-
Beauty of Joseon Bubble Toner : Green Plum + AHA
1.120 ден840 денРамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
-
Beauty of Joseon Calming Serum : Green tea+Panthenol
990 ден855 денBeauty of Joseon Calming Serum е смирувачки серум со Ханбанг традиционални состојки од природно потекло за смирување и хидратација на кожата, каде клучни состојки се зелениот чај и пантенолот. Клучни состојки: вода од лист од Camellia sinensis (зелен чај) 76,49%, пантенол (витамин B5) 2%. Истакнати состојки: екстракт од Artemisia vulgaris, екстракт од Centella asiatica extract, натриум хијалуронат, екстракт од прополис. Употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата. Состав: вода од лист од Camellia sinensis, вода, метилпропандиол, глицерин, бутилен гликол, екстракт од Centella asiatica, пантенол, пентилен гликол, 1,2-хександиол, екстракт од Chondrus crispus, екстракт од Saccharum officinarum (шеќерна трска), екстракт од Artemisia vulgaris, екстракт од лист од Melia azadirachta, натриум хијалуронат, екстракт од цвет од Melia azadirachta, екстракт од семе од Theobroma cacao (какао), екстракт од прополис, диетоксиетил сукцинат, бетаин, октандиол, акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, алантоин, натриум полиакриоилдиметил таурат, трометамин, етилхексилглицерин, дикалиум гициризат, поликватерниум-51, глицерил акрилат/кополимер на акрилна киселина, натриум фитат, декстрин, токоферол. -
Beauty of Joseon Centella Asiatica Calming Mask
150 ден143 денЗа интензивна хидрантна нега на Вашата кожа, ја препорачуваме Centella Asiatica Calming Mask на познатиот корејски бренд Beauty of Joseon. Таа e смирувачка лист-маска со екстракт од Centella asiatica (15%), која е една од неверојатните состојки за смирување на кожата. Содржи 3 типа на хијалуронски киселини кои придонесуваат за навлажнување, лекување на иритираната и чувствителна кожа. Лесно се прилепува за лицето и е погодна е за сите типови на кожа.
Клучни состојки: Екстракт од Centella Asiatica (15%), натриум хијалуронат, хидролизирана хијалуронска киселина и хијалуронска киселина.
Употреба:
1. По чистењето, употребете тонер за измазнување на текстурата на кожата
2. Извадете ја маската од пакувањето и подеднакво прилепете ја на лицето
3. Отстранете ja по 10-20 минути и тапкајте нежно за да ја овозможите апсорпцијата на остатокот од есенцијата
-
Beauty of Joseon Dynasty Cream
1.340 ден1.161 денBeauty of Joseon Dynasty Cream е хидратантен крем кој ја негува кожата и го подобрува тенот. Клучни состојки: вода од оризови трици (29%), вода од корен од женшен (5%), сквалан (2%), ниацинамид (2%). Истакнати состојки: 3 типа на хијалуронска киселина, масло од семе од шафраника, екстракт од мед, екстракт од плод од Lycium chinense, церамид NP. Употреба: Нанесете рамномерно со дланките соодветна количина на чисто лице како последен чекор од рутината за нега и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата. Состав: вода, вода од трици од Oryza sativa (ориз), глицерин, вода од корен од Panax ginseng, хидрогениран полидецен, 1,2-хександиол, ниацинамид, сквалан, бутилен гликол, пропандиол, бутилен гликол дикаприлат/дикапрат, цетеарил оливат, сорбитан оливат, амониум акрилоилдиметилтаурат/VP кополимер, ксантан гума, акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, трометамин, масло од семе од Carthamus tinctorius (шафраника), хидрогенирано кокосово масло, глицерил акрилат/кополимер на акрила киселина, етилхексилглицерин, аденозин, каприлен/капрински триглицерид, динатриум EDTA, хијалуронска киселина, хидролизирана хијалуронска киселина, натриум хијалуронат, екстракт од мед, церамид NP, хидрогениран лецитин, екстракт од корен од Coptis japonica, екстракт од семе од Raphanus sativus (ротквичка), екстракт од плод од Lycium chinense, екстракт од семе од Theobroma cacao (какао), екстракт од Phellinus linteus, декстрин, екстракт од корен од Scutellaria baicalensis. -
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil 210ml
1.360 ден1.071 денНајважниот чекор во негата на кожата е чистењето. Ако нечистотијата на кожата и себумот не се измијат темелно и се остават да се акумулираат во порите, тие можат да предизвикаат воспаленија.
Улогата на маслото за чистење е да помогне во темелно отстранувањето на нечистотијата од кожата преку нејзино нежно растворање и емулгирање.
