-
FAU Active Eye Lash Serum 10ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.904 денCurrent price is: 904 ден.FAU Active Eye Lash Serum е концентриран серум со напредна формула, создаден за интензивно зајакнување, раст и згуснување на трепките и веѓите. За разлика од обичните серуми, овој производ користи моќен комплекс од 4 видови пептиди (вклучувајќи го и познатиот Copper Tripeptide-1), кои делуваат директно на фоликулот на влакното, стимулирајќи го неговиот природен раст и спречувајќи го опаѓањето. Со својата лесна водена база, серумот се впива моментално, не предизвикува иритација и е идеален за постигнување на долги, темни и здрави трепки.
Овој професионален серум е совршено решение за сите кои имаат тенки, ретки или оштетени трепки од надворешни влијанија и козметички третмани. Комбинацијата на пантенол и хијалуронска киселина обезбедува длабинска хидратација, додека богатиот коктел од растителни екстракти (зелен чај, кафе, грозје и костен) нуди антиоксидантна заштита и ја подобрува микроциркулацијата околу коренот на влакното. Резултатот е видливо погусти и поцврсти трепки кои го враќаат сјајот на вашиот поглед.
Зошто FAU Active Eye Lash Serum е различен?
- Прави стимулација на фоликулите на влакната благодарение на коктелот од пептиди. Содржи Myristoyl Pentapeptide-17 и Copper Tripeptide-1 кои се научно докажани за поттикнување на растот.
- Стимулира интензивна регенерација. Екстрактот од соја и портулака ги зајакнуваат трепките од самиот корен.
- Составот со хијалурон и пантенол го спречува кршењето на влакното и пружа безбедна хидратација без да направи иритација на окото.
- Има прецизен апликатор. Четката овозможува лесно и точно нанесување без непотребно разлевање.
- Чистиот и нежен состав, без масла и без состојки кои предизвикуваат иритација е безбеден за нежната кожа околу очите.
Клучни состојки за супериорни резултати:
- Пептидниот комплекс (Copper Tripeptide-1, Acetyl Hexapeptide-8, Palmitoyl Pentapeptide-4) направен од состојки кои се стимулатори на растот и градители на влакното кои ја зголемуваат густината на трепките.
- Натриум хијалуронатот и пантенолот, хидрираат и ја задржуваат влажноста со што ја зголемуваат еластичноста.
- Екстрактот од семе од кафе и зелен чај ја стимулираат циркулацијата и го будат фоликулот.
- Екстрактот од лист од јапонско јаболко е природен извор на витамини за здрави трепки.
Начин на употреба: Користете го на чиста и сува кожа околу очите, по можност пред спиење. Извадете ги контактните леќи пред нанесување. Повлечете една тенка линија по должината на горниот корен на трепките (како ајлајнер) и доколку е потребно, нанесете врз веѓите. Почекајте 1 до 2 минути да се исуши целосно пред да нанесете друг производ.
Професионален совет: За најдобри резултати, користете го серумот континуирано секоја вечер. Првите видливи промени во цврстината и сјајот на трепките ќе ги забележите веќе по неколку недели редовна употреба.
-
FAU Core Intensive Collagen Eye Patch 90g (60pcs)
1.450 денOriginal price was: 1.450 ден.943 денCurrent price is: 943 ден.Земја на производство: Република Кореја Состав: Aqua, Glycerin, Dipropylene Glycol, Chondrus Crispus Powder, Ceratonia Siliqua (Carob) Gum, Benzyi Glycol, Xanthan Gum, PEG-60 Hydrogenated Castor Oil, Panthenol, Titanium/Titanium Dioxide, Ethylhexy|glycerin, Hydrolyzed Collagen, Allantoin, Niacinamide, Tocopheryl Acetate, 1,2-Hexanediol, Dipotassium Glycyrrhizate, Iron Oxide Black(CI 77499), Raspberry Ketone, Adenosine, Synthetic Fluorphiogopite, Disodium EDTA, Titanium Dioxide(Cl 77891), Butylene Glycol, Sodium Hyaluronate, Fragrance, Hydroxypropyltrimonium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Polyglyceryi-10 Laurate, Hyaluronic Acid, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Potassium Hyaluronate, Palmitoyl Tripeptide-1, Palmitoyl Pentapeptide-4, Hexapeptide-9, Acetyl Hexapeptide-8, Tripeptide-1, Copper Tripeptide-1. -
FAU Core Intensive Derma Care Balm 25g
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.839 денCurrent price is: 839 ден.FAU Core Intensive Derma Care Balm е интензивен третман во форма на стик, дизајниран за брза регенерација и длабинска нега на екстремно сувата и чувствителна кожа. Благодарение на неговиот практичен дизајн, овој балсам овозможува хигиенско и прецизно нанесување на сите критични зони на лицето и телото каде што кожата е груба, испукана или ја изгубила својата виталност.
