даваат пријатен, природен мирис што ја разгалува кожата.
- Има лесна и нелеплива текстура и не остава мрсни остатоци, што го прави идеален за употреба без дополнителни средства за чистење.
Начин на употреба: Користејќи ја лопатката, извадете мала количина балсам (околу една лажичка). Оставете го балсамот да се стопи на вашите прсти за неколку секунди. Нанесете го на сува кожа и нежно масирајте додека не се разгради целата шминка. За водоотпорна шминка, користете памучен диск или крпа за лице. Исплакнете го лицето со млака вода и уживајте во свежата и мека кожа.
Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm?
- Погоден е за сите типови кожа. Благодарение на балансираната формулација, овој балсам е погоден за чувствителна, комбинирана и масна кожа.
- Веган е и еколошки. Изработен од растителни масла балсамот е cruelty free и без штетни состојки за човекот и околината.
- Компактен е и стабилен дури и при промени во температурата и затоа може да го понесете со себе кога патувате.
- Богат е со природни состојки, кои вклучуваат азиски цитрус јузу и шеќерна трска, популарни состојки во корејската козметика, за дополнителен сјај.
Состојки што прават разлика:
• Папаинот добиен од папаја е моќен антиоксидант со ексфолирачки својства што ја обновува кожата.
• AHA и PHA киселините нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, подобрувајќи ја текстурата.
• Есенцијалните масла, како масло од морски орев, кедар и бергамот обезбедуваат хидратација и релаксација.Совет за складирање: Чувајте го балсамот на ладно и суво место, далеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате неговата ефикасност.
Подигнете го вашето искуство за чистење на лицето на ново ниво со Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm.