-
FRUDIA Green Grape Pore Peeling Big Pad – 1 piece
190 денOriginal price was: 190 ден.120 денCurrent price is: 120 ден. -
House Of Hur Brightening Skin Prep Essence Pad 140ml (70ea)
1.651 денOriginal price was: 1.651 ден.1.156 денCurrent price is: 1.156 ден.Започни ја рутината со свежина и сјај со Brightening Skin Prep Essence Pad, иновативни тупфери со тонер/есенција кои обезбедуваат интензивна хидратација и нега за осветлување и воедначување на тенот. Совршени за отстранување на наталожени нечистотии, мртви клетки и подготовка на кожата за следните чекори од рутината, овие тупфери се првиот чекор кон блескава, мазна и негувана кожа.
Изложеноста на УВ зраци доведува до зголемено создавање на меланин, појава на дамки, нерамномерен тен и губење на сјај. За да го спречиш ова, потребна е нега која дејствува и на површината и во длабоките слоеви на кожата. Brightening Skin Prep Essence Pad користи ефективна комбинација од алфа-арбутин и ниацинамид, заедно со екстракт од ориз и житарки од регионот Јеожу, за да го регулира производството на меланин, да ја намали хиперпигментацијата и да го изедначи тенот.
Со редовна употреба, тенот станува посветол, мазен и визуелно порамномерен. Формулата е доволно нежна за да се користи и наутро и навечер, бидејќи не создава чувствителност на сончева светлина.
Есенцијата од овие тупфери овозможува:
- Нежна ексфолијација за подобрување на текстурата
- Длабинска хидратација без лепливост
- Израмнување и осветлување на кожата
- Смирување на иритации и црвенило благодарение на природни растителни екстракти
Клучни состојки:
- Алфа-арбутинот е природен осветлувач што го блокира формирањето на меланин.
- Ниацинамидот го намалува брчките и го зајакнува кожниот бариерен слој.
- Екстрактот од ориз и житарки ја храни, хидрира и ја штити кожата од сушење.
Начин на употреба: По чистење на лицето, со приложената пинцета извади еден тупфер. Со текстурираниот дел помини нежно по целото лице, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа искористи ја мазната страна за дополнително навлажнување. Продолжи со серум и крем. Чувај го производот во исправена положба по отворање. Не го превртувај садот бидејќи есенцијата може да истече.
-
House Of Hur Clearing Skin Prep Essence Pad 140ml (70ea)
1.520 денOriginal price was: 1.520 ден.1.064 денCurrent price is: 1.064 ден.Започни ја рутината на чиста основа со Clearing Skin Prep Essence Pad, иновативни тупфери со тонер/есенција кои обезбедуваат две важни функции во едно, нежна ексфолијација и хидратација. Создадени за темелно отстранување на наталожени нечистотии, остатоци од шминка и мртви клетки, овие тупфери се првиот чекор кон здрава, избалансирана и сјајна кожа.
Поради влијанието на УВ-зраци, промени во температурата и ситна прашина, порите лесно се затнуваат, што доведува до појава на комедони, акни и губење на сјај. Clearing Skin Prep Essence Pad користи моќна комбинација на AHA, BHA и PHA киселини, дополнета со екстракт од црвено цвекло, за да обезбеди нежен пилинг без иритации, благодарение на AHA, BHA и PHA кои нежно ги отстрануваат мртвите клетки и вишокот себум. Пружаат длабинска хидратација и балансирање на себумот што ги прави совршени за кожа склона на акни или дехидрирана кожа со мрсни делови. Имаат смирувачки ефект благодаренире на екстрактот од црвено цвекло кој ја намалува иритацијата и црвенилото, дури и кај чувствителна кожа. Придонесуваат за побалансиран и рамномерен тен, редовната употреба ја подобрува текстурата на кожата и ѝ дава природен сјај.
Есенцијата од овие тупфери се апсорбира брзо и не остава лепливост, а во исто време дава чувство на освежување и смирување.
Главната состојка е црвено цвекло. Оваа суперхрана е богата со антиоксиданти и нутриенти кои го ублажуваат воспалението, го намалуваат ризикот од иритации, ја поддржуваат природната бариера на кожата.
Начин на употреба: По миењето на лицето, земи еден тупфер со приложената пинцета. Со текстурираниот дел избриши го лицето следејќи ја текстурата на кожата (избегнувај ја областа околу очи). Потоа со мазната страна помини уште еднаш за дополнителна хидратација. Продолжи со твојата вообичаена рутина. Чувај го производот во исправена положба по отворање.