Формулата се базира на комплекс од аминокиселини и хранливи масла кои создаваат свиленкаст заштитен слој на површината на кожата. Овој слој не само што ја заклучува влагата, туку и ја штити бариерата од надворешни влијанија како студ, ветер или сув воздух во затворени простории, оставајќи ја кожата еластична и обновена.
Она што го прави овој производ навистина моќен е вклучувањето на Acetyl Hexapeptide-8, познат аргирелин, уште наречен „ботокс пептид“. Оваа состојка помага во релаксација на микро-контракциите на кожата, што го прави балсамот одличен сојузник во борбата против брчките и фините линии, особено во пределот околу очите и усните.
Балсамот е збогатен и со ниацинамид, аденозин и пептиден комплекс кои заеднички делуваат на враќање на волуменот и измазнување на текстурата.
Покрај за лицето, тој е идеален како „прва помош“ за суви лакти, колена или како интензивна нега за испукани усни и кожата околу нив, каде што брзо ги смирува иритациите и поттикнува заздравување.
Кога да го користите овој мултифункционален стик?
- Идеален е за смирување и пополнување на испуканата кожа на лицето, и како итна помош при иритација.
- Помага како зимска и летна заштита за кожа изложена на сув воздух од греење или оштетувања од сонце.
- Се користи за специјална нега за зони со груба кожа како лакти и колена за интензивна регенерација и омекнување.
- Може да се користи како балсам за усни. Делува како супериорен балсам за многу испукани усни и заздравување на болните пукнатини во аглите на усните.
Клучни придобивки:
- Пружа моментално навлажнување и го елиминира чувството на затегнатост веднаш по нанесувањето.
- Длабински ја обновува кожата. Аминокиселините и пептидите ја враќаат цврстината и еластичноста.
- Ја обновува заштитната бариера и формира штит против ветер, студ и иританти.
- Има лесен механизам на извлекување (како кармин) кој спречува контаминација.
- Има пренослив дизајн кој совршено се вклопува во секоја чанта или несесер.
Начин на употреба: Свртете го долниот дел од стикот за да излезе балсамот. Нанесете го директно на сувите или иритирани делови од кожата (лице, усни, лакти, раце). Масирајте нежно доколку е потребно за подобро впивање. Може да се нанесува повеќе пати во текот на денот, секогаш кога ќе почувствувате потреба од инстант олеснување.
-
FAU Premium De Signature Modeling Mask 500g
1.640 денOriginal price was: 1.640 ден.1.066 денCurrent price is: 1.066 ден.FAU Premium De Signature Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употреба која помага во изедначување на тенот и зацврстување на кожата.
Оваа премиум маска содржи ниацинамид и арбутин, кои придонесуваат за осветлување на кожата и подобрување на нејзиниот тон. Благодарение на хидролизираниот колаген и пептидите, оваа маска ја зацврстува кожата, ја подобрува нејзината еластичност и помага во обновување на нејзината структура.
Со својата уникатна формула, De Signature Premium Modeling Mask обезбедува длабинска нега, ја хидрира и ревитализира кожата, оставајќи ја свежа, мазна и со здрав сјај.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Главни придобивки:
- Го изедначува тенот и го намалува изгледот на темните дамки
- Ја зацврстува кожата и ја подобрува нејзината еластичност
- Обезбедува длабинска хидратација и ревитализација
- Остава кожата мазна и освежена по само една употреба
Клучни состојки:
- Ниацинамид – помага во изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата
- Арбутин – познат осветлувач на кожата што го подобрува сјајот
- Хидролизиран колаген – ја зацврстува кожата и ја прави поеластична
- Ацетил хексапептид-8 – пептид со ефект на измазнување и зацврстување
- Алантоин – состојка што ја смирува и омекнува кожата
Како да се користи:
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути, додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium De Signature Modeling Mask, вашата кожа ќе биде осветлена, зацврстена и со беспрекорен тен!
-
FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask 500g
1.640 денOriginal price was: 1.640 ден.1.066 денCurrent price is: 1.066 ден.FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употеба за длабинска нега и обновување на кожата.
