-
Ondo Beauty 36.5 Adenosine & Zhi Mu Lifting Mask 25ml
220 денOndo Beauty 36.5 Adenosine & Zhi Mu Lifting Mask лист-маска за нежна нега, за цврста и еластична кожа.
Откријте ја магијата на Ondo Beauty 36.5 Adenosine & Zhi Mu Lifting Mask, лист-маска која ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата, истовремено намалувајќи ги знаците на стареење. Инспирирана од корејскиот термин Tang-Tang, што ја симболизира цврстината на кожата, оваа маска е вашето совршено решение за подмладен и свеж тен.
Клучни придобивки:
- Ја подобрува цврстината и ја прави кожата пополна. Екстрактот од коренот Zhi Mu, традиционална состојка од азиската медицина, го поттикнува создавањето на липиди за пополна и помазна кожа.
- Ги намалува брчките. Аденозинот и пептид ефект на ботокс ја мазнат површината на кожата, минимизирајќи ги фините линии и брчките.
- Длабински хидрира. Ниацинамидот, хијалуронската киселина и витамин Е ја навлажнуваат кожата и го враќаат нејзиниот природен сјај
- Има природен ароматерапевтски мирис. Комбинацијата од есенцијални масла од гераниум, бергамот, дамаска роза и иланг-иланг обезбедува пријатно и релаксирачко искуство.
Состојки што прават разлика:
• Коренот од Zhi Mu ја подобрува цврстината и поттикнува подмладување на кожата.
• Аденозинот ги таргетира брчките и ја мазни текстурата на кожата.
• Ниацинамидот ја изедначува бојата на кожата и ја зајакнува бариерата.
• Хијалуронската киселина го задржува нивото на влага и обезбедува длабока хидратација.
• Екстрактите од сусам, морков и бадем ја хранат кожата и ја подобруваат нејзината текстура.Начин на употреба: Нанесете ја лист-маската на чисто и суво лице, усогласувајќи ги отворите со вашите очи и усни.
Оставете ја да делува 15-20 минути.
Отстранете ја маската и нежно масирајте ја преостанатата есенција додека кожата не ја впие целосно.Совет: За најдобри резултати, користете ја 1-2 пати неделно како дел од вашата редовна рутина за нега.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Adenosine & Zhi Mu Lifting Mask?
- Има моќен анти-ејџ ефект. Ја намалува видливоста на брчките и ги таргетира знаците на стареење.
- Нејзината природна формула е збогатена со есенцијални масла и растителни екстракти.
- Пружа длабинска и интензивна хидратација и хранење за подмладен изглед на кожата.
- Погодна е за сите типови кожа. Нежна формула која ефикасно работи и на чувствителна кожа.
Подарете ѝ на вашата кожа цврстина и сјај со Ondo Beauty 36.5 Adenosine & Zhi Mu Lifting Mask.
-
Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches 3g (2 patches)
199 денOndo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches се хидрогел лепенки за совршена нега за пределот околу очите
Тие се вашето решение за уморни очи, темни кругови и фини линии. Збогатени со кофеин, зелен чај и ниацинамид, овие хидрогел лепенки го намалуваат заморот и ја враќаат свежината на кожата околу очите.
Пакувањето содржи со 2 лепенки (еднократна употреба) е соовршено за брза нега кога сте на пат!
Со Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches во практично пакување, добивате брза, ефикасна нега каде и да сте. Овие лепенки се идеални за моментално намалување на уморот и враќање на свежината на кожата околу очите. Инспирирани се од Ban-Jjak што на корејски значи блескавост на со цел да ја отсликуваат свежината и сјајот на кожата што ги обезбедуваат овие лепенки.
Клучни состојки и придобивки:
- Кофеинот и зелениот чај ја поттикнуваат микроциркулацијата, го намалуваат отокот и ги осветлуваат темните кругови.
- Ниацинамидот о изедначува тенот, ја осветлува кожата и ги таргетира фините линии.
- Растителениот глицерин ( 14% ) обезбедува длабока хидратација и ја задржува влагата за здрав сјај.
- Ѓумбирот е природен антиоксидант што ја смирува и ревитализира кожата.
Начин на употреба: Отворете го пакувањето. Нанесете ги на чиста кожа околу очите. Оставете да делуваат 20-30 минути. Отстранете ги и нежно тапкајте ја преостанатата есенција за подобра апсорпција. Чувајте ги во фрижидер за дополнителен разладувачки ефект.
Зошто да ги изберете Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches?
- Веган се и без суровост кон животните.
- Лепенките се формулирани без синтетички мириси и се погодни за сите типови кожа.
- Го намалуваат отокот и ја освежуваат кожата под очите.
- Го враќаат одморниот изглед на очите.
Освежете ги вашите очи со Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches.
-
Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches 90g (60 patches)
1.990 денOndo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches се хидрогел лепенки за совршена нега за пределот околу очите
Тие се вашето решение за уморни очи, темни кругови и фини линии. Збогатени со кофеин, зелен чај и ниацинамид, овие хидрогел лепенки го намалуваат заморот и ја враќаат свежината на кожата околу очите.
