1.599 ден Original price was: 1.599 ден.528 денCurrent price is: 528 ден.
Нема на залиха
1.599 ден Original price was: 1.599 ден.528 денCurrent price is: 528 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner e нежен пилинг тонер со екстракт од азиска центела и PHA за чувствителна кожа.
Тоа е секојдневен тонер за лице со нежен ексфолирачки ефект, формулиран со екстракт од Centella asiatica и PHA (глуконолактон). Со својата лесна текстура, тој брзо се апсорбира без лепливост, притоа смирувајќи ја кожата и подобрувајќи ја нејзината текстура.
Овој нежен тонер со пилинг ефект е наменет за нормална и чувствителна кожа, а е докажано безбеден и за кожа склона кон акни (не-комедоген). Благодарение на внимателно избраните состојки, тонерот го намалува вишокот себум, ги отстранува мртвите клетки, го подобрува сјајот и ја зголемува еластичноста на кожата.
Начин на употреба: По миењето на лицето, ставете соодветна количина на памучен тупфер или на дланките. Нежно нанесете го на лицето и лесно тапкајте за да се впие во кожата.
Lapothicell A.C. Daily Calming Peeling Booster e мулти-функционален тонер со благ пилинг ефект, кој прави нежно тонирање, хидрирање и регулирање на pH балансот.
Благодарение на AHA (алфа хидроксилната киселина) и BHA (бета хидроксилната киселина) од природно потекло, овој тонер помага во решавањето на различни проблеми со кожата. Неговите AHA и растителни BHA состојки помагаат во регулирање на себумот и отстранување на мртвите клетки.Овој дневен пилинг бустер на кожата ѝ пружа свежина.
Тоа е дерматолошки тестиран производ, кој дури и по една употреба ги ексфолира и редуцира мртвите клетки на кожата. Исто така го спречува создавањето на акни, го регулира создавањето на себум, ги отстранува дамките, белките, црнките, го изедначува нерамномерниот тен и ѝ дава помека текстура на кожата.
Овој не-иритирачки тонер кој овозможува секојдневен смирувачки пилинг погоден за сите типови на кожа, дава одлични резултати кај чувствителна, како и мрсна кожа склона кон акни, црнки и нерамномерен тен, притоа обезбедувајќи ја потребната хидратација.
Употреба: По миење на лицето, секое утро и вечер, натопете памучен тупфер со бустерот и нежно пребришете го лицето и вратот. При дневна употреба на овој тонер задолжително треба да се користи крем со заштитен фактор.