-
MEDICUBE Kojic Acid Turmeric Resurfacing Toner 250ml
1.320 денOriginal price was: 1.320 ден.924 денCurrent price is: 924 ден.MEDICUBE Kojic Acid Turmeric Resurfacing Toner 250ml е тонер за обновување на површината на кожата, создаден за нега на темни дамки, нерамномерна текстура и кожа без сјај.
Формулата комбинира Kojic Acid и Turmeric Root Extract со Glycolic Acid (AHA), која помага во отстранување на наталожените мртви клетки и измазнување на текстурата. Niacinamide придонесува за порамномерен и посјаен тен, додека Panthenol, Allantoin, Ceramide NP и повеќе форми на хијалуронска киселина обезбедуваат хидратантна и смирувачка нега.
Бенефити:
• Помага во намалување на видливоста на темните дамки
• Придонесува за порамномерен и посјаен тен
• Glycolic Acid (AHA) помага во отстранување на мртвите клетки
• Помага во измазнување на нерамномерната текстура
• Содржи Kojic Acid и Turmeric Root Extract
• Niacinamide ја надополнува brightening негата
• Panthenol и Allantoin обезбедуваат смирувачка нега
• Ceramide NP ја поддржува кожната бариера
• Повеќе форми на хијалуронска киселина обезбедуваат хидратација
• Може да се користи и на делови од телото со нерамномерен тен и текстураНачин на употреба:
По чистење нанесете соодветна количина на чиста кожа и нежно тапкајте до целосна апсорпција. Може да се нанесува и на делови од телото како пазуви, лакти и колена. Поради присуството на Glycolic Acid, започнете постепено според толеранцијата на кожата и задолжително користете SPF во текот на денот. -
MEDICUBE PDRN Pink Niacinamide Milky Toner 150ml
1.250 денOriginal price was: 1.250 ден.875 денCurrent price is: 875 ден.ОПИС: Млечен тонер збогатен со PDRN кој помага кожата да да биде свежа и хидрирана со розов сјај. Содржи: PDRN ДНК од лосос кој ја прави кожата сјајна таргетирајќи го нееднаквиот тен, пептиди кои помагаат во подобрувањето на еластичноста на кожата, со ниацинамидот се постигнува мазна кожа и здрав тен, а церамидот го подобрува сјајот и цврстината на кожата. Подобрување на хидратацијата е 48,3% по 2 недели употреба. Некомедоген, тестиран како дневен тоник погоден и за проблематична кожа.
Начин на употреба: Нанесете умерена количина на целото лице и нежно тапкајте за да се апсорбира.
-
MEDICUBE Red Succinic Acid Peeling Pad 155g (70pcs)
2.190 денOriginal price was: 2.190 ден.1.314 денCurrent price is: 1.314 ден.Medicube Red Succinic Acid Peeling Pad се иновативни тонер тупфери, специјално формулирани за кожа склона кон акни и нерамномерен тен. Благодарение на моќната комбинација на сукцинска киселина, салицилна киселина (BHA) и гликолна киселина (AHA), овие ексфолирачки тампони делуваат директно на изворот на акните, намалувајќи ги несаканите изливи и прочистувајќи ги порите.
Формулата е збогатена со пантенол и ниацинамид, кои помагаат во смирување на иритациите, намалување на црвенилото и зајакнување на кожната бариера. Со редовна употреба, кожата станува почиста, избалансирана и визуелно посветла.
- Некомедогена формула погодна за кожа склона кон несакани изливи
- Дерматолошки тестирана и ниско-иритирачка
- Одржува pH баланс помеѓу 3.5 и 5.5
- Без вештачки бои и мириси
- Пакување со одржливи материјали
Како да се користи: по чистење на лицето, земете еден тампон и нежно избришете го лицето со нагорни движења, избегнувајќи ја областа околу очите. За проблематичните делови, задржете го тампонот на кожата околу една минута. Потоа продолжете со остатокот од рутината, вклучувајќи серум и хидратантна крема.
Овие ексфолирачки тонер пупфери се доволно нежни за секојдневна употреба и се погодни како за тинејџерска, така и за возрасна кожа што има потреба од балансирање и обновување.