Оваа премиум моделирачка маска е совршена за интензивна хидратација и длабинско потхранување на кожата. Оваа маска е с поголема концентрација и дава поголем ефект од сличните маски за домашна употреба. Содржи екстракт од тиква, богат со витамини А, Б, Ц, Е, К и минерали, кои ѝ помагаат на кожата да се обнови и да го врати здравиот, воедначен изглед. Идеална е за кожа што е дехидрирана, има нерамна текстура или ѝ е потребна дополнителна нега по пилинг или специјални третмани.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Благодарение на својот уникатен состав, оваа маска:
- Го подобрува тонот на кожата и ја прави мазна и сјајна
- Ја хидрира длабински и помага во задржување на влагата
- Го намалува заморот на кожата, ја ревитализира и помага во нејзина детоксификација
- Ја зајакнува кожната бариера и обезбедува свеж, здрав изглед
Клучни состојки:
- Прав од тиква – природен извор на витамини и антиоксиданси за подобрување на текстурата и изгледот на кожата
- Малтодекстрин – ја хидрира кожата и ја прави мека
- Дијатомејска земја – природен минерал што помага во апсорпција на себумот и нечистотиите
- Глукоза – ја задржува влагата и го подобрува сјајот
- Колаген – го подобрува тонусот и еластичноста на кожата
- Алантоин – смирувачка состојка што ја намалува иритацијата
Како да се користи:
Измешајте ја маската во птрав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.Со FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask, вашата кожа ќе биде хидрирана, измазнета и видливо освежена!
-
FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask 500g
1.640 денOriginal price was: 1.640 ден.1.066 денCurrent price is: 1.066 ден.FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask e смирувачка моделирачка маска за чувствителна и проблематична кожа.
Оваа премиум моделирачка маска е специјално формулирана за смирување на проблематична и чувствителна кожа. Идеална е за кожа склона кон акни, иритации и црвенило, особено по специјални третмани како што се MTS (терапија со микроигли) или пилинг.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Маската содржи екстракт од Portulaca oleracea, моќна состојка позната по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, која брзо ја смирува кожата и го намалува црвенилото. Алантоинот дополнително ја негува и смирува кожата, додека колагенот обезбедува длабинска хидратација и ја подобрува нејзината еластичност.
Главни придобивки:
- Интензивно смирување на чувствителна и проблематична кожа
- Намалување на црвенилото и иритациите
- Обнова и зајакнување на кожната бариера
- Длабинска хидратација и подобрување на тонусот на кожата
Клучни состојки:
- Колаген – ја зајакнува и ревитализира кожата
- Екстракт од Portulaca oleracea – ја смирува воспалената кожа и го намалува црвенилото
- Алантоин – негува и поттикнува регенерација на кожата
Како да се користи:
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете рамномерна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask, вашата кожа ќе биде смирена, хидрирана и видливо подобрена од првата употреба!
-
FAU Rubber Modeling Bowl (гумен сад за мешање маски)
230 денOriginal price was: 230 ден.150 денCurrent price is: 150 ден.Овој гумен сад на брендот FAU е практичен и неопходен додаток за подготовка на моделирачки маски за лице. Изработен од флексибилен, издржлив и лесен за чистење материјал, овозможува брзо и ефикасно мешање на прашкасти и течни формули без лепење и губење на производ. Идеален е за професионална и домашна употреба, овозможувајќи рамномерна подготовка на маската пред нанесување. Благодарение на неговата форма и стабилност, работата со маски станува почиста, побрза и попрецизна.
-
FAU Shiny Pumpkin Amino Therapy 160ml
2.337 денOriginal price was: 2.337 ден.1.519 денCurrent price is: 1.519 ден.FAU Shiny Pumpkin Amino Therapy e интензивно хидратантен и протеински богат тонер.
Тоа е високо-концентриран хидратантен тонер создаден да ја надополни и смири кожата после ексфолијација. Со 85% екстракт од тиква и 17 аминокиселини во лесно апсорбирачка форма, овој тонер пружа интензивна нега и ја обновува кожната бариера, обезбедува длабока хидратација и го балансира pH нивото.
Формулата е специјално развиена за максимизирање на влажноста после користење на Pumpkin Peel, помагајќи во апсорпцијата на хранливите материи од екстрактот од тиква. Неговата нежна пенеста текстура ја остава кожата со природен сјај, ревитализирана и со свежина.