Пакувањето во тегличка содржи 60 лепенки (30 пара) за 30 употреби, а достапни се и во единечно пакување со 2 лепенки. Со 60 лепенки, ова пакување е идеално за редовна употреба, обезбедувајќи видливи резултати при често користење. Хидрогел лепенките се дизајнирани да обезбедат хидратација, антиоксидантна заштита и намалување на темните кругови.
Со Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches во практично пакување, добивате брза, ефикасна нега каде и да сте. Овие лепенки се идеални за моментално намалување на уморот и враќање на свежината на кожата околу очите. Инспирирани се од Ban-Jjak што на корејски значи блескавост на со цел да ја отсликуваат свежината и сјајот на кожата што ги обезбедуваат овие лепенки.
Клучни состојки и придобивки:
- Кофеинот и зелениот чај ја поттикнуваат микроциркулацијата, го намалуваат отокот и ги осветлуваат темните кругови.
- Ниацинамидот о изедначува тенот, ја осветлува кожата и ги таргетира фините линии.
- Растителениот глицерин ( 14% ) обезбедува длабока хидратација и ја задржува влагата за здрав сјај.
- Ѓумбирот е природен антиоксидант што ја смирува и ревитализира кожата.
Начин на употреба: Користете ја лопатката што доаѓа во пакувањето за да ги одвоите лепенките од пакувањето. Нанесете ги на чиста кожа околу очите. Оставете да делуваат 20-30 минути. Отстранете ги и нежно тапкајте ја преостанатата есенција за подобра апсорпција. Чувајте ги во фрижидер за дополнителен разладувачки ефект.
Зошто да ги изберете Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches?
- Веган се и без суровост кон животните.
- Лепенките се формулирани без синтетички мириси и се погодни за сите типови кожа.
- Го намалуваат отокот и ја освежуваат кожата под очите.
- Го враќаат одморниот изглед на очите.
Освежете ги вашите очи со Ondo Beauty 36.5 Caffeine & Green Tea Antioxidant Eye Patches.
-
Ondo Beauty 36.5 Ceramides & CICA protective Sun Cream 50ml
1.590 денOriginal price was: 1.590 ден.1.490 денCurrent price is: 1.490 ден.Ondo Beauty 36.5 Ceramides & Cica Protective Sun Cream SPF 50+ PA++++ e крем со највисок фактор на заштита од сонце кои истовремено ѝ пружа интензивна нега на вашата кожа
Ondo Beauty 36.5 Ceramides & Cica Protective Sun Cream нуди високо ниво на заштита од сонце со формула која комбинира иновација и природна нега. Оваа крема е идеален избор за секојдневна заштита, особено за чувствителна кожа, благодарение на моќните состојки како церамиди и азиска центела (CICA).
Клучни придобивки:
- Пружа максимална заштита од сонце со највисок заштитен фактор SPF 50+ и PA++++ , со што обезбедуваацелосна заштита од штетните UVA и UVB зраци, спречувајќи изгореници и предвремено стареење на кожата.
- Не остава бел слој и бели траги. Хемиските филтри обезбедуваат транспарентен финиш кој се вклопува со сите тонови на кожа, дури и со потемни.
- Има 2 во 1 формула која ја комбинира функцијата на заштита од сонце и хидратација, што го прави овој крем одличен за секојдневна употреба.
- Има хидратантна и лесна текстура. Благодарение на хијалуронската киселина, церамиди, ниацинамидот и навлажнувачките шеќери, кожата останува хидрирана и мазна.
- Дава сјаен завршеток со природен сјај и служи како идеална подлога за шминка.
- Формулата е дерматолошки е тестирана и е погодна за чувствителна кожа. Не предизвикува иритации или чувство на тежина.
- Производот е вегански и cruelty free.
Начин на употреба: Протресете ја тубата пред употреба. Нанесете количество што одговара на една кафена лажица или користете ја техниката со два прста, рамномерно распределувајќи ја кремата на лицето, вратот и деколтето. Нанесете ја пред изложување на сонце. Повторете ја апликацијата на секои 2 часа за да ја одржите заштитата, особено по пливање, потење или бришење со пешкир.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Ceramides & Cica Protective Sun Cream?
- Бидејќи тоа е производ со универзална употреба. Лесната формула е погодна за сите типови кожа, од мрсна до сува, и може да се користи како основен хидратантен производ.
- Истовремено пружа заштита од сонце и нега. Со состојки како азиска центела (CICA) која ја смирува кожата и церамиди кои ја зајакнуваат бариерата на кожата, добивате целосна нега додека софистицираните филтри пружаат највисока заштита.
- Дава иделана подлога за шминка. Благодарение на сјајниот финиш, овој крем служи како одлична основа за шминка, вклучувајќи го и пределот околу очите.
Совет за чување: Чувајте го кремот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина, за да ја задржите нејзината ефикасност.
Надградете ја вашата дневна рутина за заштита од сонце со Ondo Beauty 36.5 Ceramides & Cica Protective Sun Cream SPF 50+ PA++++.