-
MEDICUBE Triple Collagen Toner 4.0 140ml.
1.250 денOriginal price was: 1.250 ден.875 денCurrent price is: 875 ден.MEDICUBE Triple Collagen Toner 4.0 140ml е хидратантен тонер со лесна воденеста текстура, создаден за нега на сува и безживотна кожа со намалена еластичност. Ја подготвува кожата за следните чекори од рутината и придонесува за мек, пополн и сјаен изглед.
Формулата содржи повеќе форми на колаген, вклучувајќи Hydrolyzed Collagen, Soluble Collagen и Atelocollagen. Niacinamide придонесува за посјаен и порамномерен изглед на тенот, додека Hyaluronic Acid и Sodium Hyaluronate помагаат во одржување на хидратацијата.
Бенефити:
• Обезбедува интензивна хидратација
• Содржи повеќе форми на колаген
• Помага во подобрување на изгледот на еластичноста
• Придонесува за поцврст и пополн изглед
• Помага кожата да изгледа помазно
• Niacinamide придонесува за порамномерен и посјаен тен
• Hyaluronic Acid помага во задржување на влажноста
• Adenosine обезбедува дополнителна anti-age нега
• Има лесна воденеста текстура
• Ја подготвува кожата за следните чекори од рутината
• Погоден за утринска и вечерна употребаНачин на употреба:
По чистење на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот директно со дланките или на памучен туфер и рамномерно распределете по лицето. Нежно тапкајте до целосна апсорпција, а потоа продолжете со серум и хидратантна крема. -
MEDICUBE Zero Pore Pads 2.0 150g (70 Pads)
2.190 денOriginal price was: 2.190 ден.1.533 денCurrent price is: 1.533 ден.Medicube Zero Pore Pads 2.0 се ексфолирачки тонер тупфери, специјално формулирани за длабинско чистење на порите, измазнување на текстурата на кожата и балансирање на себумот. Со млечна киселина (AHA), овие тампони нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, додека пантенолот обезбедува длабока хидратација и ја смирува иритацијата.
Салицилната киселина (BHA) продира длабоко во порите, помагајќи во нивно прочистување и намалување на несаканите изливи. Благодарение на своето антиинфламаторно дејство, овие тампони се идеални за комбинирана и масна кожа што има потреба од подобрување на текстурата и регулирање на себумот.
- Нежна ексфолијација со AHA и BHA за порамномерен тен
- Длабинско прочистување на порите за намалување на комедоните
- Хидратација и смирување со пантенол за балансирана нега
- Погодни за секојдневна употреба, особено кај кожа склона кон проширени пори
Како да се користи: по чистење на лицето, земете еден тупфер и нежно избришете го лицето со кружни движења, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа продолжете со остатокот од вашата рутина, вклучувајќи серум и хидратантна крема.
Идеални за сите типови кожа кои имаат потреба од подобрување на текстурата, балансирање на себумот и ослободување на порите од нечистотии.
-
NUMBUZIN No.9 NAD+ PDRN Glow Boosting Toner 150ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.903 денCurrent price is: 903 ден.NUMBUZIN No.9 NAD+ PDRN Glow Boosting Toner 150ml е тонер со текстура налик на есенција, создаден за интензивна хидратација, пополн и сјаен изглед на кожата. Формулата содржи 1,000 ppm чист Salmon PDRN, NAD+ и комплекс од 50 пептиди.
PDRN ја поддржува кожната бариера и негата на нерамномерниот тен, додека NAD+ и пептидите ја надополнуваат anti-age негата. Ceramide NP помага во одржување на кожната бариера, а Collagen и Elastin придонесуваат за помазен и поеластичен изглед.
