Земја на производство: Република Кореја
Материјал: Висококвалитетна разладна плоча и ергономска рачка, 100% произведено во Кореја.
1.050 ден
FAU Snow Cooler Small е професионална алатка за крио-масажа и моментално смирување на лицето. Наменет е за третмани во студија за убавина, но може да се користи и во домашни услови.
Овозможува моментално ладење на загреаната и иритирана кожа. Овој ергономски дизајниран кулер со мала димензија е специјално креиран за лицето и деликатниот предел околу очите. Не бара батерии ниту полнач, неговата напредна технологија ја задржува ниската температура долго време, нудејќи ви професионален третман за смирување секогаш кога ви е потребен.
Оваа алатка нуди вистински спас за кожата по инвазивни козметички третмани како микронидлинг или хемиски пилинзи, каде што инстантното ладење е клучно за намалување на црвенилото и отокот. Покрај тоа, FAU Snow Cooler е идеален за секојдневна употреба како дел од вашата анти-ејџ рутина, помагајќи во затворање на порите и зацврстување на тонусот на лицето преку природна стимулација со ниска температура.
Зошто е FAU Snow Cooler неопходен во вашата козметичка торбичка?
Кога да го користите FAU Snow Cooler Small?
Начин на употреба: Чувајте го кулерот во фрижидер (или замрзнувач за поинтензивен ефект) околу 30 минути до еден час пред употреба. Нежно масирајте го лицето или пределот околу очите со кружни движења. По употреба, едноставно исчистете ја металната површина со мека крпа или алкохолно марамче.
Земја на производство: Република Кореја
Материјал: Висококвалитетна разладна плоча и ергономска рачка, 100% произведено во Кореја.
1.050 ден
AGE-R Booster Pro Mini од Medicube е мало beauty чудо кое го освои светот!
Ова преносливо уредче е твојот најдобар сојузник за блескава и здрава кожа каде и да си. Флеките од акни ќе бидат видливо намалеи, а сјајот зголемен уште по првата употреба.
Со својата компактна големина лесно собира во чанта, а резултатите се видливи уште од првата употреба.
Ја подобрува апсорпцијата на твојата омилена skincare рутина и го засилува сјајот одвнатре. Дава нежна нега дури и по користење на spot patch и е соодветен за сите типови кожа, вклучително и проблематична кожа.
Клинички тестирано, ја зголемува апсорпцијата на козметичките производи дури за 562%.
Секојдневната рутина никогаш не била полесна и поефикасна. Мини уред, за максимален ефект!
FAU Shiny Pumpkin Repair Essence е интензивна есенција за обновување и зацврстување на кожата.
Shiny Pumpkin Repair Essence е лесна, но длабоко хидратантна есенција, создадена за осветлување на тенот и подобрување на еластичноста на кожата. Со 75% екстракт од тиква како основа, оваа проѕирна гел-формула е збогатена со 17 есенцијални аминокиселини, кои ја градат кожата, и EGF (епидермален растен фактор) за стимулирање на нејзината природна регенерација. Овој уникатен состав продира длабоко, ги надополнува протеините кои ја сочинуваат кожата, враќајќи ѝ ја цврстината, виталноста и природниот сјај.
Придобивки од користење:
Како се користи:
По нанесување на серум, земете соодветна количина од есенцијата и нежно нанесете ја од центарот кон контурите на лицето. Оставете ја да се впие целосно.
Клучни состојки:
75% екстракт од тиква за хидратација и регенерација, алантоин за смирување на кожата, EGF за стимулирање на обновата на клетките, комплекс од 17 аминокиселини за зајакнување на кожната структура, хијалуронска киселина за долготрајна хидратација и хидролизиран протеин од грашок за потхранување на кожата.
За цврста, здрава и блескава кожа со секојдневна употреба.
FAU Shiny Pumpkin Vegan Essence Toner е вегански тонер за длабинска хидратација и обновување на кожата.
Тоа е лесен, но моќен тонер што веднаш ја хидрира кожата и ја подготвува за следните чекори во рутината. Со 42% екстракт од млада тиква со потекло од Кореја, овој тонер освежува, смирува и обезбедува инстантна хидратација без лепливост.
Благодарение на својата течна текстура како есенција, брзо се апсорбира и остава чувство на свежина. Сертифициран од Korea Vegan, овој производ е целосно вегански и без тестирање на животни.
Нанесете соодветна количина на тоник како прв чекор во рутината за нега на кожата по чистењето. Нежно масирајте додека целосно не се апсорбира.
Со Shiny Pumpkin Vegan Essence Toner, вашата кожа ќе биде длабински хидрирана, освежена и видливо подобрена од првиот допир!