Главни придобивки:
- Длабинска хидратација и обнова на кожата
- Ги надополнува потребните протеини и аминокиселини
- Ја смирува кожата по ексфолијација и го балансира pH нивото
- Поттикнува апсорпција на хранливите материи од екстрактот од тиква
- Ја осветлува и ревитализира кожата
Клучни состојки:
- 85% екстракт од тиква – богат со витамини, антиоксиданти и хидратантни компоненти
- Хидролизиран протеин од грашок – помага во обновување на кожата и зајакнување на нејзината структура
- 17 комплекс аминокиселини – го поттикнуваат природниот баланс и еластичноста на кожата
- Алантоин – смирува и ја штити кожата од надворешни штетни фактори
- Ниацинамид – го подобрува тенот и ја прави кожата посјајна
- Аденозин – помага во намалување на фините линии и брчки
Како да се користи:
- Користете го како неутрализатор после Pumpkin Peel, за да ја смирите кожата и да ја подготвите за апсорпција на хранливите состојки.
- Може да го користите наместо тонер после чистење на лицето за дополнителна хидратација и обновување.
Со редовна употреба, кожата станува свежа, мазна и еластична, со природен здрав сјај.
-
FAU Shiny Pumpkin Peel 60g
2.827 денOriginal price was: 2.827 ден.1.838 денCurrent price is: 1.838 ден.FAU Shiny Pumpkin Peel е нежен, но моќен пилинг кој ја измазнува текстурата на кожата без иритации. Овој прецизен ексфолијант истовремено обезбедува длабинска нега, збогатен со витамини, минерали и омега масни киселини од тиква, кои ја хранат кожата и ја прават посјајна и поизедначена.
Благодарение на комбинацијата на природни ензими од тиква со AHA и BHA киселини, ефикасно ги раствора грубите наслаги на мртви клетки и го измазнува слојот на кожата. По употреба, порите изгледаат прочистени, кожата е мазна и со природен сјај.
Главни придобивки:
- Деликатно отстранува мртви клетки и ја подобрува текстурата
- Ја осветлува и ревитализира кожата
- Ги намалува порите и го балансира тенот
- Ги комбинира придобивките на ензимски, AHA и BHA ексфолијанти
- Ја храни кожата со витамини, минерали и масни киселини
Клучни состојки:
- 38% екстракт од тиква – богат со антиоксиданси и хранливи состојки
- 10% прав од тиква – природно ексфолира и подобрува текстура
- Гликолна киселина (AHA) – ги раствора мртвите клетки и го подобрува сјајот
- Јаболкова киселина (Malic Acid) – освежува и хидрира
- Салицилна киселина (BHA) – длабински чисти и намалува пори
- Алантоин – ја смирува и заштитува кожата
- Екстракт од зелен чај (Camellia Sinensis Leaf Extract) – антиоксидативна заштита и смирувачки ефект
Како да се користи:
Нанесете Shiny Pumpkin Peel на кожата и оставете да делува според типот на кожата:- Нормална кожа: 10-15 минути
- Чувствителна кожа: 7-10 минути
Потоа нанесете Pumpkin Amino Therapy, оставете 30 секунди и нежно истријте пред да го исплакнете.
Со редовна употреба, кожата станува мазна, освежена и ревитализирана, со видливо подобрена текстура и природен, здрав сјај.
-
FAU Shiny Pumpkin Peel Care Cream 50g
1.144 денOriginal price was: 1.144 ден.744 денCurrent price is: 744 ден.FAU Shiny Pumpkin Peel Care Cream е крем-ноќна маска за домашен пилинг третман за свиленкасто мазна кожа.
Toa е концентриран пилинг крем што ви овозможува салонски третман во удобноста на вашиот дом. Благодарение на тројното делување на AHA, BHA и PHA киселиниte, ефикасно ги отстранува мртвите клетки, додека истовремено ја негува кожата со есенцијални аминокиселини кои помагаат во обновување и подобрување на текстурата.
Со редовна употреба, грубата кожа станува мазна, свиленкаста и здрава, додека процесот на регенерација се забрзува, правејќи ја кожата поотпорна и ревитализирана.
