Кошничка 10 x

Product

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Mild Peeling Gel 125ml

990 ден

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Mild Peeling Gel е ежен пилинг кој ќе ви помогне да постигнете чисти пори и сјаен тен.

Тоа е иновативен пилинг гел кој нуди истовремена ексфолијација и хидратација за постигнување мазна и прочистена кожа. Овој корејски пилинг користи уникатен „гомаж“ систем со природна целулоза и листови од чајно дрво кои нежно ги отстрануваат нечистотиите и комедоните без агресивно триење. Гомаж е специфична техника на ексфолијација (пилинг) која потекнува од Франција, а самиот збор во превод значи „бришење“ (како со гума за бришење). Тоа е метод кој се смета за „златна средина“ помеѓу механичкиот и хемискиот пилинг и е особено популарен во корејската козметика бидејќи е многу понежен од класичните пилинзи со зрнца. Под влијание на триењето и топлината од прстите, состојките во гелот почнуваат да се грутчат во мали бели топчиња кои делуваат како нежни магнети и ги „залепуваат“ за себе мртвите клетки од површината на кожата, вишокот себум и нечистотиите и притоа не ја гребат кожата.

За разлика од грубите пилинзи со зрнца, овој гел обезбедува мека и ефикасна ексфолијација која ги отпушува порите и ја ревитализира кожата. Формулата комбинира нежни киселини како PHA (глуконолактон) и сукцинска киселина кои го изедначуваат тенот и ја откриваат природната блескавост на лицето. Присуството на хијалуронска киселина и пантенол гарантира дека кожата ќе остане длабоко хидрирана и освежена по секое користење, без чувство на сувост или иритација.

Неговата хипоалергена формула е збогатена со смирувачка центела и чајно дрво, што го прави идеален за смирување на иритациите и контрола на вишокот себум кај проблематичната кожа.

Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.

Овој пилинг гел е најдобар избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, но неговата нежна природа го прави соодветен и за најчувствителните типови кожа на кои им е потребна редовна неделна ексфолијација.

Клучни придобивки:

  • Овој пилинг гел овозможува исклучително нежна ексфолијација која ефикасно ги отстранува мртвите клетки и ги чисти затнатите пори.
  • Двојниот пилинг ефект со целулоза и листови од чајно дрво помага во моменталното отстранување на црнките и белите митесери.
  • Комбинацијата на PHA и сукцинска киселина ја ревитализира кожата и и дава посветол и полуминизен изглед.
  • Присуството на хијалуронска киселина и пантенол обезбедува длабока хидратација и спречува појава на затегнатост по пилингот.
  • Неабразивната текстура ја прави формулата безбедна за употреба дури и кај иритирана и чувствителна кожа.

Клучни состојки:

  • Водата од лист на чајно дрво (Tea Tree) е застапена со висок процент и помага во контрола на вишокот масло и смирување на акните.
  • Целулозата делува како природен механички ексфолијатор кој при масажа ги собира нечистотиите во мали видливи топчиња.
  • Екстрактот од Centella Asiatica интензивно го смирува црвенилото и го поддржува процесот на заздравување на кожата.
  • Глуконолактонот (PHA) овозможува нежна хемиска ексфолијација која не предизвикува иритација кај сензитивната кожа.
  • Салицилната киселина (BHA) и липохидроксилната киселина (LHA) работат синергично за длабинско прочистување на порите и спречување на нови воспаленија.
  • Хијалуронската киселина, пантенолот и алантоинот обезбедуваат долготрајна влажност и смирувачки финиш на кожата.

Начин на употреба: По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од гелот на суви раце и нанесете го на суво лице, избегнувајќи ја областа околу очите и усните. Нежно масирајте со кружни движења додека не забележите како целулозата и мртвите клетки видливо се собираат во мали топчиња. Темелно исплакнете со млака вода. Се препорачува употреба 1 до 2 пати неделно за одржување на чист и мазен тен.

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Земја на производство: Република Кореја

Состав: Water, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Water (50,008 ppm), Dipropylene Glycol, Steartrimonium Methosulfate, Cellulose, Propanediol, Carbomer, Methylpropanediol, Pentylene Glycol, Isopropyl Alcohol, 1,2-Hexanediol, Butylene Glycol, Glycerin, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Powder (3,200 ppm), C12-14 Alketh-12, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Oil (2,500 ppm), Centella Asiatica Extract(2,000 ppm), Chamaecyparis obtusa Water, Caprylyl Glycol, Allantoin, Panthenol, Ethylhexylglycerin, Pinus Palustris Leaf Extract, Phellinus Linteus Extract, Dextrin, Gardenia Florida Fruit Extract, Tocopherol, 4-Terpineol, Capryloyl Salicylic Acid, Gluconolactone, Hyaluronic Acid, Salicylic Acid, Succinic Acid.

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Mild Peeling Gel 125ml

990 ден