-
MATRIGEN Sun Block Tone Up Cream SPF 50+ PA++++ 50ml.
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.MATRIGEN Sun Block Tone Up Cream SPF 50+ PA++++ 50ml е лесен сонцезаштитен крем кој комбинира висока UVA/UVB заштита со природен tone-up ефект за посветол и порамномерен изглед на тенот. Формулата користи комбинација од минерални и хемиски UV филтри и е погодна за секојдневна употреба.
Покрај сончевата заштита, формулата содржи ниацинамид, хијалуронска киселина, витамин Е, аденозин и EGF, кои дополнително ја негуваат кожата и придонесуваат за хидриран, мазен и свеж изглед.
Бенефити:
• Обезбедува висока SPF 50+ PA++++ UVA/UVB заштита
• Комбинира минерални и хемиски UV филтри
• Има природен tone-up ефект кој визуелно го осветлува тенот
• Помага во одржување на хидратацијата
• Придонесува за порамномерен и посјаен изглед на кожата
• Помага во подобрување на изгледот на фините линии
• Има лесна текстура погодна за секојдневна употреба
• Може да се користи како последен чекор од негата и како подлога пред шминкаНачин на употреба:
Нанесете рамномерна и доволна количина на лицето како последен чекор од утринската рутина, околу 15 минути пред изложување на сонце. Нежно тапкајте за подобра апсорпција. Повторно нанесувајте по потреба при продолжено изложување на сонце. -
Matrigen Tepor Cleansing Oil 150ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.Matrigen Tepor Cleansing Oil е премиум хидрофилно масло дизајнирано за темелно и нежно претчистење на сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната. Овој производ ефикасно ги раствора најтврдокорните нечистотии, шминката и заштитните фактори (SPF), без да ја наруши природната хидролипидна бариера. Текстурата е лесна и свиленкаста, а во допир со вода се претвора во нежно млеко кое лесно се измива, оставајќи ја кожата освежена, мека и без никакво чувство на масен финиш или затегнатост.
Ова масло нуди решение за оние кои бараат ефикасно отстранување на водоотпорна шминка и нечистотии наталожени во порите, за лица со сува кожа на кои им е потребна дополнителна исхрана при чистењето, како и за оние со масна кожа кои сакаат да го регулираат себумот на природен начин. Производот е идеален како прв чекор од двојното чистење во корејската рутина, подготвувајќи ја кожата за следните чекори на нега. Благодарение на комплексот од хранливи масла, тоа истовремено чисти и ја враќа изгубената еластичност и сјај на лицето.
Комплексот од природни масла (авокадо, јојоба, макадамија и сончоглед) е клучниот носечки елемент во оваа формула. Овие масла работат во синергија за да ги растворат нечистотиите базирани на масти, додека истовремено ја заситуваат кожата со есенцијални масни киселини и витамини, правејќи ја текстурата на кожата неверојатно мазна и заштитена од оксидативен стрес.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува темелно чистење на порите и отстранување на SPF производи.
- Нежно ја раствора дури и најтврдокорната шминка без иритација на очите.
- Го поддржува и обновува природниот хидролипиден баланс.
- Ја храни и омекнува кожата, спречувајќи предвремено стареење.
- Делува смирувачки врз иритациите и ја зајакнува финкцијата на бариеарат на кожата.
- Помага во регулирање на лачењето на себум кај сите типови кожа.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Маслото од авокадо интензивно ја храни кожата и ја зголемува нејзината еластичност.
- Маслото од јојоба ја регулира маснотијата и ја прави кожата мазна.
- Скваланот брзо ја обновува кожата, ја исполнува со мекост и дава здрав сјај.
- Маслото од макадамија смирува иритации и ја регенерира заштитната бариера.
- Маслото од Limnanthes Alba (Meadowfoam) е богато со антиоксиданти кои ја штитат кожата и го одржува цврстината и сјајот.
- Маслата од маслинка и сончоглед ја задржуваат влагата во клетките.
- Токоферолот (витамин Е) ги штити клетките од штетното влијание на слободните радикали.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од маслото на суви дланки и нежно масирајте го целото лице околу 30 секунди. Потоа, намокрете ги рацете со малку вода за маслото да се емулгира во бело млеко и продолжете со масажата. Темелно исплакнете со млака вода. Кај ммрсна и комбинирана кожа, по употребата на маслото измијте го лицето со пена или гел за чистење (двојно чистење) за да ги отстраните сите преостанати нечистотии.