-
Ondo Beauty 36.5 Charcoal & Yuja Bubble Mask 25ml
220 денOndo Beauty 36.5 Charcoal & Yuja Bubble Mask е лист-маска за нежно чистење и осветлување на кожата.
Тоа е револуционерна маска за лице која комбинира длабинско чистење, осветлување и нежно ексфолирање. Инспирирана од корејскиот термин Pong-Pong, кој го симболизира освежувачкиот ефект на пукањето на меурчињата, оваа маска ви обезбедува искуство на нежно, но ефикасно чистење.
Клучни придобивки:
- Прави длабинско чистење. Црниот слој, направен од природни кокосови влакна со активен јаглен, ги апсорбира нечистотиите и го чисти себумот од порите.
- Нежно ексфолира. Комплексот од AHA и BHA киселини, вклучувајќи гликолна и салицилна киселина, ги отстранува мртвите клетки, откривајќи помазна и посвежа кожа.
- Ја осветлува кожата и го подобрува тенот. Збогатена со азиски јузу и валенциска мандарина, маската е богата со витамин Ц кој ја осветлува кожата и го изедначува тенот.
- Пружа антиоксидантна заштита. Екстрактите од амазонски Camu Camu и есенцијалните масла од бергамот, пачули и црвен кедар ја штитат кожата од слободните радикали.
- Има освежувачки мирис. Природната цитрусна и дрвенеста арома создава пријатно искуство за време на апликацијата.
Начин на употреба: Нанесете ја маската на чиста кожа на лицето. Оставете ја да делува 10-15 минути додека меурчињата нежно се формираат и чистат. Отстранете ја маската и измијте го лицето со млака вода за да ја завршите процедурата.
Совет: За оптимални резултати, користете ја еднаш неделно.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Charcoal & Yuja Bubble Mask?
- Добивате сеопфатна нега. Маската обезбедува длабинско чистење, хидратација, и освежување, сè во едно.
- Направена е од природни состојки. Направена од активен јаглен, природни влакна и растителни екстракти.
- Богата е со антиоксиданти. Витаминот Ц и есенцијалните масла ја ревитализираат кожата и ја прават блескава.
- Погодна е за сите типови кожа. Има лесна формула која не предизвикува иритации.
Состојки што прават разлика:
• Активниот јаглен длабински ги чисти порите и ја апсорбира нечистотијата.
• AHA и BHA киселините обезбедуваат хемиско ексфолирање за помазна кожа.
• Екстрактите од јузу и мандарина ја осветлуваат кожата и го изедначуваат тенот.
• Camu Camu е моќен извор на антиоксиданти и витамин Ц.
• Есенцијални масла создаваат релаксирачко искуство со природен ароматерапевтски ефект.Освежете ја и подмладете ја вашата кожа со Ondo Beauty 36.5 Charcoal & Yuja Bubble Mask.
-
Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask 25ml
220 денOndo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask е лист-маска за длабинска хидратација и блескав тен.
Откријте ја совршената нега за вашата кожа со Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask. Оваа биоразградлива лист-маска, инспирирана од корејскиот термин Chok-Chok, ја обезбедува вашата кожа со длабинска хидратација и природен сјај. Совршена за оние кои тежнеат кон корејскиот „glass-skin“ изглед.
Клучни придобивки:
- Пружа интензивна хидратација. Хијалуронската киселина ја задржува влагата, правејќи ја кожата еластична и мазна.
- Ја смирува и прочистува кожата. Водата од хамамелис (88% ) ја смирува иритацијата, ги чисти порите и го минимизира нивниот изглед.
- Комплекс од 8 морски растенија, вклучувајќи морски нарцис и екстракти од алги, ја исполнуваат кожата со есенцијални хранливи материи и влажност.
- Го изедначива и осветлува тенот. Ниацинамидот го спречува формирањето на темни дамки и го подобрува тенот.
- Акваксилот ја оптимизира хидратацијата, создавајќи заштитна бариера против дехидрацијата, со резултати видливи за само 8 часа.
Како да се користи: Нанесете ја маската на чисто лице, усогласувајќи ги отворите со очите и усните. Оставете ја да делува 10-15 минути. Отстранете ја маската и масирајте ја преостанатата есенција во кожата додека целосно не се апсорбира. Не плакнете. Маската може да се користи како подготовка за шминка, благодарение на нејзината способност да ја подобри текстурата на кожата.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask?
Клучни состојки:
• Водата од хамамелис (88%) ја смирува кожатата, ги чисти и минимизира порите.
• Хијалуронската киселина обезбедува длабинска и долготрајна хидратација.
• Комплексот од морски растенија ја храни кожата со минерали и витамини.
• Ниацинамидот ја осветлува кожата и го спречува создавањето на темни дамки.