Бенефити:
• Содржи 1,000 ppm Salmon PDRN
• Формулиран со NAD+
• Содржи комплекс од 50 пептиди
• Обезбедува интензивна хидратација
• Помага кожата да изгледа пополно и поцврсто
• Придонесува за природен, здрав сјај
• Помага во негата на фините линии
• Придонесува за подобар изглед на еластичноста
• Помага во визуелно подобрување на изгледот на порите
• Ceramide NP ја поддржува кожната бариера
• Содржи Collagen, Elastin, Resveratrol и Glutathione
• Погоден за сите типови кожа, особено сува, безживотна и кожа со намалена еластичностНачин на употреба:
По чистење нанесете соодветна количина на лицето со дланките или со памучен туфер. Нежно тапкајте до апсорпција. Кај посува кожа може да се нанесат дополнителни слоеви, а потоа продолжете со серум и крема. -
Pyunkang Yul Essence Toner 100ml
721 денOriginal price was: 721 ден.505 денCurrent price is: 505 ден.Опис на производот:
Pyunkang Yul Essence Toner 100ml е корејски хидратантен тонер со лесна, но хранлива essence текстура, создаден за кожа на која ѝ е потребна хидратација, смирување и чувство на свежина.Формулата е минималистичка и содржи Astragalus Membranaceus Root Extract, познат и како Milk Vetch Root Extract, кој помага кожата да изгледа посвежо, помеко и похидрирано. Butylene Glycol дополнително ја поддржува хидратацијата, додека Arginine помага кожата да изгледа понегувано и поеластично.
Тонерот брзо се впива, не остава лепливо чувство и е погоден за секојдневна употреба, особено за сува, дехидрирана, чувствителна или уморна кожа. Може да се користи и во повеќе слоеви за дополнителна хидратација.
Придобивки:
• Ја хидрира и освежува кожата
• Помага кожата да изгледа помека и помазна
• Има лесна essence текстура што брзо се впива
• Погоден е за чувствителна и дехидрирана кожа
• Минималистичка формула со само 7 состојки
• Не содржи додаден парфем и бои
• Може да се користи во повеќе слоеви за “7 skin method”
• Погоден е за утринска и вечерна рутинаНачин на употреба:
По чистење на лицето, нанесете соодветна количина на дланките или на памукче и нежно распоредете по лицето. Тапкајте додека целосно не се впие. Може да се нанесе еден слој или повеќе тенки слоеви за дополнителна хидратација. Користете наутро и навечер, пред серум и крема. Во утринска рутина продолжете со SPF заштита. -
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner 210ml
1.247 денOriginal price was: 1.247 ден.873 денCurrent price is: 873 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner е освежувачки хидратантен тонер со AHA и LHA, наменет за нежна ексфолијација и подобрување на сјајот на кожата. Формулиран е за чувствителна, нормална и сува кожа, обезбедувајќи балансирана нега која ги комбинира хидратацијата, смирувањето и регенерацијата на кожата.
Тонерот содржи 70.000 ppm вода од лист од азиска центела, богат извор на активни состојки кои го поттикнуваат создавањето колаген, го смируваат воспалението и го унапредуваат заздравувањето на кожата. Хијалуронската киселина со пет големини на молекули овозможува длабинска и долготрајна хидратација, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и ја прават кожата поеластична и мазна.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Благодарение на содржината на AHA (лимонска киселина) и LHA (каприлоил салицилна киселина), овој тонер овозможува нежно отстранување на мртвите клетки и прочистување на порите без иритации. Течната формула лесно се впива, оставајќи свеж и природно сјаен финиш. Природната сина нијанса потекнува од екстракт од гарденија, а пријатниот мирис од екстракти од диња и круша.
Клучни придобивки:
- Прави нежна ексфолијација со AHA + LHA за подобрување на текстурата и прочистување на порите.
- Длабински хидрира со 5 типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна маса, за хидратација во подлабоките слоеви на кожата.
- Пружа смирување и регенерација со Centella asiatica.
- Го осветлува и воедначува на тонот на кожата.
- Ја подобрува еластичноста и ја зајакнува кожната бариера.
Погоден за секојдневна употреба, овој тонер е одличен избор за сите кои бараат производ што истовремено хидрира, смирува и нежно ексфолира, при тоа подобрувајќи го сјајот и тонусот на кожата.
Начин на употреба: нанесете со памучен туфер или директно со дланки и тапкајте додека не се апсорбира целосно.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner 30ml
625 денOriginal price was: 625 ден.438 денCurrent price is: 438 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner е освежувачки хидратантен тонер со AHA и LHA, наменет за нежна ексфолијација и подобрување на сјајот на кожата. Формулиран е за чувствителна, нормална и сува кожа, обезбедувајќи балансирана нега која ги комбинира хидратацијата, смирувањето и регенерацијата на кожата.
