1.350 ден Original price was: 1.350 ден.712 денCurrent price is: 712 ден.
Нема на залиха
1.350 ден Original price was: 1.350 ден.712 денCurrent price is: 712 ден.
Нема на залиха
Medicube PDRN Pink Collagen Jelly Gel Mask е ноќна гел маска што обезбедува длабока хидратација, зголемена еластичност и мазен, сјаен изглед. Формулирана со salmon PDRN (ДНК од лосос) и нискомолекуларен колаген, оваа маска помага во регенерацијата на кожата и поттикнува природно производство на колаген.
PDRN (полидезоксирибонуклеотид) ја зајакнува кожната бариера, ја подобрува хидратацијата и го поттикнува обновувањето на клетките. Хидролизираниот колаген продира длабоко во кожата, обезбедувајќи цврстина и мазност.
Клиничките тестирања покажуваат:
Гел формулата се трансформира од мат желе во транспарентен гел, сигнализирајќи дека кожата ја апсорбирала оптималната количина на активни состојки. Дерматолошки тестирана и без вештачки бои, погодна е за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна.
Моментално ја намалува температурата на кожата за 7.9°C, овозможувајќи освежување и смирувачки ефект.
Како да се користи: нанесете рамномерно на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина, оставете да делува преку ноќ.
Medicube Collagen Night Wrapping Mask е ноќна маска со пилинг ефект, дизајнирана за интензивна нега на еластичноста и хидратацијата на кожата додека спиете. Оваа иновативна формула создава колагенска заштитна фолија, која овозможува 8-часовна нега, подобрувајќи ја цврстината, влажноста и природниот сјај на кожата.
Специјално развиената peel-off mask текстура лесно се отстранува во еден слој, без да ја иритира кожата, оставајќи чувство на свежина и обновеност. Благодарение на комбинацијата на активни состојки и напредна корејска технологија, оваа ноќна маска видливо ја затегнува и измазнува кожата по само една употреба.
Како да се користи: нанесете рамномерен слој на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина. Оставете да се исуши преку ноќ, а наутро нежно отстранете ја во еден слој.
Оваа маска е идеална за сите типови кожа, особено за оние кои сакаат длабинска нега и регенерација преку ноќ.
Со Biodance Bio Collagen Real Deep Mask почувствувајте ја колагенска моќ за цврста и блескава кожа. Biodance Bio Collagen Real Deep Mask е најпродаваната колагенска маска што стана вирален хит на TikTok и омилен избор на милиони корисници ширум светот. Оваа хидрогел маска обезбедува длабока хидратација, затегнување и сјај, трансформирајќи ја кожата уште по првото користење.
Со уникатна формула која комбинира ултра-нискомолекуларен колаген, пробиотици и олиго хијалуронска киселина, маската ја враќа еластичноста, ги минимизира порите и видливо ги измазнува фините линии.
Придобивки:
Клучни состојки:
Пробиотскиот комплексго зајакнува заштитниот слој и штити од стареење.
Клинички е докажано дека редовната употреба покажува зголемена хидратација на кожата за 204%, подобрена еластичност за 34% и намалување на големината на порите за 83%.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.