• Aquaxyl е иновативен комплекс од природни шеќери кој делува како „штит“ за влагата во кожата, обезбедувајќи долготрајна 3D хидратација. Оваа состојка не само што веднаш ја врзува водата, туку и ја зајакнува кожната бариера преку стимулирање на синтезата на есенцијални липиди и керамиди. Со негова помош, кожата станува поотпорна на надворешни влијанија, се намалува лупењето и се измазнуваат фините линии предизвикани од дехидратација, оставајќи го тенот свеж, мек и видливо пополн.Оживејте ја вашата кожа со Ondo Beauty 36.5 Hyaluronic Acid & Algae Moisture Boosting Mask.
-
Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm 100g
1.690 денOndo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm е маслен балсам за нежно, но темелно чистење на кожата.
Откријте го Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm, вашето совршено решение за ефикасно и нежно отстранување на шминка и нечистотии. Формулиран со природни масла и моќни активни состојки, овој вегански балсам за чистење го подигнува вашето искуство за нега на кожата на ново ниво.
Клучни придобивки:
- Со својата уникатна формулација, балсамот ефикасно ја отстранува шминката и нечистотиите. Ги разградува дури и најупорните водоотпорни шминки, оставајќи ја кожата чиста и свежа.
- Направен е од природни активни состојки. Содржи папаин добиен од од папаја, богат со витамини А и Ц, кој обезбедува антиоксидантна заштита и и прави нежна ексфолијација..
- Ја користи моќта на киселините. Вклучува трета генерација на AHA и PHA киселини кои ја обновуваат кожата и ги отстрануваат мртвите клетки за порамномерен тен.
- Има луксузен природен мирис. Есенцијалните масла од морски орев, кедар и бергамот даваат пријатен, природен мирис што ја разгалува кожата.
- Има лесна и нелеплива текстура и не остава мрсни остатоци, што го прави идеален за употреба без дополнителни средства за чистење.
Начин на употреба: Користејќи ја лопатката, извадете мала количина балсам (околу една лажичка). Оставете го балсамот да се стопи на вашите прсти за неколку секунди. Нанесете го на сува кожа и нежно масирајте додека не се разгради целата шминка. За водоотпорна шминка, користете памучен диск или крпа за лице. Исплакнете го лицето со млака вода и уживајте во свежата и мека кожа.
Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm?
- Погоден е за сите типови кожа. Благодарение на балансираната формулација, овој балсам е погоден за чувствителна, комбинирана и масна кожа.
- Веган е и еколошки. Изработен од растителни масла балсамот е cruelty free и без штетни состојки за човекот и околината.
- Компактен е и стабилен дури и при промени во температурата и затоа може да го понесете со себе кога патувате.
- Богат е со природни состојки, кои вклучуваат азиски цитрус јузу и шеќерна трска, популарни состојки во корејската козметика, за дополнителен сјај.
Состојки што прават разлика:
• Папаинот добиен од папаја е моќен антиоксидант со ексфолирачки својства што ја обновува кожата.
• AHA и PHA киселините нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, подобрувајќи ја текстурата.
• Есенцијалните масла, како масло од морски орев, кедар и бергамот обезбедуваат хидратација и релаксација.Совет за складирање: Чувајте го балсамот на ладно и суво место, далеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате неговата ефикасност.
Подигнете го вашето искуство за чистење на лицето на ново ниво со Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm.
-
Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm 10g
490 денOndo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm е маслен балсам за нежно, но темелно чистење на кожата.
Откријте го Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm, вашето совршено решение за ефикасно и нежно отстранување на шминка и нечистотии. Формулиран со природни масла и моќни активни состојки, овој вегански балсам за чистење го подигнува вашето искуство за нега на кожата на ново ниво.
Клучни придобивки:
- Со својата уникатна формулација, балсамот ефикасно ја отстранува шминката и нечистотиите. Ги разградува дури и најупорните водоотпорни шминки, оставајќи ја кожата чиста и свежа.
- Направен е од природни активни состојки. Содржи папаин добиен од од папаја, богат со витамини А и Ц, кој обезбедува антиоксидантна заштита и и прави нежна ексфолијација.
- Ја користи моќта на киселините. Вклучува трета генерација на AHA и PHA киселини кои ја обновуваат кожата и ги отстрануваат мртвите клетки за порамномерен тен.
- Има луксузен природен мирис. Есенцијалните масла од морски орев, кедар и бергамот даваат пријатен, природен мирис што ја разгалува кожата.
- Има лесна и нелеплива текстура и не остава мрсни остатоци, што го прави идеален за употреба без дополнителни средства за чистење.
Начин на употреба: Користејќи ја лопатката, извадете мала количина балсам (околу една лажичка). Оставете го балсамот да се стопи на вашите прсти за неколку секунди. Нанесете го на сува кожа и нежно масирајте додека не се разгради целата шминка. За водоотпорна шминка, користете памучен диск или крпа за лице. Исплакнете го лицето со млака вода и уживајте во свежата и мека кожа.
Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm?
- Погоден е за сите типови кожа. Благодарение на балансираната формулација, овој балсам е погоден за чувствителна, комбинирана и масна кожа.
- Веган е и еколошки. Изработен од растителни масла балсамот е cruelty free и без штетни состојки за човекот и околината.
- Спакуван е во пакување со практична големина за патувања. Компактен е и стабилен дури и при промени во температурата.
