-
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Nourishing Mask 22ml
150 денOriginal price was: 150 ден.105 денCurrent price is: 105 ден.SKIN1004 Probio-Cica Nourishing Mask е хранлива лист-маска која длабински ја негува и зајакнува кожната бариера. Формулирана со ферментиран екстракт од азиска центела од Мадагаскар, комплекс од 9 пептиди и церамиди, оваа маска интензивно хидрира, ја зацврстува кожата и ја штити од губење на влага.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Ферментираната центела овозможува подобра апсорпција на активните состојки и помага во смирување и обновување на иритирана кожа. Комплексот од пептиди ја зголемува еластичноста и придонесува за цврста и подмладена кожа, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и спречуваат дехидрација.
Со својата богата млечна есенција и ултрамек материјал кој совршено се прилепува, маската овозможува длабока нега без лепливост, оставајќи ја кожата мазна, сјајна и хидрирана. Идеална е за сува, нормална, комбинирана и осетлива кожа.
Придобивки:
- Длабока хидратација и интензивно хранење.
- Зацврстување и подобрување на еластичноста.
- Јакнење на кожната бариера и спречување на губење на влага.
Како се користи: По чистење на лицето нанеси тоник за подготовка на кожата. Отвори ја маската и постави ја рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и устата. Остави да делува 10-20 минути. Потоа отстрани ја и со нежни тапкања втриј го остатокот од есенцијата додека целосно не се апсорбира
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relaxing Mask 24ml
150 денOriginal price was: 150 ден.105 денCurrent price is: 105 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relaxing Mask е лист-маска специјално дизајнирана за смирување на иритирана, мрсна и кожа склона на акни. Богата со комплекс од чајно дрво, азиска центела од Мадагаскар и салицилна киселина, оваа маска помага да се намалат воспаленијата, да се исчистат порите и да се регулира вишокот себум.
Лесната и освежувачка есенција брзо се апсорбира без лепливост, додека кожата останува балансирана.
Придобивки:
- Смирување на воспаленија и црвенило кај чувствителна и кожа склона на акни.
- Чистење и минимизирање на порите со контрола на себумот.
Главни состојки:
- Tea Tree Extract ја смирува и ја освежува проблематичната кожа.
- Centella Asiatica Extract, го поддржува обновувањето и зајакнува кожната бариера.
- Salicylic Acid (BHA), делува со нежна ексфолијација за одзатнување на порите и превенција на акни.
Tea-Trica Relaxing Mask е идеално решение за оние што сакаат чиста, смирена и балансирана кожа без вишок масло и несакани нечистотии.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Glow Mask 25ml
150 денOriginal price was: 150 ден.105 денCurrent price is: 105 ден.Skin1004 Madagascar Centella Tone Brightening Glow Mask е маска за лице која овозможува природно осветлување и изедначување на тенот, додека ја смирува и хидрира кожата. Формулирана со екстракт од чиста Centella Asiatica од Мадагаскар, во комбинација со ниацинамид и транексамична киселина, оваа маска таргетира темни дамки, хиперпигментации и нерамномерен тон.
Со патентираната состојка MadeWhite™, ниацинамид и витамин Ц дериват (3-O-Ethyl Ascorbic Acid), овозможува осветлување на кожата и го намалува појавувањето на нови флеки. Маската е благо кисела за да го одржува pH балансот, додека ткаенината од микрофибер лесно се прилагодува на кожата, овозможувајќи удобна и ефективна нега.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Видливо осветлување и подобрување на тенот
- Намалување на темни дамки и пеги
- Смирување и зајакнување на кожната бариера
Погодна е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна.
Како се користи: Нанесете ја маската на чисто и тонирано лице, избегнувајќи ги очите и усните. Оставете ја 10-20 минути, потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Watergel Sheet Ampoule Mask 25ml
150 денOriginal price was: 150 ден.105 денCurrent price is: 105 ден.Skin1004 Madagascar Centella Watergel Sheet Ampoule Mask 25ml е освежувачка лист-маска натопена со концентрирана гел-есенција од чист екстракт на Centella Asiatica од Мадагаскар, глицерин и камилица. Маската обезбедува интензивна хидратација и длабинско смирување на чувствителната и иритирана кожа, помагајќи во регенерација и подобрување на кожната бариера.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Интензивна хидратација
- Смирување на иритирана и осетлива кожа
- Поддршка на кожната бариера
- Лесна и не-леплива формула со освежувачки ефект
Погодна за нормална, чувствителна и комбинирана кожа.
Формулата е збогатена со активни состојки како медеказинска киселина и асиатикозид кои го поттикнуваат создавањето колаген и го забрзуваат обновувањето на кожата. Екстрактот од камилица има антиинфламаторни својства кои дополнително ја смируваат кожата. Благодарение на глицеринот, кожата останува хидрирана и мека со секоја употреба.
Нежната и еластична лист-маска е изработена од мек материјал кој не се кине и обезбедува пријатно чувство при нанесување. Нелепливата ампула остава свеж и хидриран финиш без тежина на кожата.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
-
Sungboon Editor Deep Collagen Power Boosting Mask 37g x 4 pcs Set
1.760 денOriginal price was: 1.760 ден.1.232 денCurrent price is: 1.232 ден.