Тонерот содржи 70.000 ppm вода од лист од азиска центела од Мадагаскар, богат извор на активни состојки кои го поттикнуваат создавањето колаген, го смируваат воспалението и го унапредуваат заздравувањето на кожата. Хијалуронската киселина со пет големини на молекули овозможува длабинска и долготрајна хидратација, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и ја прават кожата поеластична и мазна. Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Благодарение на содржината на AHA (лимонска киселина) и LHA (каприлоил салицилна киселина), овој тонер овозможува нежно отстранување на мртвите клетки и прочистување на порите без иритации. Течната формула лесно се впива, оставајќи свеж и природно сјаен финиш. Природната сина нијанса потекнува од екстракт од гарденија, а пријатниот мирис од екстракти од диња и круша.
Клучни придобивки:
- Прави нежна ексфолијација со AHA + LHA за подобрување на текстурата и прочистување на порите.
- Длабински хидрира со 5 типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна маса, за хидратација во подлабоките слоеви на кожата.
- Пружа смирување и регенерација со Centella asiatica.
- Го осветлува и воедначува на тонот на кожата.
- Ја подобрува еластичноста и ја зајакнува кожната бариера.
Погоден за секојдневна употреба, овој тонер е одличен избор за сите кои бараат производ што истовремено хидрира, смирува и нежно ексфолира, при тоа подобрувајќи го сјајот и тонусот на кожата.
Начин на употреба: нанесете со памучен туфер или директно со дланки и тапкајте додека не се апсорбира целосно.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Cloudy Mist 120ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Cloudy Mist е ултра-фин хидратантен спреј за лице кој инстантно ѝ дава на кожата влажност, сјај и освежувачки ефект.
Овој спреј има паметна формула која е обединува две клучни компоненти, азиска (Cica) и хијалуронска киселина (Hyalu), дизајнирана да ја смири и хидрира сувата и чувствителна кожа. Прскалката овозможува ситно прскање како облачен дожд, обезбедувајќи широка покриеност без да ја наручи нанесената шминка. Спрејот е збогатен со 8 типа на хијалуронска киселина за долготрајно задржување на влагата и вода од зелен чај (Camellia Sinensis Leaf Water), која е богата со антиоксиданси за обновување и заштита на кожата. Присуството на ксилитол обезбедува моментално ладење на кожата, што го прави идеален за топлите денови или како брзо освежување. Дополнително, формулата содржи и Ceramide NP, церамиди во форма на наночестички за зајакнување на кожната бариера.
Хијалуронската киселина е застапена во серумот во осум различни молекуларни тежини, што обезбедува повеќеслојна и подлабока хидратација на кожата. Оваа иновативна комбинација им овозможува на молекулите да делуваат на сите нивоа, од површината до длабоките слоеви на дермисот. Поголемите молекули формираат хидратантна бариера на површината, спречувајќи го губењето на влажност, додека помалите, ниско-молекуларни форми продираат во подлабоките слоеви за да ја пополнат и хидрираат кожата одвнатре. Со тоа се постигнува долготрајна хидртација на сите слоеви на кожата, кожата е визуелно пополна, поеластична и заштитена од дехидратација.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 хидратантен спреј (мист) е наменет за сите типови кожа, вклучувајќи нормална, сува и чувствителна кожа, и е идеален за секој што бара брз начин за зголемување на сјајот и борба против сувоста во текот на денот. Може да се користи како тонер, пред шминка или за брзо смирување на иритацијата.
Клучни придобивки:
- Овозможува инстантна хидратација и сјај со ултра-фин спреј.
- Обезбедува долготрајна влажност со дури 8 типа на хијалуронска киселина.
- Има моментален ефект на ладење благодарение на ксилитолот.
- Ја смирува чувствителната кожа со центела и вода од зелен чај.
- Ја зајакнува кожната бариера благодарение на церамидите.
Клучни состојки:
- Екстрактот од чиста азиска центела ја смирува и регенерира кожата.
- Camellia Sinensis Leaf Water е вода од зелен чај која е богата со антиоксиданси и пружа заштита на кожата со антиинфламаторни и антимикробни ефекти.
- Хијалуронската киселина застапена со 8 типа, е комплексот кој обезбедува повеќеслојна хидратација и долготрајно задржување на влагата.
- Ксилитолот обезбедува инстантен ефект на ладење и освежување на кожата.
- Ceramide NP е церамид кој се апсорбира како наночестички за да ја зајакне бариерата на кожата, обезбедувајќи еластичност и задржување на влагата.