- Богат е со природни состојки, кои вклучуваат азиски цитрус јузу и шеќерна трска, популарни состојки во корејската козметика, за дополнителен сјај.
Состојки што прават разлика:
• Папаинот добиен од папаја е моќен антиоксидант со ексфолирачки својства што ја обновува кожата.
• AHA и PHA киселините нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, подобрувајќи ја текстурата.
• Есенцијалните масла, како масло од морски орев, кедар и бергамот обезбедуваат хидратација и релаксација.Совет за складирање: Чувајте го балсамот на ладно и суво место, далеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате неговата ефикасност.
Подигнете го вашето искуство за чистење на лицето на ново ниво со Ondo Beauty 36.5 Multiacids & Papaya Melting Cleansing Balm.
-
Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum 15ml
1.790 денOndo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum е серум за совршена нега за пределот околу очите.
Тој ќе биде вашиот таен сојузник за свеж и младешки изглед и очи со одморен иглед. Овој иновативен серум е специјално дизајниран да ги таргетира најчестите проблеми околу очите како темни кругови, брчки и сувост, истовремено обезбедувајќи долготрајна хидратација и заштита.
Овој серум има напредна формула која ја комбинира моќта на чистиот ретинол со иновативниот SYN-AKE пептид (Dipeptide Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate), за двоен анти-ејџ ефект. Додека ретинолот работи на клеточно ниво за да ја забрза обновата на кожата и да ја подобри нејзината текстура, SYN-AKE делува како „нежен релаксатор“ на мимичките мускули, слично на ефектот на змискиот отров, со цел видливо да ги измазни фините линии и да спречи појава на нови брчки. Оваа синергија овозможува интензивно подмладување оставајќи ја кожата неверојатно мазна и затегната .
Клучни придобивки:
- Ги намалува брчките и фините линии благодарение на ниацинамидот, ретинолот и пептидите. Покрај тоа што ја измазнува кожата и ја подобрува нејзината цврстина и еластичност.
- Ги осветлува темните кругови. Екстрактот од зелен чај и витаминот Ц ја изедначуваат бојата на кожата и го намалуваат изгледот на темните кругови.
- Одржува долготрајна хидратација и спречува губење на влажноста. Комбинацијата од витамини А, Е и ниацинамид го зајакнува хидратантниот слој и ја обновува бариерата на кожата.
- Ја штити кожата од оксидативен стрес. Зелениот чај е природен антиоксидант што ја заштитува кожата од слободните радикали и предвремено стареење.
- Има нежна формула и лесната текстура која брзо се апсорбира без да ја иритира кожата, погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната.
Начин на употреба: Нанесете мала капка од серумот на пределот под очите. Со нежни движења, распределете тенок слој користејќи го домалиот прст. Почекајте целосно да се апсорбира пред да продолжите со следните чекори од вашата рутина. Поради содржината на ретинол, најдобро е да се користи навечер. Ако го користите преку ден, задолжително нанесете заштита од сонце (SPF).
Зошто да го одберете Ondo Beauty 36.5 Niacinаmide & Green Tea Eye Serum?
- Содржи исклучително ефикасни состојки во оптимална концентрација. Комбинацијата од природни екстракти и научно докажани активни состојки нуди брзи и видливи резултати.
- Истовремено таргетира неколку проблеми . Ги таргетира темните кругови, брчките и уморната кожа наеднаш.
- Има чиста формула и е погоден за сите типови кожа.
- Вегански е и cruelty free, без штетни состојки за човекот и околината.
Главни состојки:
• Ниацинамидот ја зајакнува бариерата на кожата и ја осветлува.
• Зелениот чај е природен антиоксидант кој ја смирува кожата и го намалува стресот предизвикан од слободните радикали.
• Витамините А, Ц и Е ја подобруваат еластичноста и нудат длабинска нега.
• Ретинолот поттикнува обновување на клетките и ја намалува видливоста на фините линии.
• Совршениот спој на Retinol за обнова на текстурата и Syn-Ake за релаксација на мускулите овозможува инстант измазнување на брчките и подмладување на кожата без иритации.Складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина за да ја зачувате ефикасноста на активните состојки.
Вратете ја свежината и младешкиот изглед на вашата кожа и одморниот изглед на очите со Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum.
-
Ondo Beauty 36.5 PHA & Saponaria Purifying Foaming Facial Cleanser 150ml
1.190 денOndo Beauty 36.5 PHA & Saponaria Purifying Foaming Facial Cleanser е пенлив клензер за нежно, но ефикасно чистење на кожата.
Започнете го патот кон блескава и здрава кожа со Ondo Beauty 36.5 PHA & Saponaria Purifying Foaming Cleanser. Овој секојдневен чистач со текстура на лесна пена е дизајниран за длабинско, но нежно чистењеи ја остава кожата освежена, мека и балансирана.
Клучни придобивки:
- Прави нежна ексфолијација. Содржи PHA киселини кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата без иритации, правејќи ја кожата мазна и свиленкаста.