Главни придобивки:
- Нежно, но ефикасно ексфолирање благодарение на AHA, BHA и PHA киселини
- Ја обновува и измазнува текстурата на кожата
- Го поттикнува природниот процес на регенерација
- Ја хидрира и ја зајакнува кожната бариера
- Ја прави кожата свиленкасто мека и сјајна
Клучни состојки:
- Млечна киселина (Lactic Acid, AHA) – нежно ги раствора мртвите клетки и ја подобрува текстурата
- PHA (Поли-хидрокси киселина) – ја хидрира кожата додека ексфолира
- Салицилна киселина (BHA) – ги чисти порите и спречува комедони и акни
- Екстракт од тиква – богат со антиоксиданти и хранливи материи
- Комплекс од аминокиселини – ја зајакнува кожата и поттикнува природна регенерација
Како да се користи:
- Нанесете тенок слој на чиста кожа како ноќна маска, како последен чекор во вашата рутина.
- Оставете да делува преку ноќ и исплакнете со млака вода следното утро.
- Препорачано користење 1-2 пати неделно за најдобри резултати.
Shiny Pumpkin Peel Care Cream е совршен избор за оние што сакаат блескава, мазна и ревитализирана кожа, без потреба од агресивни третмани!
-
FAU Shiny Pumpkin Serum 100ml
1.972 денOriginal price was: 1.972 ден.1.282 денCurrent price is: 1.282 ден.FAU Shiny Pumpkin Serum е интензивен серум за регенерација на оштетена кожа.
Овој високо-концентриран регенеративен серум е создаден за да ја обнови и зајакне кожата. Со богат екстракт од тиква, збогатен со витамини, 17 есенцијални аминокиселини и хијалуронска киселина, овој серум длабински ја храни кожата, обезбедува интензивна хидратација и ја подобрува состојбата на оштетената кожа.
Неговата густа, но лесно впивлива формула го прави идеален за кожа што е изложена на пилинзи, специјални третмани, ласерски процедури или која има потреба од длабинска регенерација.
Главни придобивки:
- Длабински ја обновува и смирува оштетената кожа
- Го забрзува процесот на регенерација
- Ја зајакнува бариерата на кожата
- Ја хидрира и ревитализира со богати активни состојки
- Го подобрува сјајот и ја изедначува текстурата
Клучни состојки:
- Екстракт од тиква – природно богат со витамини и антиоксиданти за подмладување
- Комплекс од аминокиселини – го зајакнува заштитниот слој на кожата и помага во обновување
- Алантоин – ја смирува кожата и спречува иритации
- Сквалан – обезбедува интензивна нега и ја штити кожата од сушење
- Хијалуронска киселина – длабоко хидрира и ја прави кожата мазна и еластична
Како да се користи:
По нанесување на тонер, со помош на пипета истиснете неколку капки од серумот на дланката. Нанесете на лицето, рамномерно распоредете и нежно тапкајте додека не се апсорбира.Со редовна употреба, Shiny Pumpkin Serum ја обновува кожата, правејќи ја поздрава, посјајна и мазна.
-
FAU Shiny Pumpkin Travel Kit (foam toner 30ml, essence 15ml, cream 10g)
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.969 денCurrent price is: 969 ден.Овој практичен мини сет од брендот FAU содржи три производи со екстракт од тиква и моќни активни состојки, дизајнирани да ја обноват, навлажнат и зацврстат кожата. Идеален за патување или пробно користење, сетот ги комбинира предностите на есенции, серуми и креми за комплетна анти-ејџ нега и интензивна хидратација.
Сетот вклучува:
-
Shiny Pumpkin Amino Therapy (30ml) – Ампула со екстракт од тиква, аминокиселини, соја протеин и хијалуронска киселина за смирување, еластичност и интензивна нега.
-
Shiny Pumpkin Repair Essence (15ml) – Хидратантна есенција со аминокиселини и тиква, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ѝ дава природен сјај.
-
Shiny Pumpkin Cera Repair Cream (10g) – Крем со 5-церамиден комплекс и ши путер кој ја обновува кожната бариера и ја зголемува цврстината и еластичноста.
Клучни придобивки:
-
Формула против брчки и за изедначување на тенот
-
Високо хидратантно и хранливо дејство
-
Лесно пакување, идеално за патување или како вовед во линијата
-
Подобрување на густината, сјајот и отпорноста на кожата
Активни состојки:
Екстракт од тиква (Cucurbita Pepo), алантоин, ниацинамид, аденозин, ши путер -
-
FAU Shiny Pumpkin Vegan Cream 60g
1.339 денOriginal price was: 1.339 ден.870 денCurrent price is: 870 ден.FAU Shiny Pumpkin Vegan Cream е веганска крема за длабинска хидратација и зајакнување на кожата.