-
MATRIGEN Tone Up Liquid Sun Cream 40ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.MATRIGEN Tone Up Liquid Sun Cream е професионален производ за заштита од сонце од новата генерација, кој ги комбинира физичките и хемиските филтри за да обезбеди повеќестепена заштита од UVA и UVB зраците. Неговата уникатна лесна и течна текстура рамномерно се распоредува на кожата, обезбедувајќи моментална хидратација и природен „Tone-Up“ ефект – суптилно осветлување и здрав сјај без бели траги. Флуидот не остава лепливо чувство, правејќи ја кожата кадифена на допир, што го прави совршен избор за секојдневна употреба, самостојно или како подлога за шминка.
Овој крем нуди решение за сите кои бараат сигурна заштита од сонцето, но сакаат да избегнат тешки и мрсни текстури. Идеален е за безживотна кожа на која и недостасува енергија, за кожа со нерамномерен тен, како и за чувствителна кожа склона кон иритации. Благодарение на комбинацијата од филтри, производот обезбедува моќен штит против фотостареењето, додека истовремено ја смирува и ја обновува кожата во текот на целиот ден.
Комбинираниот систем на филтри и ниацинамидот се во центарот на оваа формула. Системот на современи филтри гарантира максимален спектар на заштита, додека ниацинамидот активно работи на осветлување на пигментацијата, изедначување на микрорелјефот и зајакнување на заштитната бариера, давајќи му на лицето свеж и негуван изглед.
Содржи егзозоми (Extracellular Vesicles), биотехнолошка иновација со голема ефикасност. Тоа се микроскопски „паметни“ гласници кои продираат многу подлабоко од обичните растителни екстракти. Егзозомите во овој крем вршат активна клеточна комуникација. Тие испраќаат сигнали до кожата да се регенерира, ги поправаат оштетувањата на ДНК на клетките и го зајакнуваат имунитетот на кожата. Ова е буквално „нега на иднината“ во SPF производ.
Комплексот на Центела има терапефтско дејство. Производот содржи четири чисти состојки од центела мадекасозид, азиатикозид, азијатична киселина и мадекасинска киселина. Ако имате активни воспаленија, акни или чувствителни места, овие состојки активно ги лекуваат во моментот кога сонцето најмногу се обидува да ги иритира.
Има течна формулација со масло од Limnanthes Alba (medowfoam). Ова масло има уникатен состав на масни киселини кои се екстремно стабилни на топлина (не оксидираат на сонцето како некои други масла). Тоа ја прави текстурата течна и оставаат да „дише“, давајќи му на лицето сјај кој не изгледа мрсно, туку како здрава, хидрирана кожа.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува висок степен на заштита од штетното UVA и UVB зрачење.
- Дава природен ефект на сјај и го изедначува тенот на лицето.
- Има неважна течна текстура која моментално се апсорбира без лепливост.
- Длабински хидрира и спречува губење на влажноста во текот на денот.
- Ги штити клетките од оксидативен стрес и предвремено стареење.
- Го поддржува здравиот микробиом на кожата преку ферменти од лактобацилус.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Содржи физички и хемиски филтри (Zinc Oxide, Titanium Dioxide и др.) кои создаваат сигурна бариера против изгореници и пигментација.
- Ниацинамидот го осветлува тенот, ја подобрува еластичноста и се бори против сивилото на кожата.
- Егзозомите се иновативни компоненти кои ја забрзуваат регенерацијата и го зајакнуваат имунитетот на кожата.
- Комплекс од центела (мадекасосид, азиатикозид) брзо ги смирува иритациите и ги заздравува микро-оштетувањата.
- Екстрактите од камилица, жалфија и зелен чај се природни антиоксиданти кои го намалуваат воспалението.
- Натриум хијалуронатот овозможува долготрајна хидратација на различните слоеви на епидермисот.
- Масло од Limnanthes Alba (meadowfoam) ja омекнува кожата и го обновува нејзиниот липиден слој.
Начин на употреба: Користете го како последен чекор од утринската рутина за нега. Нанесете соодветна количина од флуидот на исчистена и хидрирана кожа на лицето, вратот и деколтето, 15-20 минути пред изложување на сонце. Распоредете рамномерно со нежни движења до целосно впивање. При подолг престој на директно сонце, се препорачува обновување на заштитата на секои 2 часа.
-
MATRIGEN Volufiline “Filler” Routine
5.270 денOriginal price was: 5.270 ден.3.953 денCurrent price is: 3.953 ден.