Тимот на Beauty of Joseon тестираше бројни масла за да го најде вистинското како основна состојка за нивното масло за чистење. Тие го избраа маслото од Glycine soja како основа, бидејќи открија дека е најлесното, но сепак ефikasno за отстранување на нечистотијата од кожата, себумot и остатоци од шминка. Исто така содржи масло од семе од женшен, кое на производот му дава освежителен и смирувачки мирис сличен на мирис на трева, кој ве опушта додека го чистиче лицето. Ова масло ја зајакнува заштитната бариера на кожата и ја штити од штетните влијанија на околината.
Beauty Of Joseon Ginseng Cleansing Oil користи мицеларна технологија. Мицеларните производи се суспензија на вода со мали капсули на масло, кои овозможуваат максимално чистење и хидратација, без сушење и затегнување на кожата кое го прават старомодните сапуни. Мицеларните производи ги чистат нечистотиите од кожата, така што маслото го раствора и отстранува вишокот на себум, додека водата ја хидрира кожата, а маслото ја негува. Наместо да го отстранaт заштитниот слој на кожата и да ја нарушат нејзината бариера, како магнет ги таргетираат и ги привлекуваат нечистотиите и вишокот себум без да бидат груби со кожата. Ги подигаат од кожата без да ја нарушат нејзината липидна бариера и матрицата. Тоа помага во одржување на здрава функција на кожата.
Клучни состојки:
Масло од соја 50%
Добиено од Glycine soja, содржи олеинска киселина, линолна киселина и линоленска киселина. Нежно ги раствора нечистотиите без да ги затвара порите на кожата и во исто време делува како средство за навлажнување и измазнување на кожата.Масло од семе од женшен 0,1%
Маслото од семе од женшен помага да се заштити кожата од надворешните штетни дејства. -
Beauty of Joseon Ginseng Essence Water
1.190 ден981 денBeauty of Joseon Ginseng Essence Water е свеж хидратантен тонер збогатен со Ханбанг (корејска традиционална хербална медицина) состојки за длабинска хидратација и ревитализација на кожата. Овој тонер има анти-ејџинг дејство и на кожата ѝ дава богата содржина на хранливи материи. Клучни состојки: вода од корен од женшен 80% ниацинамид 2% аденозин 0.04% комплекс од женшен (вода од корен од женшен, екстракт од култура на Ginseng callus, екстракт од корен на женшен, екстракт од бобинки на женшен, филтрат од фермент на лактобацилус/женшен) Истакнати состојки: алантоин, натриум хијалуронат. -
Beauty of Joseon Glow Deep Serum: Rice + Arbutin
990 ден855 денВратете го природниот сјај на кожата со овој осветлувачки серум кој содржи 68,6% вода од оризови трици кој помагаат за осветлување на тенот и прочистување, како и и 2% арбутин за да ја избледи хиперпигментацијата. Лесната и брзо впивачка текстура продира длабоко во кожата за да обезбеди долготрајни осветлувачки и хидратантни ефекти на кожата. Формулиран без минерални масла, есенцијални масла, парабени, сулфати, овој производ е погоден и за најчувствителна кожа. Земете соодветна количина со помош на пипетата. Нежно масирајте на кожата следејќи ја текстурата на кожата. Повторно нанесете на сувото подрачје. -
Beauty of Joseon Glow Serum : Propolis+Niacinamide
990 ден855 денBeauty of Joseon Glow Serum e серум налик на мед збогатен со Ханбанг (корејска традиционална хербална медицина) состојки за осветлување и подобрување на тенот, каде клучни состојки се прополисит и ниацинамидот. Клучни состојки: екстракт од прополис 59,94%, ниацинамид 2%. Истакнати состојки: таману масло, бетаин салицилат (BHA), екстракт од чајно дрво, екстракт од семе од Lotus. Употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата. Состав: екстракт од прополис, дипропилен гликол, глицерин, бутилен гликол, вода, ниацинамид, 1,2-хександиол, екстракт од цвет од Melia azadirachta, екстракт од лист од Melia azadirachta, натриум хијалуронат, екстракт од корен од Curcuma aonga (куркума), екстракт од лист од Ocimum sanctum, екстракт од семе Theobroma cacao (какао), екстракт од Melaleuca alternifolia (чајно дрво), екстракт од Centella asiatica, екстракт од Corallina officinalis, екстракт од семе од Lotus corniculatus, масло од семе од Calophyllum inophyllum, бетаин салицилат, натриум полиакрилоилдиметил таурат, трометамин, полиглицерил-10 лаурат, каприлил гликол, етилхексилглицерин, декстрин, пентилен гликол, октандиол, токоферол, ксантан гума, карбомер. -
Beauty of Joseon Green Plum Refreshing Cleanser 100ml
980 ден531 денКога барате производ за чистење на лицето, важно е да проверите дали има одлична способност за чистење без да ја наруши бариерата на кожата.𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻 𝗣𝗹𝘂𝗺 𝗥𝗲𝗳𝗿𝗲𝘀𝗵𝗶𝗻𝗴 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 на Beauty of Joseon ен нежен пенлив чистач кој темелно ги отстранува сите нечистотии од кожата без да ја наруиши нејзината бариера.Има има хипоалергенска формула со блага киселост. Здравата кожа има блага киселост поради киселинските компоненти што ги лачат потните и лојните жлезди. Кога овие кисели компоненти се намалуваат, одбраната на кожата слабее, што лесно доведува до чувствителност на кожата.Овој пенлив чистач за лице содржи екстракт од семки од слива и мунго грав. Овие природни екстракти се познати Hanbang (корејска традиционална медицина) состојќи користени со векови.- Содржи 24% вода од слива. Сливите се богати со органски киселини и витамини, ги омекнуваат и отстрануваат старите мртви клетки на кожата и ја навлажнуваат кожата.