Начин на употреба: Држете го спрејот на растојание од 20 до 30 cm од лицето. Притиснете го диспензерот 1 до 2 пати за да ја испрскате ултра-фината магла рамномерно. Оставете го производот да се апсорбира природно. Може да се користи во секое време од денот, пред или по шминкање, или за брзо освежување.
- Овозможува инстантна хидратација и сјај со ултра-фин спреј.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Clear Toner 210ml
1.550 денOriginal price was: 1.550 ден.1.085 денCurrent price is: 1.085 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Clear Toner е освежителен тонер кој ефикасно помага во намалување на видливоста на проширените пори и ја подобрува текстурата на кожата.
Овој корејски тонер содржи моќна комбинација од состојки за прочистување на порите и смирување на кожата, што го прави идеален за мрсна и комбинирана кожа. Тој има водена текстура која освежува и ефикасно ги отстранува преостанатите нечистотии по чистењето. Може да се анесува со дланки и со нежно тапкање или со пребришување со памучен тупфер за нежна механичка ексфолијација. Формулата е збогатена со хималајска розова сол, која е богата со преку 80 видови минерали и помага во длабинско отстранување на нечистотиите од порите. Клучна компонента е и 4-НА комплексот од киселини (AHA, BHA, PHA, LHA), кој овозможува нежна ексфолијација на повеќе нивоа, отстранувајќи ги мртвите клетки и спречувајќи затнување.
Присуството на екстракт од азиска центела од Мадагаскар гарантира смирувачки ефект, спречувајќи ја иритацијата. Тонерот е богат со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој тонер е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа, особено за оние кои имаат проблеми со проширени пори, вишок себум и нерамна текстура. Тој е совршен за секој што бара производ за контрола на маснотијата и прочистување на порите, истовремено одржувајќи ја кожата хидрирана и смирена.
Клучни придобивки:
- Ефикасно помага во стеснување на проширените пори и ја измазнува текстурата.
- Длабински ги чисти порите и ги отстранува нечистотиите со хималајска розова сол.
- Обезбедува нежна ексфолијација и отстранување на мртви клетки со 4-НА комплексот од киселини (AHA, BHA, PHA, LHA).
- Ја контролира маснотијата и го балансира себумот.
- Има смирувачко дејство благодарение на Centella Asiatica.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е чист екстракт од центела од Мадагаскар која ја смирува кожата и обезбедува антиинфламаторна нега.
- Mineral Salts (хималајска розова сол) се богати со 80 минерали кои помагаат во прочистувањето на порите и отстранувањето на длабоките нечистотии.
- 4-HA Complex (Citric Acid (AHA), Salicylic Acid (BHA), Gluconolactone (PHA), Capryloyl Salicylic Acid (LHA)) е комплексот од киселини кој овозможува нежна ексфолијација на повеќе нивоа.
- Salix Alba (Willow) Bark Extract е екстракт од кора од бела врба кој е природен извор на салицилна киселина и помага во чистење на порите.
- Алантоинот, пантенолот (Провитамин Б5) и хијалуронската киселина обезбедуваат смирување, хидратација и заштита на бариерата.
Начин на употреба: По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучна подлога или директно на дланките. Нежно поминете преку лицето, избегнувајќи го пределот околу очите, за да ги отстраните преостанатите нечистотии и мртвите клетки. Продолжете со серум и хидратантен крем.
- Ефикасно помага во стеснување на проширените пори и ја измазнува текстурата.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Essence Toner 210ml
1.302 денOriginal price was: 1.302 ден.911 денCurrent price is: 911 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Essence Toner 210ml е тонер за зајакнување на бариерата на кожата.
Тоа е е богат тонер со конзистенција на есенција кој е дизајниран да ја смири и длабински да ја хидрира кожата, истовремено зајакнувајќи ја нејзината природна бариера. Овој корејски тонер комбинира иновативна Probio-Cica формула со ферментиран екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар што содржи пробиотици и церамиди за да обезбеди комплетна обновувачка нега. Тој има текстура која брзо се апсорбира, нудејќи ја хранливоста на есенција без чувство на лепливост.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулата содржи патентиран комплекс кој е одговорен за одржување на правилен микробиом и pH баланс на кожата, со што се зголемува отпорноста кон надворешните фактори. Содржи хијалуронска киселина со р различни молекуларни тежини кои продираат до различните слоеви на кожата за да обезбедат хидратација од подлабоките слоеи до површината. Содржи и Ceramide NP и фитостероли кои ја зајакнуваат и ја обновуваат оштетената кожна бариера. Ферментираната центела има и антибактериско дејство и го намалува воспалението.