- Темелно ги чисти нечистотиите од површината на кожата и порите, додека ѝ пружа заштита. Водата од цвет на синчец и екстрактот од лист на јагода, богати со антиоксиданти, ја заштитуваат кожата од слободни радикали и ја подобруваат нејзината текстура.
- За поголема хидратација и свежина по чистењето сапoнаријата делува како природен чистач, не ја суши кожата и обезбедува долготрајна свежина.
- Со текстура на микромеури, пената длабински ги отстранува нечистотиите и остатоците од шминка, додека ја одржува кожата хидрирана.
Начин на употреба: Навлажнете го лицето со млака вода.
Нанесете мала количина од пената на дланките и нежно масирајте ја на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите. Темелно исплакнете со млака вода. Користете го двапати дневно, наутро и навечер, за најдобри резултати.Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 PHA & Saponaria Purifying Foaming Cleanser?
- Нежен е и соодветен за сите типови кожа. Благодарение на PHA киселините, овој чистач е погоден за чувствителна кожа и секојдневна употреба.
- Ефективен е и природен. Формулацијата комбинира ефикасност и природни состојки, обезбедувајќи балансирано чистење.
- Производот е cruelty free и вегански. Производот е еколошки и не содржи штетни состојки, погоден за совесна нега на кожа и не испушта состојки штетни за околината.
Клучни состојки:
• PHA киселините обезбедуваат нежно ексфолирање и обновување на кожата.
• Екстрактот од синчец е богат со антиоксиданти кои ја штитат и смируваат кожата.
• Екстракт од лист на јагода е исто така природен антиоксидант.
• Сапонаријата е природен прочистувач кој нежно ја отстранува нечистотијата без да ја суши кожата.Совет за најдобри резултати: Комбинирајте го со другите производи од Ondo Beauty 36.5 за целосна рутина за нега на кожата.
Ослободете ја вашата кожа од нечистотии со Ondo Beauty 36.5 PHA & Saponaria Purifying Foaming Facial Cleanser.
-
Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask 50ml
1.570 денOndo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask е маска за нежно, но длабинско чистење на порите.
Започнете ја вашата рутина за прочистување на кожата со Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask, маска на база на глина која обезбедува длабинско чистење, минимизирање на црнките и нежно ексфолирање. Инспирирана од корејскиот термин Bbo-Song, кој го означува сјајот на кожата по чистење, оваа маска видливо ќе ја трансформира вашата кожа.
Клучни придобивки:
- Длабински ја чисти кожата. Содржи розова глина и вулкански пепел од островот Jeju, кои ги отстрануваат нечистотиите и го регулираат вишокот себум.
- Го намалува црвенилото. Каламинот е природен минерален комплекс од цинк и железен оксид кој помага во смирување и намалување на воспаленијата.
- Ексфолира без иритација. Комбинацијата од PHA и BHA киселини ги отстранува мртвите клетки од кожата, правејќи ја мазна и префинета.
- Регенерира, поттикнувајќи обновување на клетките за порамномерен и свеж тен.
- Има антивоспалителни својства. Со 32% вода од дамаска роза, маската ја осветлува кожата и ја прави нежна и сјајна.
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од маската на чиста кожа на лицето, вратот, деколтето или дури и на грбот, доколку е потребно. Оставете ја маската да делува 5-10 минути. Исплакнете ја со млака вода и нежно исушете ја кожата. Користете ја еднаш неделно за најдобри резултати.
Совет: По употребата на маската, задолжително нанесете крем со заштитен фактор (SPF) за да ја заштитите кожата од сонце. Ако ја користите навечер, користете крем со SPF наредниот ден.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask?
- Заради нејзината нежна и ефективна формула погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната.
- Направена е од природни состојки. Розовата глина, вулканскиот пепел и каламинот обезбедуваат природна нега и заштита на кожата.
- Помага за постигнување сјајна и здрава кожа. Поттикнува природна регенерација и го подобрува тенот.
- Веган е, без тестирање на животни и без суровост кон животните.
Клучни состојки:
• Розовата глина нежно ја чисти и ја апсорбира нечистотијата.
• Водата од дамаска розова вода освежува и ја смирува кожата со своите антивоспалителни својства.
• PHA и BHA киселиниите се хемиски ексфолијанти кои ја подобруваат текстурата на кожата.
• Вулканскиот пепел помага во контрола на себумот и длабинско чистење.
• Каламинот го намалува црвенилото и воспаленијата.Нека вашата кожа блеска со Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask.
-
Ondo Beauty 36.5 Probiotics & Cica Water Soothing Mask 25ml
220 денOndo Beauty 36.5 Probiotics & Cica Water Soothing Mask е лист-маска за смирувачка и обновувачка нега за кожата.
Откријте го чувството на нега и заштита со Ondo Beauty 36.5 Probiotics & Cica Water Soothing Mask, лист-маска што нуди интензивно смирување и обнова на кожата. Инспирирана од корејскиот термин To-Dak, што го симболизира чувството на нежност и заштита, оваа биоразградлива маска е идеална за чувствителна и оштетена кожа.
