-
Facetheory Porebright Niacinamide 10% Refining Serum 30ml
2.100 денOriginal price was: 2.100 ден.1.750 денCurrent price is: 1.750 ден.За за чиста кожа без видливи пори и акни, Facetheory Porebright Serum N10!
Facetheory Porebright Serum N10 e лесен серум формулиран со 10% ниацинамид и 0.1% азелаична киселина за да ги намали порите, пигментацијата и црвенилото, за да го изедначи тонот на кожата. Исто така го превенира фотостареењето на кожата.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Ниацинамидот, или витаминот B3 е активна состојка која ги намалува проширените пори и го балансира создавањето на маснотии во кожата. Исто така ја зајакнува природната бариера на кожата.
- Азелаичната киселина е природна состојка добиена од житарки која ги сузбива бактериите кои предизвикуваат акни и ја намалува хиперпигментацијата.
- Салицилната киселина прави нежна ексфолијација и ги одржува чисти порите со што ја прави текстурата на кожата помазна.
- Хијалуронската киселина ја подрбрува хидратацијата на кожата, ја одржува влажната бариера и ја подобрува апсорпцијата на активните состојки. Исто така го помага создавањето на колаген.
ДЕЈСТВО:
- Ги намалува проширените пори.
- Ги чисти и одржува затнатите пори и ја спречува појавата на акни.
- Го изедначува тенот, ја намалува хиперпигментацијата, го намалува црвенилото.
- Го намалува фотостареењето, ја намалува појавата на фини линии и пигментирани дамки.
- Прави блага ексфилијација со што ја подобрува текстурата на кожата.
Производот е сертифицирано cruelty-free. Не содржи парабени, PEG, SLS, SLES и минерални масла.
И на крај, но не помалку важно, амбалажата на производот е рециклирачка, направена од стакло и алуминиум како и биоразградив материјал.
-
Facetheory Porebright Niacinamide Refining Toner 200ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.390 денCurrent price is: 1.390 ден.Тоа е тонер за намалување на порите, со ниацинамид, церамиди и витамин Ц. Тоа е лесен тонер формулиран со церамиди и 5% ниацинамид (витамин Б3) за балансирање на маснотиите, подобрување на еластичноста и минимизирање на големината на порите. Церамидот е компонента на заштитниот слој кој ѝ помага на кожата да ја задржи влагата. Овој слој може да се намали со возраста и изложеноста на фактори на стрес од животната средина. Тонерот за намалување на порите Cera-C помага да се надополни и да се врати природната рамнотежа на кожата. Пантенолот (витамин Б5) ѝ помага на кожата да ја апсорбира влагата. Стабилизираниот витамин Ц се бори против бактериите кои предизвикуваат акни и ја осветлува кожата. Натриум лактатот ја хидрира кожата. Алое вера и витамин Е смируваат. Млечната киселина е алфа хидроксилна киселина, помага да се изедначи тонот на кожата. Тонерите на Facetheory не содржат алкохол. Затоа даваат малку поинакво чувство од алкохолните тонери и ги прави помалку иритирачки за чувствителната кожа.
-
Facetheory Resveratrol Antioxidant Serum 30ml
2.350 денOriginal price was: 2.350 ден.1.999 денCurrent price is: 1.999 ден. -
Facetheory Retinol Firming Moisturiser 0.3% 50ml
2.650 денOriginal price was: 2.650 ден.2.120 денCurrent price is: 2.120 ден.Retinol Firming Moisturiser 0.3% – хидратантен крем со ретинол кој обезбедува подмладена, хидрирана и осветлена кожа! Овој крем содржи 0.3% ретинол за намалување на фините линии и неправилности, а истовремено со хијалуронска киселина и витамини C и E ја храни и освежува кожата.
Главни придобивки:
- Затегнува и ја подобрува текстурата на кожата
- Осветлува и го изедначува тенот
- Хидрира длабински и ја враќа свежината
Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа. Идеален за сите кои сакаат да ги намалат знаците на стареење, дехидрација, пигментација и нерамномерен тен.
Како да го користите во рутината: Нанесете го после серумите, но пред маслата, како дел од вашата вечерна рутина.
Клучни состојки:
- 0.3% Ретинол – ги намалува фините линии и брчки, го поттикнува производството на колаген и го забрзува обновувањето на кожните клетки, помагајќи да се намалат видливите знаци на фото-стареење.
- Хијалуронска киселина и витамини C и E – за интензивна хидратација и осветлување, кои ја прават кожата свежа и полна со живот.
Со Retinol Firming Moisturiser 0.3%, уживајте во подмладен и изедначен тен секоја вечер!
-
Facetheory Supergel Oil-Free Moisturiser 50ml
1.580 денOriginal price was: 1.580 ден.1.490 денCurrent price is: 1.490 ден.Тоа е гел бомба исполнета со хидратација без масло, која осветлува и ги намалува порите. Мрсната Т-зона го најде својот противник.
Доколку имате мрсна или проблематична кожа, сигурно знаете дека не е лесно да се најде соодветен крем кој нема дополнително да ја влошува состојбата на кожата, туку напротив ќе делува на нејзино подобрување. Имаме добра вест, тука е навлажнувачки гел-крем без масла на 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 наменет за мрсна кожа и кожа склона кон акни.
Facetheory Supergel Oil-Free Moisturiser
– е некомедоген
– безбеден е за фунгални акни
– не содржи масла
– не содржи силикони
– ги одржува чисти порите
– прави благ пилинг и ја подобрува текстуратаОвој гел-крем без масло ја хидрира кожата, а е доволно лесен за употреба на кожа со затнати пори и склона кон акни. Специјално е формулиран за мрсна кожа.
Ниацинамидот ја намалува големината на порите. Салицилна киселина го одзатнува порите без да предизвика иритација. Екстрактите од камилица, алое вера и зелен чај ја смируваат проблематичната кожа. Стабилизираниот витамин Ц ја осветлува кожата додека се бори против акните, напаѓајќи ги бактериите кои ги предизвикуваат.
▪️ Алое вера го прочистува вишокот на себум и ја смирува и хидрира кожата.
▪️ Екстрактот од камилица е моќен антиоксидант кој ја смирува уморната кожа. Содржи флавоноиди, вклучувајќи го кверцетинот и апегенинот.
▪️ Екстрактот од зелен чај содржи низа полифеноли, кои имаат докажано антиоксидантно дејство во заштита на кожата.
▪️ Хијалуронската киселина го заштитува водениот баланс на кожата со што ја помага апсорпцијата на активните состојки и ја одржува кожата мека, еластична и хидрирана.
▪️ Млечната чиселина е алфа хидроксилна киселина (AHA) која помага во ексфолијација на кожата.
▪️ Салицилната киселина е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките и ја обновува површината на кожата.
▪️ Витаминот Ц е ефикасен антиоксидант кој помага во одбрана на кожата од слободните радикали и го намалува оштетувањето предизвикано од штетните влијанија од околината.