Овој тонер е наменет за сува, нормална и комбинирана кожа, особено за оние кои имаат осетлива, иритирана или ослабена бариера. Тој е идеален за секој што бара производ со моќно хидрирачко и регенерирачко дејство кое истовремено делува и антиејџ.
Клучни придобивки:
- Интензивно ја смирува и ја регенерира кожата со ферментирана Centella Asiatica (од Мадагаскар).
- Ја зајакнува кожната бариера и ја зголемува отпорноста на надворешни фактори (со церамиди и пробиотици).
- Обезбедува длабинска хидратација со 5 типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна тежина.
- Одржува правилен микробиом и pH баланс на кожата.
- Има антиејџ и регенеративен ефект.
Клучни состојки:
- Lactobacillus/Centella Asiatica Extract Ferment Filtrate е филтрат од ферментиран екстракт од центела која обезбедува максимален смирувачки ефект, ја одржува здравата бариера и има антибактериско дејство.
- Церамид NP, сукроза дистеарат и фитосфингозин се состојки кои ја зајакнуваат кожната бариера и спречуваат губење на влагата.
- Комплексот од 5 типа хијалуронска киселини кој обезбедува повеќеслојна хидратација одвнатре кон надвор благодарение на различната молекуларна тежина и способност за различно продирање низ слоевите на кожата.
- Мадекасинската киселина, азиатикозидот и азиатичната киселина се клучни деривати од центела кои имаат антиоксидантни и регенеративни својства.
- Ниацинамидот (витамин Б3) ја подобрува еластичноста и го осветлува тенот.
- Пантенолот (провитамин Б5) и трехалозата дополнително ја хидрираат и ја смируваат кожата.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од тонерот директно на дланката или на памучен тупфер и нанесете го производот. Ако го нанесувате со дланки нежно тапкајте или втријте го на лицето и вратот за да се апсорбира целосно. Може да го нанесувате со прбришување со памучен тупфер, што помага за нежна механичка ексфолијација. Користете како прв чекор по чистењето, наутро и навечер.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Quick Calming Pad (70 pads) 130g
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.903 денCurrent price is: 903 ден.Откријте го брзиот и ефикасен начин за смирување на иритирана кожа со SKIN1004 Centella Quick Calming Pad, интензивно навлажнувачки и смирувачки тонер тупфери натопени со богата есенција од мадагаскарска азиска центела, пантенол и хијалурон. Дизајнирани за чувствителна, нормална и комбинирана кожа, овие практични подлоги обезбедуваат моментален ефект за само неколку минути.
Богати се со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни придобивки:
- Ја смируваат и навлажнуваат кожата за само 3–5 минути.
- Тупферите со три слоја подобро ја задржуваат и рамномерно ја распоредуваат есенцијата.
- Имаат погодна форма на полумесечина за лесно нанесување околу очите и носот.
- Нудат алтернатива на лист-маските, но со многу поедноставна и побрза примена.
- Формулата содржи само 10 безбедни состојки (EWG зелена оценка) што ја прави идеална за чувствителна кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella asiatica extract 15,000 ppm) го поттикнува создавањето на колаген, ја обновува и смирува кожата, а воедно делува и антиоксидативно.
- Пантенолот (5,000 ppm) длабински ја навлажнува кожата и ја зајакнува нејзината бариера.
- Натриум хијалуронатот (1,000 ppm) е нискомолекуларна хијалуронска киселина која овозможува долготрајна хидратација и подобрување на еластичноста на кожата.
Погодни за типови на кожа, чувствителна, нормална и комбинирана кожа.
Начин на употреба: Ставете тупфери на образите, челото или на посебни проблематични зони и оставете ги да делуваат 3 до 5 минути. Потоа отстранете ги и тапкајте ја преостанатата есенција за подобра апсорпција. По отворање, чувајте ги внатрешното капаче и пинцетата во пакувањето за лесна и хигиенска употреба. Исто така со овие тупфери може да го пребришувате лицето.
Совршено решение за секојдневна нега, SKIN1004 Centella Quick Calming Pad е идеален избор за оние кои сакаат брзо освежување на кожата без комплицирани чекори, совршен додаток во секоја рутина за нега.