- Содржи 3% екстракт од семе од мунго грав. Тој е ефикасен за пилинг, па затоа од него се правеле средство за чистење лице со мелење заедно со црвен грав, други видови зрна и оризови трици во времето на династијата Чосон. Покрај тоа, сапонинот содржан во мунго гравот помага да се одржи кожата влажна долго време.
𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻 𝗣𝗹𝘂𝗺 𝗥𝗲𝗳𝗿𝗲𝘀𝗵𝗶𝗻𝗴 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 помага да се исчисти лицето без да се оштети природната кожна бариера. Има навлажнувачка гел текстура, не ја суши кожата и дава чувство на влажност дури и по чистењето. -
-
Beauty of Joseon Relief Sun Rice + Probiotics 50ml
1.230 ден1.059 денЗаштите ја кожата од штетните UV зраци и истовремено пружете ѝ врвна нега на вашата кожа со органскиор крем Relief Sun Rice + Probiotics на познатиот корејски бренд за природна козметика Beauty of Joseon. Овој крем докажано пружа висока UV заштита на кожата со SPF50+ PA++++. Неговата заштитна моќ беше потврдена со тестирања извршени во лаборатории во Кореја и Шпанија.Покрај моќната заштита од сонце, овој крем интензивно ја негува кожата благодарение на екстракт од ориз (30%) и ферментираните екстракти од житарици. Екстрактите од ориз и житарици се богати со витамини Б, Ц, Е, аминокиселини и минерали кои помагаат во ефикасно навлажнување на дехидрираната кожа и смирување на иритираната кожа.Нуди искуство на удобна употреба бидејќи има лесен и кремаста текстура. Дури и ако нанесете поголема количина неколку пати, таа не е леплива и лизгава и дава влажен финиш сличен на лесен хидратантен крем. По апсорпцијата, обезбедува природен сјај без бела трага. Дури и ако нанесете поголема количина пред шминкањето, таа не се згрутчува.Содржи 30% екстракт од ориз и ферментирани екстракти од жито, обезбедува влажност и нега на кожата.Оризот играл многу важна улога како основна храна и состојка за нега на кожата во корејската историја. Во времето на династијата Чосеон, водата од оризови трици се користела како денешниот тонер и се нарекувала Beauty Water, која се користи за постигнување на чист у убав тен. Оризовите трици се богати со амино киселини и минерали и помагаат за хидратација и подобрување на тенот на кожата. -
Beauty of Joseon Revive Eye Serum : Ginseng + Retinal 30ml
1.205 ден855 денЖеншен и ретинал, тоа е добитната комбинација за отстранување на брчките околу очите. Оваа извонредно ефиксна комбинација на состојки ќе ја најдете во серумот за очи 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 : 𝗚𝗶𝗻𝘀𝗲𝗻𝗴 + 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗮𝗹.
Овој производ е дизајниран за да ја подобри опуштената кожа околу очите. Нуди комбинација од 2% ретинал липозом кој има најдобро синергиско дејство со женшенот, позната традиционална анти-ејџ состојка. Оваа комбинација на состојки ефикасно ја враќа еластичноста на кожата, ги намалува брчките и ја обновува оштетената кожа.
Содржи 10% екстракт од корен од женшен богат со сапонин кој помага брзо снабдување со влажност на кожата и нејзино долготрајно задржување длабоко што помага за одржување на свежа и здрава кожа.