Оваа лесна, но богата крема содржи 69% екстракт од млада тиква со потекло од Кореја, кој ја храни кожата и создава заштитна бариера што ја одржува хидрирана во текот на целиот ден. Со својата воздушеста, бouncy текстура, се апсорбира без лепливост, оставајќи ја кожата мазна, еластична и ревитализирана.
Сертифицирана од Korea Vegan, оваа крема не содржи состојки од животинско потекло и не е тестирана на животни.
Главни придобивки:
- Обезбедува длабинска и долготрајна хидратација
- Формира заштитен слој што спречува загуба на влага
- Сертифициран вегански производ, без тестирање на животни
- Ја смирува и зајакнува кожата
- Погодна за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна
Клучни состојки:
- 69% екстракт од тиква – богат со витамини и антиоксиданти за длабинска хидратација
- EternalP – специјален комплекс за регенерација и подобрување на еластичноста
- 7 хијалуронски киселини – ја задржуваат влажноста во кожата и спречуваат сушење
- Ниацинамид – го подобрува тенот и го зголемува природниот сјај на кожата
- Аденозин – помага во намалување на фините линии и брчки
Како да се користи:
На крајниот чекор од рутината за нега, нанесете соодветна количина рамномерно на целото лице и оставете да се апсорбира. За подобра апсорпција, покријте го лицето со дланките и нежно притиснете.Со Shiny Pumpkin Vegan Cream, вашата кожа ќе биде интензивно хидрирана, мазна и ревитализирана во текот на целиот ден!
-
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-pad 96g / 60еа
1.395 денOriginal price was: 1.395 ден.907 денCurrent price is: 907 ден.FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
- Интензивна хидратација и освежувачко ладење
- Брзо смирување и намалување на иритациите
- Совршена адхезија без лепливост
- Сертифициран вегански производ, без тестирање на животни
- Погодни за употреба на повеќе делови од лицето и вратот
Клучни состојки:
- Екстракт од тиква – богат со витамини и антиоксиданти за интензивна нега
- Фермент од тиква со лактобацилус – ја зајакнува бариерата на кожата и ја одржува хидратацијата
- Карагенан – природен згуснувач добиен од морска трева кој обезбедува удобна желе текстура и помага за подолготрајно дејство.
- Аскорбинска киселина (витамин Ц) – ја осветлува кожата и го подобрува нејзиниот изглед
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!
-
FAU Shiny Pumpkin Vegan Serum 60ml
1.339 денOriginal price was: 1.339 ден.870 денCurrent price is: 870 ден.FAU Shiny Pumpkin Vegan Serum е вегански серум за длабинска хидратација и обновување на кожата.
Овој серум со текстура како есенција содржи 53% екстракт од млада тиква со потекло од Кореја, кој веднаш ја храни и обновува кожата. Сертифициран од Korea Vegan, овој серум е целосно вегански и без тестирање на животни.
Со лесна, но богата текстура, серумот брзо се апсорбира и ги смирува длабоките слоеви на кожата, оставајќи чувство на удобност и хидратација без лепливост.
Главни придобивки:
- Долготрајна хидратација и брзо впивање
- Ја смирува и обновува кожата
- Сертифициран вегански производ, без тестирање на животни
- Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна
- Помага во намалување на фините линии и брчки
Клучни состојки:
- 53% екстракт од тиква – богат со витамини и антиоксиданти за интензивна хидратација
- EternalP – специјален комплекс за регенерација и обновување
- 7 хијалуронски киселини – обезбедуваат длабинска и долготрајна влажност
- Ниацинамид – го изедначува тенот и го подобрува сјајот на кожата
- Аденозин – помага во намалување на знаците на стареење
Како да се користи:
По нанесување на тонер, нанесете соодветна количина на серум рамномерно на лицето и нежно тапкајте за да се апсорбира.Со Shiny Pumpkin Vegan Serum, вашата кожа ќе биде длабински хидрирана, обновена и видливо подобрена од првиот допир!
-
FAU Silicon Brush (силиконска четка)
390 денOriginal price was: 390 ден.254 денCurrent price is: 254 ден.Силиконската четка на FAU е практичен и хигиенски алат за рамномерно нанесување на маски за лице. Изработена од мек, висококвалитетен силикон, четката овозможува лесно и прецизно нанесување без нерамномерно разнесување на производот. Благодарение на нежниот материјал, е погодна за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Ергономската рачка овозможува стабилно држење, а четката се чисти лесно и брзо, што ја прави идеален избор за секојдневна нега или професионална употреба.