Клучни придобивки
- Пружа смирување и заздравување благодарение на 82% вода од Centella Asiatica. Маската ја подобрува регенерацијата на кожата, помага во заздравување на лузни и ја враќа природната бариера на кожата.
- Ја обновува и храни кожата. Комплексот од 5 пробиотици ги снабдува клетките со есенцијални хранливи материи, зајакнувајќи ја кожата.
- Го подобрува тенот и пружа заштита. Ниацинамидот ја смирува кожата, го изедначува тенот и спречува појава на темни дамки.
- Има освежувачки мирис. Природното есенцијално масло од портокал создава пријатно и релаксирачко искуство за време на употреба.
Начин на употреба: Нанесете ја маската на чисто и суво лице, усогласувајќи ги отворите со очите и усните. Оставете ја да делува 10-15 минути. Отстранете ја маската и масирајте ја преостанатата есенција додека кожата целосно не ја впие. Не плакнете. За дополнителен освежувачки ефект, ставете ја маската во фрижидер 10 минути пред употреба.
Зошто да ја одберете Ondo Beauty 36.5 Probiotics & Cica Water Soothing Mask?
- Пружа сеопфатна нега. Смирува, хидрира и регенерира, правејќи ја кожата здрава и мазна.
- Има природна формула и биоразградлива ткаенина. Природните состојки кои ги содржи се безбедни за кожата и околината.
- Идеална е за чувствителна кожа. Дизајнирана е за да ги намали црвенилото и иритациите и погодна за сите типови кожа.
- Пружа антиоксидантна заштита. Есенцијалните масла и активните состојки ја штитат кожата од надворешните предизвикувачи на стрес.
Клучни состојки
• Водата од азиска центела (82%) има смирувачки и регенерирачки ефект, помага во заздравување на оштетувањата.
• Пробиотиците (комплекс од 5 пробитици) поттикнуваат обнова на кожата и ја зајакнуваат нејзината бариера.
• Ниацинамидот ја осветлува кожата, го изедначува тенот и ја заштитува од темни дамки.
• Природното есенцијално масло од портокал обезбедува пријатен мирис и освежувачко искуство.Подарете ѝ на вашата кожа смирувачка и обновувачка нега со Ondo Beauty 36.5 Probiotics & Cica Water Soothing Mask.
-
Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment 50ml
2.100 денOndo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment e моќен антиејџ крем.
Надградете ја вашата рутина за нега на кожа со Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment, луксузен крем специјално формулиран за лице, врат и деколте. Овој напреден третман ефикасно се справува со хидратацијата, еластичноста, фините линии и хиперпигментацијата и обезбедува младешки и свеж изглед на кожата.
Клучни придобивки:
- Ја подобрува цврстината и еластичноста на кожата. Збогатен е со 2% пептиден комплекс кој го поттикнува производството на колаген и еластина.
- Содржи 0.05% ретинол, познат по својата способност да го обновува колагенот и да ја мазни кожата.
- Пружа интензивно навлажнување благодарение на 3% шиа путери ја остава кожата мека и нахранета.
- Го изедначува тенот благодарение на комбинацијата од ниацинамид и екстракт од женшен. Ја осветлува кожата и ги намалува темните дамки.
- Пружа антиоксидантна заштита. Екстрактот од женшен ја штити кожата од слободните радикали и надворешните штетни влијанија.
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од кремот на чисто лице, врат и деколте како дел од вечерната рутина. Користете го 1-2 пати неделно и постепено зголемувајте ја фреквенцијата додека кожата не се адаптира. Потоа може да го користите секоја вечер.
- Совет за заштита од сонце: Поради содржината на ретинол, задолжително нанесете заштита од сонце во текот на денот за да ја заштитите кожата од UV зраците.
- Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment?
- Пружа сеопфатна антиејџ нега бидејќи е дизајниран да се справи со сите аспекти на стареењето, од дехидрација и недостаток на еластичност до хиперпигментација и брчки.
- Нежен е за кожата, дерматолошки тестиран и погоден за чувствителна кожа.
- Направен е од природни состојки, со минимално присуство на мириси. Формулата е базирана на есенцијални масла за пријатно искуство.
Состојки што прават разлика:
• Ретинолот (0.05%) ја стимулира регенерацијата на клетките и го подобрува изгледот на кожата.
• Пептидниот комплекс (2%) ги намалува видливите знаци на стареење и ги измазнува брчките и фините линии.
• Ниацинамидот го изедначува тенот и ја зајакнува кожната бариера.
• Екстракт од женшен е природен антиоксидант што ја заштитува кожата од оштетувања.Совет за складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате ефикасноста на активните состојки.
Откријте ја тајната на младешката кожа со антиејџ негата со Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment.
-
Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack 80ml
1.690 денOndo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack е нежна ноќна маска за ревитализација на кожата во текот на ноќта додека спиете.