Ретиналот е дериват на витаминот А и се користи за подобрување на состојбата на брчките. Ретиналот кој директнно се претвора во ретиноична киселина, делува побрзо и поефикасно врз кожата од ретинолот (кој најпрво мора да помине низ процесот на претворање во ретинал, а потоа во ретиноична киселина за да може да дејствува). Во овој производ се користи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол во формула за поголема ефикасност.
Овој крем има нежна свиленкаста мека текстура која лесно се растопува во кожата без да остави чувство на лепливост.
-
Beauty of Joseon Revive Serum : Ginseng+Snail Mucin
990 ден855 денBeauty of Joseon Repair Serum e лесен но хранлив серум збогатен со Ханбанг (корејска традиционална хербална медицина) состојки за длабинска хидратација, каде клучни состојки се водата од женшен и слузта од полжав. Клучни состојки: вода од корен од женшен 63,36%, филтрат од слуз од полжав 3,01%. Истакнати состојки: аденозин, екстракт од мацутаке, екстракт од корен од женшен, ниацинамид, екстракт од плод од Cornus officinalis, хијалуронска киселина, хидролизирана хијалуронска киселина, натриум хијалуронат. Употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата. Состав: вода од корен од Panax ginseng, бутилен гликол, 1,2-хександиол, филтрат од слуз од полжав, дипропилен гликол, вода, ниацинамид, глицерин, пропандиол, трехалоза, ксантан гума, глицерет-25 PCA изостеарат, глицерил акрилат/кополимер на акрилна киселина, етилхексилглицерин, карбомер, аденозин, екстракт од семе од Theobroma cacao (какао), екстракт од Tricholoma matsutake, трометамин, екстракт од лист од Rhododendron chrysanthum, динатриум EDTA, хидролизиран екстракт од леблебија, хијалуронска киселина, хидролизирана хијалуронаска киселина, декстрин, натриум хијалуронат, екстракт од Phellinus, екстракт од плод од Cornus officinalis, екстракт од корен од Glycyrrhiza glabra (сладок корен), екстракт од Akebiа, екстракт од корен од Panax ginseng. -
Hanbang Serum Discovery Kit
1.750 денСакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи:
- 𝐂𝐚𝐥𝐦𝐢𝐧𝐠 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐆𝐫𝐞𝐞𝐧 𝐓𝐞𝐚 + 𝐏𝐚𝐧𝐭𝐡𝐞𝐧𝐨𝐥 10ml
Овој серум кои ги смирува црвенилото и иритацијата содржи 76% вода од зелен чај и 2% пантенол, состојки познати по своето смирувачко дејство. Оваа нежна формула е надополнета си екстракт од Artemisia vulgaris, екстракт од Centella asiatica extract, натриум хијалуронат, екстракт од прополис. - 𝐆𝐥𝐨𝐰 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐏𝐫𝐨𝐩𝐨𝐥𝐢𝐬 + 𝐍𝐢𝐚𝐜𝐢𝐧𝐚𝐦𝐢𝐝𝐞 10ml
Тоа е серум за осветлување на пигментираните дамки и подобрување на тенот, кој содржи 59,94% екстракт од прополис и 2% ниацинамид. Формулата е надополнета со таману масло, бетаин салицилат (BHA), екстракт од чајно дрво, екстракт од семе од Lotus. - 𝐆𝐥𝐨𝐰 𝐃𝐞𝐞𝐩 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐑𝐢𝐜𝐞 + 𝐀𝐥𝐩𝐡𝐚-𝐀𝐫𝐛𝐮𝐭𝐢𝐧 10ml
Овој моќен серум содржи 68,6% вода од оризови трици и екстракт од ориз кои помагаат за осветлување на тенот и прочистување, како и и 2% арбутин кој ја избледува хиперпигментацијата. Неговата форула е надополнета со ниацинамид, екстракт од соино семе, екстракт од сусам и екстракт од јачмен.
- 𝐑𝐞𝐯𝐢𝐯𝐞 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐆𝐢𝐧𝐬𝐞𝐧𝐠 + 𝐒𝐧𝐚𝐢𝐥 𝐌𝐮𝐜𝐢𝐧 10ml
Овој серум кој ги намалува брчките, ги намалува пигментираните дамки и го подобрува тенот, содржи 63,36% вода од корен од женшен и 3,01% филтрат од слуз од полжав. Оваа формула за поголема ефикасност, дополнително е збогатена со аденозин, екстракт од мацутаке, екстракт од корен од женшен, ниацинамид, екстракт од плод од Cornus officinalis и хијалуронска киселина.
- 𝐂𝐚𝐥𝐦𝐢𝐧𝐠 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐆𝐫𝐞𝐞𝐧 𝐓𝐞𝐚 + 𝐏𝐚𝐧𝐭𝐡𝐞𝐧𝐨𝐥 10ml