Откријте ја моќта на Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack, револуционерна ноќна маска со гел текстура, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ги намалува знаците на стареење. Ваша кожа ќе биде сочна, мазна и освежена уште од првото утро. Инспирирана од JJon-JJon, корејски термин што опишува цврста и мазна кожа, маската ја враќа природната еластичност и полност на кожата.
Клучни придобивки:
- Пружа анти-ејџ нега. Збогатена со бакучиол, природна и веганска алтернатива на ретинол, оваа ноќна маска ја намалува појавата на брчки и фини линии без иритација.
- Длабински ја хидрира кожата. Со пет пати поголема концентрација на хијалуронска киселина, маската обезбедува интензивна хидратација за здрава, сјајна кожа.
- Дава антиоксидантна заштита. Витамините Е и Ц ја штитат кожата од оксидативен стрес и ја ревитализираат кожата.
- Безбедна е за сите типови кожа бидејќи има нежна формула која е погодна за чувствителна кожа и безбедна за употреба за време на бременоста.
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од маската на чисто и суво лице како последен чекор од вашата вечерна рутина.
Оставете ја маската да делува преку ноќ – нема потреба од миење. Исплакнете го лицето наутро и уживајте во ревитализираниот изглед.Совет: Користете ја маската 2-3 пати неделно или по потреба за дополнителна хидратација и нега.
Совет за дополнителен ефект: Чувајте ја маската во фрижидер за дополнителен разладувачки ефект.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack?
- Направена е од природни состојки. Бакучиолот е нежна и ефикасна замена за ретинолот која помага во намалување на брчките и неправилностите, а скваланот ја зајакнува кожната бариера.
- Пружа искуство на луксуз. Желатинската текстура на маската лесно се нанесува, создавајќи чувство на луксузна нега.
- Има мултифункционална формула наменета за хидратација, заштита и ревитализација на кожата, сè во еден производ.
- Производот е cruelty free и веган. Тоа е производ кое е пријателски со вашата кожа и планетата.
Клучни состојки:
• Бакучиолот е природна анти-ејџ состојка која ја стимулира регенерацијата на клетките.
• Хијалуронската киселина е моќна хидратантна состојка кој ја задржува влагата и ја измазнува кожата.
• Скваланот го зајакнува заштитниот слој на кожата и ја подобрува текстурата.
• Витамините Е и Ц обезбедуваат антиоксидантна заштита и изедначен тен.Препуштете ѝ се на ревитализирачката нега со Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack.
-
Ondo Beauty 36.5 Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment 30ml
1.490 денOndo Beauty 36.5 Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment е крем кој дава решение за темни дамки и хиперпигментација.
Со него ќе постигнете изедначен и блескав тен, бидејќи е специјално формулиран за третман за темни дамки и хиперпигментација. Оваа напредна формула, збогатена со моќни состојки кои се борат со хиперпигментацијата, ефикасно таргетира старечките флеки, флеките од акни или прекумерна изложеност на сонце.
Клучни придобивки:
- Ја намалува хиперпигментацијата благодарение на 2.2% трансексаминска киселина, која го регулира производството на меланин и спречува развој на нови дамки.
- Ја осветлува кожата со комбинацијата од 3.8% ниацинамид и 3.5% арбутин и помага во намалување на темните дамки.
- Ја смирува кожата со 0.5% бисаболол и екстракт од сладок корен и го намалува воспалението.
- Има мултифункционална примена. Идеален е за лице, врат, деколте и дланки, дури и г зарб и раце.
- Има лесна текстура на емулзија која лесно се апсорбира и е совршен за мрсна и комбинирана кожа.
Начин на употреба: Може да сее траргетираат специфични делови на кожата. Се нанесува мала количина директно на темните дамки или хиперпигментираните зони. По потреба, може да се нанесе на целото лице или други засегнати делови од телото. За најдобри резултати, се користи два пати дневно, наутро и навечер.
Совет за заштита од сонце: Во текот на денот, задолжително користете крем со заштитен фактор (SPF) за да спречите дополнителни оштетувања на кожата.
Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment?
- Моќната формула со 10% активни состојки кои се борат со хиперпигментацијата, овој третман ги таргетира сите фази на создавање на темните дамки.
- Безбеден е за употреба. Има формула која е компатибилна со повеќето други производи за нега на кожа.
- Направен е од природни состојки. Екстрактот од сладок корен и бисабололот ја штитат и ја смируваат кожата.
- Вегански е и cruelty free, без штетни состојки за човекот и околината.
Состојки што прават разлика
• Трансексамичната киселина (2.2%) ја намалува хипер пигментацијата и спречува појава на нови темни дамки.
• Ниацинамидот (3.8%) ја осветлува кожата и го зајакнува нејзиниот бариерен слој.
• Арбутинот (3.5%) е природна состојка која делува на намалување на хиперпигментацијата и осветлување на тенот.
• Бисабололот (0.5%) го смирува воспалението и ја намалува иритацијата.
• Екстрактот од сладок корен е антиоксидант кој го изедначува тенот на кожата.Совет за складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате неговата ефикасност.
Откријте ја моќта на Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment од Ondo Beauty 36.5 и постигнете изедначен и младешки изглед на вашата кожа.